Ми беа испукани, мачкав ланолин на медела и се среди. Сега само на повлекување малку боли на почеток. Левата незнам пак боли и на таа цица ама потешко ја извлекува. Не го оставам фазла од 20мин. Дали не го местам добро. Ама нема рани, само поосетлива. Незнам друго нешто за мачкање. На левата и после цицање кога надоаѓа млеко ме боли ме жежи
Истото се случуваше и кај мене. Двете ми се направија со ранички на почетокот. Мачкав ланолин и на десната ми помина побрзо а на левата подолго ми стоеше рсничката но јас бев упорна и нон стоп и давав да цица, многу болеше стискав заби кога фаќаше но за некое време помина и сега немам проблем. Левата града ми беше поголема од десната и многу повеќе млеко надоаѓа во неа и затоа неможеше да ја извлече пупката убаво. Мислам дека треба да цица и од таа, знам дека боли ама издржи и после ќе биде полесно. Мене ме мачи друг проблем, добив циклус од синоќа а бебе е 2 месеци. Дали се менува млекото, количината? Сакам да продолжам да ја дојам. А последниве три дена е нервозна, кенка, одбива да цица се тегне штом и понудам, ептен кога ја намолам тогаш фаќа и се нацицува убаво. А кога е сонлива нема проблем си цица. Дали е можно да е ова поврзано со добивањево?
Јас не забележав промени во однесување кога добивам. Си цица нормално. Ама, имам читано дека некои деца, заради хормоните на мајката, одбиваат да цицаат тој период. Твое е да не се откажуваш од доење. Млекото ти е исто како и претходно. Одговорно тврдам дека млекото и понатаму е здраво, не е 'покварено', да знаеш ако некој ти каже дека не треба да доиш затоа што си добила. Добив после 8 месеци а синко е 10+ и активно цица. @Fallen.Angel зошто мериш колку време цица? Некои се ефикасни цицачи и за 5 минути се најадени. Синко кога е гладен цица максимум 10 минути. Кога сака да се мази и 30 минути трае еден подој, ама прашање е колку од тоа време тој ефикасно цица и голта. Јас сметам дека на бебе не треба да му се крати цицка. Нека цица колку сака и кога сака. Нека се мази, знаеш ли ти колку љубовн е тоа? Го тргам само ако ме гризе, а сите други подои он ги диригира. Ни ноќе не планирам да му кратам подои. Не сакам да го учам синко на ред затоа што е бебе. Има 10 месеци и не му треба тренинг, му треба љубов. Откако ке станеш мајка за тебе нема одмор. Кога ке порасне ке одмараш. Ти велевме одмарај додека е во стомак, ти не веруваше и сакаше побрзо да излезе. Еве зошто велевме уживај додека си сама. Колку и да е љубовта бескрајна, мајчинството е напорна работа. Се е напорно. Прво, ти си му се на тоа бебе и треба да му угодиш нему. После да одмориш ти, а на крај домот да го ставиш во некаков ред. Јас имав огромна помош на почеток, сеуште имам од маж ми, ама бабите влегуваат во игра само по потреба. Синко го растеме јас и маж ми. Сепак, колку и да имаш помош од страна, многу често, бебето ке те бара баш тебе. Ти и само ти ке можеш да го смириш. Доењето е прекрасна работа. Цицката, освен што е храна, исто е и топлина, близина, нежност, утеха. Љубов за него е цицката. Стисни заби затоа што допрва ке биде напорно. Непреспиени ноќи ке се редат една по друга, хормоните ке лудуваат, болка од царскиот нема да ја снема за брзо, па ти следуваат скокови со неспиење, плачење, одбивање цицка. Не смееш сега да се откажеш, имаш уште многу предизвици.
И мене ме болеше околу 2 недели, и среќа уште од болница почнав ланолин да ставам, оти ко шо висеше 20 саати во болница немаше со брадавици дома да си стасам. Чим се смирило супер, пак мачкај си ги,а тоа шо те жеже и понатаму ќе биде така. Со лесноо Вие како сте
Супер Си шеткаме преку ден, навечер почна да спие по повеќее саати и сабајле во 5.30 се будам мокра цела, оно ми течело млекото од градите оти од 10 синоќа како заспа до 5 не ми се разбуди па ја чешкав да се малку подразбуди и и ја пикнав едната града и почна да си пие и ем спие Ама ова со градиве прв пат да ми истече млеко, ПРВ пат Иначе на домашна вага мерена има ставена 500 гр од последното мерење кај педијатар ко бевме, пред 10 дена
Машала бравооо Кај мене не е мерена појма немам колку е . Иначе млекото навечер може да ти тече на пример 2 дена по ред ако цицала кај 12, а наредната ден не станала продолжила и се преполниле градите. Мене така ми се дешава,ако ми стане неколку ноќи по ред и цица, и после една вечер да не стане , сабајлето ми тече Уживајте на море , ние сакавме ваа година ама јок, тадури наредната.
Да, да, така беше ти викам, цицаше кај 10 саатот вечерта и заспа и јас кај 12 негде си легнав и сме спиеле до 5 сабајле, се будам случајно гледам саатот колку е, градите камен тврди и тежат, а она спие ли спие и да и дадам во сон града ко да видам мокро утоп аууу викам зар е можно да ми течело млеко, да сум се испотила во спиење не сум оти едната кај града само имаше мокро и викам млеко е сигурно, прв пат вака да ни се деси, а она овие денови не се буди многу ноќта и гледам спие пивеќе, а што да правам јас со млекото? Не можам да станувам да ппумпам, ми се спиее
Имам многу линкови низ темите поставено, ама би ги издвоила сајтовите на следните IBCLCs: https://ibconline.ca/ http://www.nancymohrbacher.com/ https://kellymom.com/ https://themilkmeg.com/ https://www.llli.org/ За другите прашања ќе пишам дополнително текст од аспект на транзиција бременост, породување, до акцент на доењето и што сѐ може да направите за да осигурате успешно доење, што е всушност извадок од стручна литература за доење исто од експертите кои се наведени тука во линковите. Од адаптирано млеко бебето секогаш спие подолго. Нека не ве обесхрабрува тој момент демек - пие АД и спие а од мајчино плаче па затоа сигурно е гладно. Формулата многу потешко се преработува од мајчиното млеко и затоа ги држи бебињата подолго време сити. Мајчиното млеко побрзо се преработува во организмот на бебето. Која количина на млеко ја имаш не може никој да ти каже. На сајтот погоре наведен (првиот) има видео како изгледа бебе кое цица добро а како изгледа бебе кое цица на празно. Баш тие паузи со вилицата укажуваат дека бебето голта и има млеко, додека цело време мрдање со устата значи дека не му доаѓа млеко. Најдобро се гледа преку напредокот на бебето. Ама за тоа треба многу трпение и многу посветено време со цицката во устата на бебето. Новороденче знае да цица скоро нон стоп, така да нека не те чуди сето тоа. Друг совет околу свекрвата: кога ќе дојде време за доење оди си во спална. Готово. Нема таа што да гледа и да се уверува. Кажи дека бебето сака мир и тишина или на крај кажи дека тебе ти е комотно да го доиш во мир и тишина, и замини си во спална. И крај. Повели детално објаснување околу мрсно и водлесто млеко - имено заклучокот е дека доколку бебето има 24/7 достапност на градите и самото диктира кога е готово со подој и му се нудат две гради на подој (му се нудат што не значи дека ќе ги прифати!) тогаш нема никаков проблем околу недобивање на мрсно млеко. http://www.nancymohrbacher.com/articles/2010/6/27/worries-about-foremilk-and-hindmilk.html @Dikinzi чисто како инфо, мислам дека мрноста на човечкото млеко варира и знае да е поголема од 3.5%... Бебе е. Ќе плаче цело време, ќе цица цело време. Нема одземање многу време.. ти го одзема целото време. Намести се во добра комотна позиција, пушти си тв филмче или нешто, до тебе течности обавезно, и бебе на цицка. Така се прави. Твојата обврска е бебето. Ако сакаш да доиш треба да знаеш дека за многу од нас почетокот значел жртва во поглед на време, нерви и сон. А на свекрва ти клуч на врата. Сериозно. Не си троши време на нервози. Ова време со твоето бебе никој нема да ти го врати. Тоа да ти биде јасно. И те прочитав дека те боли доењето. Или некоја друга беше. Запамтете, доењето не треба да боли. Менувајте позиција ако ве боли. Не знам колку млеко имаш, но треба да запнеш сега да ти стимулира гради бебето, што побрзо, тоа подобро.
@Kaetana уште пред некое време сакав да кажам мое искуство. Многу често син ми цица само од една града. Значи се нацицува и заспива. Кога ке ги споредам едната полна и тешка а другата испразнета сосема. На нареден подој веднаш ја нудам полната страна, таа празната не затоа што синко знае да се изнервира и да почне со драми и плачење оа воопшто да не сака да цица, па да го молам од ново. Затоа полна града од старт нудам. До сега немал проблем со качување килажа, и покрај скокот во 4 месец качи 800 грама. Сега читам дека деца кои добиваат цицка кога ке посакаат немаат проблем со масно и водено млеко. Синко го потврдува тоа. Доењето генерално значи целосна посветеност. Синко веќе не сака шише. Значи јас како и да вртам имам 4 часа максимум. Морам да сум дома пред да заспие. Да е на ад шише ке му даде и маж ми или баба му. Плус, мора да пазиш на исхрана. Нема алкохол. Нема цигари.
Читам неколку дена уназад и се замислив, на повеќето мајки им е тешко и напорно дека малите треба да цицат цело време, дека нема сон, нема време за ништо, па што ќе ви е тоа време, каде ќе одите кога најголемото богататво е до вас, минувате низ мигови кои се неповторливи и ќе останат само во сеќавање.. јас да ви кажам дека уживам со моето малечко, уште во болница, породена сум со царски и тоа во раните утрински часови иако бев отворена 9цм сепак завршивме на итна операција но зборот ми беше иако неспиена воопшто само што излегов од интензивна ги напнав сестрите да ми ја донесат, и да немаше поминато ни 3 часа од операцијата јас ја имав во прегратките и ја доев, не спиев воопшто, кога и да заплачеше не дозволував да и дадат дохрана и покрај тоа што ме убедуваа да ја спијам ноќта наутро ќе ми ја носат, не се согласив секогаш бев на располагање.. може се прашувате кому му е гајле за ова но целта ми е да ве охрабрам и да сфатите навреме дека доколку имате млеко уживајте и гушкајте се, бидете благодарни затоа што многу е тешко кога немаш и мора да даваш ад, ми се намали или не и достигнуваше давав ад и плачев претешко ми беше но не сакав да биде гладна еве после недела дена повторно сме само на цице. Ве поздравувам сите мамички и УЖИВАЈТЕ, време ќе има но малите ќе пораснат наеднаш
Во одност на доењето сакам да прашам,бебето цица на еден подој од двете гради додека не се постигне лактација или постојано се прави така?
Моево е 6мес. и цица од двете на еден подој. Ама и цица поретко па веројатно му треба количински повеќе.
До кај 2 месеци ние така цицавме. И подолго временски , па ваљда не му стигаше од една. После тоа почна за 10 минути да се нацицува, немаше логика на 2 гради.
Се самоцитирам за да дополнам, може требаше да напишам дека имам големо бебе, 73цм/11кг, со уште поголем апетит. Така што веројатно секое бебе различно. Со тек на време научуваме да препознаеме дали им е доста или не, а и пелените покажуваат.
Моето е 3+ исто некако многу брзо ми цица, ама јас на често му давам цицање бидејќи денските дремки не му се поголеми од 45мин и јас после секое станување цице му давам.... Распознавањето кога му е доста го разбирам кога ќе почне да си игра со градата, единсвена мака ми е што не знам дали до крај ја исцицува градата затоа што моите грди се меки и не знам дали скројз ја исцицал.
Ова да може и мене некој да ми го каже би било супер. Ја осеќам полесна градата ама не знам дали исцицал до крај.