Па исфрлив целулоза од исхрана зашто грчеви многу му прави и сега како што ќе приметам дека нешто му смета прекинувам да го јадам. Се надевам овие грчеви ќе завршат скоро, трауми имам од тоа плачење.
Никој не ти суди мила, да можам да ти помогнам радо би верувај..мораш да имаш верба во себе, а не да се самокритикуваш. Ти си за него најбитна, и тоа за тебе,и дечиња на АД се здрави и среќни дечиња..само немој да почнеш доењето да го гледаш како малтретирање. Еве од утре речи си ..ќе го ставам на града онака опуштено па ако фане фане..ако не има адаптирано. Гушкајте се уживајте, најубавите моменти се тоа. Ти пишав ЛП, не си видела излеа.
Мами ако бебето плаче не значи дека е гладно, ако пие ад и заспива исто така не мора да значи дека било гладно, тоа млеко поинаку ги заситува и затоа заспиваат и спијат долго. Мислам дека и на прејадено бебе да му дадеш шише ад пак ќе го пие. Цицалчиња се, тоа им е таков некој “рефлекс“, плус од шише тече лесно и без престан па зошто да не. Викаш три саати ти било на града, можеби се уморило и тоа, може нешто друго му било маката, грчеви, меше... Во врска со пелените, прати помочани, моето бебе откако е родено какаше еднаш на неколку дена, првите месец два еднаш неделно. Како што ти кажаа друите членки, многу течности, ако не можеш само вода, земи сок од јаболка. И јади! Може не е тоа многу битно за млекото, ама е за твојата енергија. Моево е 6м+ па јас уште јадам количински повеќе од порано, се осеќам како да ме цеди со цицањето и ми треба повеќе храна. На крај да, твое е дали ќе доиш или не, важно е бебето да е најадено, и без осуда. Само знаеш, штета е при млеко да не цица. Гледај барем неколку подои да задржиш, одмолзувај се... Ама сепак ти одлучуваш.
Не знам стварно дали е од мојата исхрана ама веќе не сум паметна што да направам. Сменив и капки има подобрување ама не којзнае колку. Мислев дека барем сега на почеток спијат повеќе и дека ноќеска само за цицање ќе се буди. Он до душа си спие кај мене во раце додека цица, јас сум толку уморна што повеќето ноќи не ги памтам
Ох мила, пред 5 мин ги вртев сликите, ги бришев оти немам меморија, само да знаеш шо се сум заборавила..времето лета, на колку моменти не се сеќавам. Ми се имашендешавано да се мислам дали сум станала, кога сум легнала..како пијана да сум била А исхраната и те како има удел, кај мене плачеше од грав, леќа, зелка и заборавив уште што..арно си тераш, а тие грчевите ќе се смират со тек на време , собери сила ќе ти треба
Има ноќи кога немам сила да станам и го дојам и така и некако не ми е баш згодно. Со градата му го затнувам носето и страв ми е да не го загушам. А и секако морам да потстанам капки да му дадам иначе сум на*бала наредните неколку саати.
Најубав и најпозитивен пост што сум го причитала на оваа тема. Со други зборови, сета смисла на темата во неколку реченици.
Ke probuvas denje pozicii kou ti odgovaraat.ako non stop go stanuvas koga spie normalno deka ke bide nervozno. (I jas bi bila). Moeto spie cela vecer,ne se ni budi za cicanje,samo mrda so glavceto,i davam da cica i spieme vo kontinuitet do sabajle.
@Fallen.Angel душо , нема ние овде што да те осудуваме. На почетокот додека се воспостави лактација е тешко , ама мораш пред се да пиеш многу течности. Пиј сок од јаболка , чај Лактамикс , многу вода. Особено сокот од јаболка многу ми помагаше. И со првото и со второто дете сега ми беше болно кога цицаа првиот месец , мачкав постојано ланолин , сега (малата е веќе 9 месеци) немам никаков проблем со доењето. Колку повеќе го доиш , толку повеќе се создава млеко. Бебето цица колку што му е доволно, штом мочка немаш гајле. Второто дете до кај 5 месеци пред да поченеме со цврста храна какаше на 4 дена , баш ако прочиташ се жалев назад во темава зошто не кака. И ако плаче не значи дека е гладно , бебињата сакаат гушкање , галење на почеток ептен , само доколку сакаш да доиш мора да си ептен упорна. Ок е и АД млекото , ама штом имаш млекце штета е да прекинеш
Не се секирај за какањето. Бебиња на цицање исклучиво и по 10 дена не какаат, едноставно се искористува целото мајчино млеко. Сакам да кажам да не се загрижуваш дека ако само го цицаш и помалку кака дека е гладен.
Ние со цуцлата лажачка си направивме проблем-наместонда е смирен, да едно време е, ама цел ден ја цуца како да нема видено, не спие преку ден, таа му паѓа насекое пансе нервира и пишти, па некој треба да му ја држи, се црвенее од нервоза и кога му давам да цица не сака, нешто се збунува и ја бара цуцлата. После пишти па не сака ни цуцла ни цице. И кога веќе е пре прњ преморен, зема цице и одма заспивс. Хаос е. Сега еве веќе втор ден се трудам да не давам цуцла. На страната од систина а и на други читав дека и цуцла лажачка може да е причина за нецицање. Некогаш се случува да циица и пак плачи (ради гасови) и тогаш го шетам низ соба , го нишам дури не се смири и не посака само да цица...
Да ве прашам : Зошто додека цица од едната града, од другата ми тече млеко ама многу? Целата мокра се правам. Моментот кога ја пушта градата и оваа прекинува да тече? Да се измолзувам или така уште повеќе млеко ќе надојде?
Така е нормално мила, коа надоаѓа млекото е така. И мене ми тече, дома коа сум ставам тетра ,за по гости имам влошки за гради. Не ,немаш потреба од одмолзување
Плачот не е знак дека е гладен. Можеби му е топло. Можеби само сака близина. Можеби има грчеви. Колку мочани пелени дневно има? Некои деца на доење и до 10 дена не какаат. Не сме тука да те растргнеме, туку да ти помогнеме успешно да доиш. Ако не сакаш да доиш, ако ти е напорно и ако мислиш дека ад е полесна опција тогаш ке престанеме со советите. Само имај на ум дека бебето и покрај ад ке плаче. Има плачливи бебиња. Зависи каква среќа имаш.
Ке ти надојде повеќе млеко. Молзи само ако имаш огромен притисок и грутки. И во тој случај молзи колку да ти олесни. Купи си влошки, спас се. Јас менував после секој подој. Со тек на време ке се нормализира и нема да тече толку. Ама ке тече, мене ден денеска ми тече.
И меене исто, лом се правам а и него го правам кога ќе се тргни од града на почетокот кога е најсилно. Од двете течи, особено ко ќе е надојдено и се тврди
ние пак сме на доење ама многу малку цица по 5-10 минути и после почнува да плачи па пак молзам и давам од шише оти е гладен..аман веќе ред неможам да фатам...А за течењето од града кај мене течи и кога цица и кога молзам а некогаш и така во седење ако спие подолго почнува да ме пецка и оп мокра цела..