Колку долго ви трае еден подој? Секогаш ли доите од двете гради? Јас го оставам само на една града, за да дојде до посилното млеко, во спротивно доколку брзо би го сменила би го испил само она почетното воденестото и би бил пак гладен Околу 20тина мин цица активно инаку
Бљуцкањето после подој изгледа многу страшно за родителите. Но доколку бебето напредува добро, не претставува проблем. Се должи на незрел сфинктер на желудникот и е нешто што ќе помине со тек на време. (Моево е 9 месеци и уште бљуцка и каша и млеко) Тука ќе ти одговорам, и тоа со статии и уште подобро со видео од Dr. Newman кое топло го препорачувам да го видите сите вие кои се прашувате колку трае еден подој и дали една или две гради на подој. Ќе бидам малку погруба во ова што ќе го кажам, НО, знам дека во Македонија ве учат една града на еден подој. НЕ, НЕ, НЕ и НЕ. Тоа се нарекува block feeding и е метода за намалување на лактација кај жени со oversupply. Значи секоја од нас има различен капацитет како и различна количина на жлездено ткиво. Тоа не значи дека мајки со помалку ткиво нема да успеат ексклузивно да дојат. Но, значи дека на бебето му треба количина од двете гради. Некои мајки кои имаат поголема количина успешно дојат од една града на подој и ги стимулираат градите да произведуваат на тој начин. Но има мајки за кои таков начин на доење ќе е погубен во поглед на стимулација и количина и ќе доведе до намалување на лактација и воведување на дохрана. Видете го последниот линк и читнете за storage capacity! Гледајте го видеово, убаво си објаснува човекот сѐ што прашавте. Плус повелете и неколку линкови кои убаво објаснуваат дека ако се следи потребата на бебето - а тоа е да цица кога сака, колку сака, и од колку гради сака, - нема никаква потреба од грижа за тоа дали го добило мрсното млеко или не. http://www.nancymohrbacher.com/articles/2010/6/27/worries-about-foremilk-and-hindmilk.html https://themilkmeg.com/do-i-really-have-to-worry-about-foremilk-and-hindmilk/ https://kellymom.com/bf/got-milk/basics/foremilk-hindmilk/ https://breastfeeding.support/forget-about-foremilk-and-hindmilk/
Од двете гради цица на секој подој обавезно, никогаш само од една не е. Временски се нацицува за 3-4 мин од една, но тоа е моето бебе, за секое е индивидуално. Некои деца цицаат и по 15-20 мин од една, така да не мери време, но нуди од двете гради секогаш.
Но, како да го постигнам тоа? Еве останува 20 мин на една града и се трга, никогаш сама не сум го тргнала. Веднаш префрлувате на друга или прво го расонувате? Бидејќи 20 мин активно влечење го успиваат
Ако е мало (штом задремува претпоставувам е), кога ќе заврши на едната, дигни го да ждригне, подржи го исправено малку, па стави го на другата. И да не цица доволно долго од неа, ок е, на следен подој прво таа ќе ја понудиш (ова е правило што треба да го следиш). Мојата е скоро 4 месеци и веќе не ми задремува, ама после првата града обавезно ја дигам да ждригне, па ја ставам на другата.
И пак ќе продолжи да цица?? Еве дојам дторо дете ова не сум го правела,цица од едната и вришти кога е најадена за веднаш да ја кренам. Најадена е за неколку минути,ретко повеќе од 5мин.Мислам ако ја ставам на другата ќе вришти,ај баш ќе пробам..ех уште колку треба д аучам. Ај белким со третото повеќе ќе знам
9 дена е бебето, кога ќе заврши на една еве 15-20 мин се успива, па го расоблечувам да го расонам и пак му нудам (но, од истата) некогаш ќе продолжи уште 5-7 мин некогаш продолжува да спие. Наредно за саат саатипол нудам од другата и така се во круг. Но ете, сум грешела. А мислев ако рано прекинам на едната ќе го испие тоа воденестото и од едната и од другата, па уморен и гладен ќе си заспие
Да да, цица увелико Вришти и мојата кога ќе заврши од првата, ама штом ждригне, спремна е за другата града, лапа како булдог што вика @dunika
Јас нудам од другата само ако ја исцица првата. Се чудам кога читам дека цицаат по 5 мин,не знам дали моево е толку мрза. Некогаш цица 20 мин и заспива, а некогаш си седи на цицка и по 40 мин. Дали му е убаво така припиен до мене, си цица со паузи и дремки, а ако го тргнам плаче и жал ми е и го оставам. Ако не ја исцица да го прекинам за да го префрлам на друга? Секаде слушам дека треба да го исцица мрсното млеко.
Мојата често се најадува од една града,не знам колку и дали и стига,но напредува одлично до сега и редовно полни пелени. Друго ме интересира,ке ја тагнам @Kaetana Најчесто,како повлекува од едната,почнува да тече и другата града,без тетра не седнувам да дојам,ја ставам место улошка на слободната града.Е сеа,што е со млекото кое истекло,односно она што го пие од таа града кога ке ја сменам.Претпоставувам сменета е конзистенцијата,т.е останало она “масното” или како.. Треба ли да превземам нешто?
Не ја оставам да дреми на града,и ја мрдам градата,незнам како да објаснам,и да е на пауза почнува да цица.
Мало е уште твоето, чекај. Далеку од тоа дека е мрза, нема сила уште да влече толку за да за 5 мин се нацица
И мојот цица долго, и дремнува измеѓу цицање. Следно ќе пробам да го подждригнувам за да се буди побрзо.
Се живо пцујам вчера и денес. Таман беше тргнала работата со доењево и го фатија страшни грчеви, со солзи плачење и дерење, врескотници се слушаа цела ноќ. Од што ми беше жал да го мачам да цица пак дадов АД. Никако не сака да цица, цел се превиткува, ќе му направам финта со лажалката и ќе го потсмирам, го враќам на града, цица 2-3 минути и пак вреска .. Многу ми е жал да го гледам да плаче и да се мачи, па уште и да го мачам и да цица.. Ќе полудам. Синоќа рачно успеав да измолзам едвај 30мл. Му ги дадов од шише да ги испие пак бараше. Дадов уште 30мл АД, бидејќи секогаш давам 60мл.. Пак беше гладен и си испи уште 30мл АД.. Аман ќе полудам..
Размисли што си јадела да не има од твојата исхрана грчеви. Прашај педијатар што да му даваш против грчеви.
Разговарано е веќе.. Јас тоа и не јадам, единствено кафе ми кажа да исфрлам. Давам биогаја и еспумисан капки, секој ден.. Иста песна е.
Види ако не му поминуваат од еспумисан смени капки, да не му даваш за џабе хемија. Мој предлог. Ако сакаш погледни ја темата Грчеви кај бебиња, таму се спомнуваат две три имиња на капки кои помогнале кај други бебиња, Колипрев Колиеф итн. Многу задоволни пишуваа од Колипрев. И масажи на мешето кружни прави, а особено затоплувај го со тетра топла или притискај ги ноџињата кон мешето за да ги исфрла гасовите. И нека ждригнува по цицање, често од воздухот многу им пречи, прави подуеност на мешето. Знај дека мноогу сме биле такви на сам почеток. Ако ти речам биди смирена, нема да ти помогне многу, само знај дека ќе помине. Таков е шашав почетокот. Издржи само, издржи! Инаку, да те прашам кој период му се појавува плачењето? Кај моето беше поинтензивно попладне околу 18 часот, уморно од цел ден, збунето, гасови го мачеа, иако си знаеше и по цел ден да е кенкаво. Ќе му помине и на твоето. И нему не му е лесно.
Не си грешела. Значи нудиш само ако бебето сака. Пример завршува со една града, (ја даваш пак таа, ја одбива)… па ја нудиш другата. Не значи дека ќе ја прифати. Многу мајки дојат една града на подој. И тоа е сосем во ред. Финтата е да ја понудиш другата, па ако прифати ок. Ако не, пак ок. Прави компресии цело време за да му помогнеш со цицањето. Цицање од 40 минути не е ништо невообичаено. Ок е. Читни ги линковите што ги пратив во претходниот пост, сѐ ќе ти стане јасно за мрсното млеко. Прави компресии ако го фаќа мрза да цица. Накратко - не треба да го прекинеш и да го префрлиш на другата. Самото бебе ќе каже кога е готово со едната града. Тука би сакала да потенцирам и еден мит кој го слушнав последно - дека требала градата да се испразни до крај за да се испиело мрсното млеко. Значи градата никогаш нема да ви е празна. Запамтете го тоа. Затоа и тоа мрсно / водлесто млеко не е така црно бело како што си го замислувате. Истото млеко е, од ист подој. Обично тие што дојат една града на подој имаат поголема разлика во млекото од почеток на подој до крај. Тие што дојат многу почесто и двете гради нон стоп ги стимулираат најчесто имаат директ помрсно млеко (така да речам). Ама еве. Да не навлегуваме во хемија (иако е доволно навлезено во линковите што ви ги пратив), едноставно памтете го ова - ако бебето има неограничен пристап на града, не му се гледа на саат колку време цица или на колку време бара да цица, ако му се нудат двете гради, т.е. му е дозволено да бира и да диктира самото што сака, немате никаков проблем со вакво или такво млеко. Уживајте. Ништо. Уживај и не се секирај. Ако многу ти тече можеш слободно ако сакаш да си го собираш тоа па да ти се најде после за млечни каши. Ако према твојата перцепција цицањето за едно бебе претставува мачење, тогаш скрати му ги "маките" и не го "мачи" веќе. Ете толку е лесно и едноставно. Ноу џаџмент.