Фала ти за одговорот. Јас читав и гледав емисии уште во бременоста, но теорија некако не ми се поклопува со пракса! Обидувајќи се уште во болница да го поставувам, ми се лизгаше од града и ми се направија црвенила и надразнетост, што солзи ми течеа од очите на секое влечење. Затоа зедов силиконска, гледам подобро ни оди со нејзе. Некако и по логика си реков, кога ќе се навикне на силиконот па и шише да би додавала барем ноќе, може нема да се одбие од цицање дека исти материјал имаат цуцлата и вештачката брадавица. Да решив така најдобро, почесто на града, броење пелени, и мерење на вага, па да видиме. А колку мочкани и какани пелени се нормални за еден ден?
Кога ќе се лизне од града доаѓа до "плиток фат" со кој бебето не стимулира града и само ги оштетува брадавиците. Кога ќе осетиш дека се лизнало, прекини подој и коригирај фат. Што повеќе ткиво во устста, како на линковите што ги пратив. Материјалот на силиконската и шишето се ок, но начинот на кој тече од шише и града се различни - од таму ризик ако даваш шише. Се работи за која количина во колку време. Плус ако имаш проблем со плиток фат, шишето може само да предизвика уште толку проблеми. Гледај да избегнеш. Ако треба да се даде дохрана, подобро со други методи (шприц, чаша, лактациски сет). Но дохрана од ракав, не. Во консултација со педијатар, т.е. пре би рекла во консултација со лактациски консултант. Повели инфо за пелените: https://themilkmeg.com/how-to-monitor-your-babys-growth-wellbeing-and-breastfeeding-in-isolation/
Фала многу за одговорот. Мачкам ланолин и малку омекнаа брадавиците, сеуште боли, но не целокупното доење туку кај што бебе фаќа и влече. Мислам дека се привикнав на болката! Пробувам да му ја наместам устата ко на рибичка и така да влече, но ми се лизга... Сто пати им реков во болницата дека ми изгледа жолт, и очињата му се такви, но немало простор за грижа, во рамки на нормала биле вредностите. Опасна ли е жолтицата, како да ја третирам? Смеам ли волку мало бебе (4 дена е) да изнесам на сонце? Се трудам да го држам буден колку можам, но потешко ми оди. Дури си мислам можеби од што е гладен нема сила да плаче и да бара Штета решив ради короната да не букирам бабица да ни доаѓа дома, можеби ќе ми беше од помош колку толку. Два пати му дадов само дохрана до сега
Педијатар немам сеуште, ете денес ќе барам каде да го пријавам, но ми рекоа прв преглед за месец ипол отприлика, дотогаш ништо сеуште... ми дадоа само д витамин таблети кои од денес треба да ги растворам во лажиче вода и да му ги давам се до првиот преглед кога педијатарот ќе препише што понатаму. Инаку имам претстава дека пумпата ја фиксираш правилно на града и пумпаш без истата да се изместува ко што прави бебуш, па така ја извлекуваш потребната количина без да ги разрануваш брадавиците. Грешам ли?
Да, грешиш, мене од пумпа повеќе ми се разранија брадивиците, болката на почеток додека да фати бебе убаво сите ја имаме, поминува со тек на време, значи боли само додека да фати, после престанува. Тоа е нормално зошто е сепак некој вид на иритација на брадавицата, па помисли само додека си имала менструација колку ти биле чувствителни брадавиците. Тоа лизгање на бебето што го опишуваш да не се должи на некое твое поместување, односно да не не ти е бебето во иста положба додека цица, потпрено на твојата рака, па по замор да му паѓа главчето, да се лизнува. Пробај и перниче под раката да ставиш.Што сде однесува на количината имај на ум дека ниту една пумпа не може да извлече токлку млеко колку што може бебе со цицање. Во однос на витамин Д во таблети кој ти ги даде и ти кажа да ги раствораш во вода и да му ги даваш на бебето? На картончето при испис кај мене барем стоеше капки вит.Д и тие се ставаат директно во устата на бебето, не се раствораат ниту во вода ниту во млеко. Некако ми е многу чудно некој да ти препорачал вода на толку мало бебе, старо 5 дена, кога до минимум 4 месеци а идеално 6месеци треба да бидат на ексклузивно доење (тоа подразбира и не за вода)?
Фала за одговорот. Ќе пробувам вака без пумпа неколку дена па се надевам ќе научам и испробам повеќе техники. Проблем ми е само што ми спие на града, што не правам за да го разбудам, но само си држи брадавица и спие! Ми рекоа во болница еден подој се состои од 20 мин активно цицање од една па од друга дојка... пд 10 до 12 пати на ден тоа некако потешко кај нас... Инаку не сум породена во Македонија па можеби затоа поразлично функционираат работиве. И мене ме чуди, чуму комплицирање и растворање таблети на лажиче кога сигурно постојат капки со иста функција
И јас не сум породена во МК со второво. Породена сум во Германија. Па јасно ми е. Ама верувам секаде има Вигантол капки мрсни кои директ се капнуваат во уста. Не знам. Провери. Пумпа нема да ти помогне во поглед на брадавиците, особено што за пумпа има многу фактори како големина на инка која треба да ти се погоди со брадавиците, моќност, дали е дупла или единечна. Башка држењето на бебето на тебе предизвикува лачење на окситоцин (хормонот на испуштање на млекото) додека со пумпа тоа не оди така лесно. Бебето е мало, во моментов тебе ти надоаѓа млеко. Многу е важно да ги следиш пелените према инфото што ти го пратив. Важно е да инсистираш на чести подои. Прави обавезно компресија при секое доење. И нормални вредности на жолтица даваат поспано бебе кое не е баш соработливо и потешко се буди. Инсистирај на подои. Расоблекувај бебе. Давај му во спиење да цица и прави компресии. Менувај пелена за да се разбуди. Малку интензивно ќе е, и ќе ти е тешко, знам, но само почетокот е вака интензивен, после ќе се среди кога ќе ти се среди лактацијата.
И јас во Де сум породена. Супер ете со кого можам да се консултирам ептен фала за советите! Ќе се трудам и ќе бидам упорна. Му смета ли на бебе раскрвавена брадавица? Можеби ќе голтне крв при цицањето!? Во однос на витамините, ми рекоа Д вит таблетите од 5ден да ги давам, додека К вит примил при У2 и веќе нема потреба да му се дава. Доколку треба нешто, педијатарот ќе си препише при прва контрола (4-6 недела). Пратив маж до аптека, му рекле таблетите имаат позитивност што поспоро се разложуваат, додека капките се попрактични за давање. Доколку давам таблети во млеко место вода да ги растворам. Обезбедена сум ао компреси, пред подој топлам града да се отворат каналите. И така ќе се учиме полека
Не му смета крвава брадавица. Моето еднаш бљуцна млеко со еден тон свежа крв. Ама знаев дека е од мене, не од него. Не се секирај. Пишувај ми ако сакаш и во ЛП, сѐ што треба ќе споделам од искуство. Ќе се научиш, сѐ ќе биде супер.
Кај нас целото јажиче и е бело. Матичниот рече дека од моите гради и е пренесена кандида и да индадам 10 мин на едната па 10 мин на другата а кутрата плаче се пика во мене како да ја одвојам плус и ставам нистанин капки во адаптираното млеко. Пробав и со силиконски не сака со нив да фати
Да, имав колострум кој бебето не го исцица за жал, беше на апарат за кислород. Вториот ден почнав со активно молзење на 2 и пол сати. Буквално седев со пумпата и со аларм. Пиев премногу течности и молзев бидејќи бебето не цицаше. Бев преплашена од шишето, но во случајот беше во прашање неговиот живот, па .... Молзев по 30 мл редовно и му ги носев да ги пие. Давав пумпа на стерилизација, додека ја чекав си го држев за рака, па пак во соба, плачење, жежок туш и молзење. Па пак носи и така. Откако по 5 дена дозволија да се тргни од кислород кратко, беше првото ставање на града и за моја голема среќа одма прифати. Едната града тешко ја фаќаше и сестрите потрчаа по силиконска брадавица, но реков ќе фати ќе пробаме бла бла и не ја ставив. Имаше рекордно 15мл за прв подој. За жАл за време на цицање сатурацијата паѓаше и апаратот титкаше, па мораше да се враќа маската со кислород по кратко време. После доење продолжував со молзење за стимулација. Од нареден ден беше подобар и цицаше за 15 минути дури и 55 мл, па до рекордни 80мл. Поентата на бројките ми е дека да не се мереше подој јас ќе бев сигурна дека немам доволно млеко, кога и по 80мл подој тој пак бараше да цица, веќе немаше дилема дека него му фалела мајка му После дома имав кризи не дека не, паѓав и физички и психички. Не дадов ад, па на контрола за 5 дена 50гр, слабо. Па плачки, од толку млеко, од супер цицач, што се случи итн итн. Добив уште 2 недели шанса и после веќе напредуваше супер. Испадна само адаптација во првата недела дома допринесе за криза кај двајцата. Имаше периоди кога плачел на града, сум се стискала и немаше ни капка-е тогаш многу ми помогна тоа што не давав шише, со тек на време бебе си научи да си почека лет даун. А плачките беа од грчеви, умор и хипетстимулација. Згора на се еден захтевен тодлер од 3 години ( ќерка ми), па еве не, живи, здрави и ужасно ненаспани сите до еден. Би сакала и за неа да го знаев ова, затоа пренесувам колку што можам. И неа ја доев, но и ја дохранував ( а по сегашни проценки и за неа имав доволно млеко, само немав искуство) За крај, слушајте ја @Kaetana . Мојата најголема поддршка уште од болница
Повели што ти треба, тука сум! Честитки! Сериозно, пишете ако нешто ви треба конкретно. Барем тука има милиони методи на поддршка за доење - од IBCLCѕ, до La Leche Liga, AFS... Верувајте не сте оставени сами! Има и многу германски групи за доење на ФБ ако сакате да ви препорачам... Леле не користи силиконски ако бебето фаќа града! Која е потребата да ставаш силиконски? На јазикот бебето има соор, и тоа не е воопшто несекојдневно. Многу бебиња имаат соор од млекцето. Земи газичка стерилна, намачкај ја со нистатин, и пред подој истриј го нежно јазичето. Тоа е за проблем за соор. И те молам, не уоброчувај бебе. Какви 10 минути. Нека цица кога сака и колку сака! За формула, не можам да ти пишам, затоа што не знам колку даваш, зошто даваш, колку е старо бебето... Така да не коментирам.
Од каде знаеше колку мл исцицало бебето. Моето е предвреме родено, брадавиците не ги фаќа пократки ми се, а и во болница го ранеа 10тина дена со шприц можеби затоа не знае. Пробав неколку пати, и тој се труди да фати ама му се сплеснува некако и се нервира. Со силиконски фати, но го слушам 10тина пати како голта и потоа се заморува и ја чува градата во уста како лажачка. Па заради тоа се молзам така знам колку испил.
@0ли благодарам @BirMelek ќеф ми е за вас двајца. Иако пак ќе речам, и ти многу ми се најде во мојот хорор период!
И мене ме интересира како мерите колку мл исцицал, само со молзење ли? Исто така како да знам дали добро напредува, читам 200 гр неделно требало, доволно ли е броењето пелени или го мерите некако на вага?
До 7 недели ми доаѓаше патронажна дома и таа ја мереше,така знаев напредок.Сега на контроли на педијатар ја мерат. Млеко не знам точно колку пие,не се молзам никогаш,осеќам по градите дека ги празни(омекнуваат),и пелените се редовно полни. Ако ти е мисла напредокот во тежина,нарачај си бебе вага,по 50тина евра се.Баш на baby walz ги гледав,ти си во Германија нели?
Фала ти. Да овде сум, ги гледав и јас но велам да не претерувам и да не се опседнувам со бројки. Се зезнав ептен што не зедов патронажна, а скроз сама сум овде, но ете нејкев заради вирусот никој дома да ми доаѓа Ќе следам вака, можеби и вагичка ќе земам па ќе чекаме прва контрола.