Треба да искочиме на неколку саати, само што се измолзев. Кажете ми млекото безбедно е на температурата надвор или треба да го носам во нешто што одржува температура?
@macufce и јас имав таков период дали поради скокот не сакаше да цица, па ми се намали и мене, си земав таблети лактил и плус 5 видови на чај ги мешам по 1л пијам и многу вода а и бебе кога сака си цица и супер си напредуваме.
Имам рачна пумпа и многу малце вадам со неа. А бебе во последниве денови не кака секој ден преку два три дена кака. А цица си бара не дека не јаде. Дали е во ред да не кака секој ден ????
Немаш гајле, за доено бебе се толерира и до 10 дена да не кака. Моево преку еден ден какаше, сега кога крка кашички мука гледаме. Радувај се додека само цица
Ме боли левата града од пазувата странично е болката па надоле накај градата. Не е неподнодлива туку само кога се фатам, немам грутки, не е црвена, мека е скроз, цица бебе од неа. Што значи тоа? Пазувата ми е мисла зошто од таму е болката, тоа ме мачи Запушен млечен канал мислам ќе беше тврда и со грутка или не?
И јас имам болка но во двете гради, само што болката е како да ме боде нешто како иглички и ми трне па престанува... На моменти тоа...
Како ги одржувате силиконските брадавици? Јас ги стерилизирам 2 пати во денот, инаку после доење ги мијам со жешка вода.
Мајки колку пати смее хумана чајот за доилки да се пие? Барам и на нет и на него нигде не пишува.. 3 пати или 2 пати? Или како?
Еве вчера и денеска нон стоп цица. Може по малку ама почесто му давам. Не му давам друго. И веќе осеќам повеќе..
И јас после секое доење ги миев со врела вода и навечер во стерилизатор. Сега веќе една недела само ги мијам со врела вода, а во стерилизатор ги ставам на 2-3 дена. Скоро ќе прави 8 недели и веќе се опуштам, не сакам се да биде стерилизирано.
Ве читам се молзете скоро сите, зошто се молзете? треба ли секоја жена да се молзе што дои? Ја не се молзам оти, викам да не треба
Некои се молзат дека ги боли цицањето. Други се молзат за да не стануваат навечер, мажот му дава навечер. Трети се молззат ако го остават на чување некаде некој саат. Четврти се молзат бидејќи немаат доволно млеко па да стимулираат лактација. Ама не се молзат сите. Ако немаш потреба не се молзи, најубаво е само стави го на града и уживај
Јас се молзам кога треба да искочиме или да го оставам да го причуваат. Неколку пати на почеток се молзев за убаво да ми надојде млеко.
@Veki4kaa јас не се молзам,немам ни пумпа купено.Нон стоп е со мене,ја дојам каде сака и колку сака.Претежно сме дома,но и за време на прошетка ако е гладна,седнувам на првата клупа..