Па и не ги полни баш. Само мочка. Со какање има проблем од втор месец,какаше на 4 дена, после го чекав 7-8дена и се искака ама со помош. Сега е 4ти ден како не е искакан.[/QUOTE] Ако напредува добро, не е паника бебето да не кака секој ден. Секако, под услов да му е меко мешето, и да испушта гасови.
Ориз, компир, корн флекс, овес. Од овошје јадам само јаболка и круша,зеленчук освен компир ништо друго, месо не јадам воопшто (се презаситив од нив со шеќерот во бременост)
Качувам полека но сигурно Бев 73кг една недела по пораѓај, сабајле се мерам 75.5кг. Се породив 05.05.
Ако напредува добро, не е паника бебето да не кака секој ден. Секако, под услов да му е меко мешето, и да испушта гасови.[/QUOTE] Си напреднува. Од неискуство се грижиме и за најмала ситница. Фала ти за одговорите.
Имам едно прашање до поискусните мајки... Ние сме 18 дена ама откако синко е на мајчино млеко има чуден некој распоред за цицање. Навечер спие по 1 ипол час континуирано, се буди цица по малце обично од една града само и презаспива. Во 5 или 6 се буди и цица поубаво и спие околу 2часа. После тоа станува цица пола саат, гуга, заспива на 10мин макс, па пак цица, гуга и се така во круг. После запива 3часа некаде околу 14ч. И после пак цица, гуга, спие макс 10мин. После бањање цица по 1час и спие 2 часа. Полни пелени, па се надевам дека ваквово темпо му годи. Сакав да кажам дека цел ден е на цицка, не знам дали е океј така
Малечко е уште, мојов цеел ден можев комотно да го чувам обесен на цицка, ќе повлечеше 10минути, па задремал, ја таман се тргам тој тогаш почнува да влечи, демек си цицам таква е работата Некогаш си сакаат близина
Така и треба да е. Оно а, ти на. Кога сака цицка нека добие. Цицка е храна ама и љубов, топлина, ножност. Мама е цицката. Полни ли пелени, уживај. Кога ке дојде маж ти, нека го гледа тој а ти одспиј квалитетно додека спие бебе.
Мајки барам совет.. ќе бидам малце подолга ама да објаснам убаво. Бебе е родено 3600, не испуштија со 3440. После два дена дојде пат. сестра установи дека немам доволно млеко (по зелена столица) и предложи да давам АД по 60мл барем 3пати на ден. Не ја послушав не дадов Ад а веќе од утредента столицата му стана златно жолта. На почетокот малце повеќе ми спиеше бидејќи имаше жолтица (уште има) ама сега станува на 2часа за цицање и преку ден и навечер. Преку ден некогаш знае да отспие 2часа а некогаш буквално на 10мин се буди и бара да цица. Значи бебе буквално кога сака он цица. Денес ми дојдоа да го измерат бебе 3505 и ми дадоа фора уште неколку дена па пак на мерење и да се види дали да давам АД или да си остане на мајчино. Иако док. вика дека ова не личи на гладно бебе. Ме буни тоа што и покрај мочкани и какани пелени он за една недела дома многу слабо ми качил. Има ли надеж за мене зошто стварно за ова реков ќе го дојам само па макар и светот надвор се преврти наопаку. Пијам течности, јадам со сила (ама битно јадам) и исто пијам хумана чај за доилки. Што друго да превземам да добијам уште повеќе млеко?
Мене чајот за доилки ми даде зелена столица кај бебето ама лактамикс... и секоја вага различно мери... пробај по 1недела на иста вага
Фруктал леден чај од праска земи пиј. Не знам дали навистина од тоа ама откако ми го кажа една пријателка навистина ми надојде млеко. Плус јогурт со овес секое сабајле јадам.
Колку е старо бебето? До две недели е нормално да ја врати само родилната тежина, дури и да нема ставено грам повеќе.
@NNK19 само 1 недела сте? Беба за 6 дена имаше само 30г качено. Продолжив само со цицање и успеавме. Никој не ни ми спомна АД. 3.620 се роди, 3.300 излеговме од болница, 3.330 една недела после излегување од болница.
Мислам дека е рано да се пресече и да го стават само на ад. Прво би требало доење и ад да се комбинираат, и дури тогаш ако не качува доволно, целосно да е на ад. Плус, мислам дека треба да се почека барем недела, дури и две за да се види напредок. Ако е гладно бебето нема да полни пелени.
@NNK19 не можам да издржам а да не прокоментирам, затоа што она што го пиша ми боде очи: Наместо да ти дадат решение за да успеете со доење, да ти дадат објаснување каде би можело да има проблем ако воопшто има, да ти дадат поддршка, тебе ти дале фора. Како што пиша @Kitten се очекува бебето да ја врати родилната околу 14 ден од животот. Што не мора да значи дека е проблем ако се даде дури и малце повеќе време. Две деца имам што не ја вратија роднината до 14 ден. Со второто ајде, други беа моментите. Ама со првото тоа се должеше на тоа што ми требаше малце повеќе време да се среди лактацијата и да ми надојде млекото како што треба. Бидејќи 5 дена во болница немав активна стимулација на градите. Тек кога дојдовме дома беше доењето во преден план, без давање на формула. Исто имаше жолтица, првата недела дома беше малце борба. Спиеше по подолги интервали. Ама кога почнав да дојам често, да ја будам навечер или да ѝ давам во сон да цица, се виде разлика во вагата. Родилна врати на 28 ден, и после си напредуваше сосем во ред. Ова ти го кажувам чисто да знаеш дека доколку бебето полни пелени, задоволно е и среќно, и го доиш на 2-2.5 часа (инсистирај да е често дури и навечер)… има некоја толеранција пред да "паднат вакви тешки ултиматуми". Башка, ако не крене бебето колку што сака патронажната да крене, следен чекор НЕ е формула, туку е молзено мајчино млеко. Под претпоставка дека тебе уште ти треба стимулација, како ќе го постигнеш тоа подобро - со давање формула отколку со стимулација од молзење... и КАКО ќе го дадеш молзеното игра исто голема улога. Мислам дека ќе биде сѐ во ред, и да се работело за потреба да се зголеми количината на млеко, тоа ќе го постигнете за многу брзо. Совети во случај да не правиш така: немој да инсистираш да доиш од една града, нуди ја и втората ако бебето заврши со првата. Ок е и да не ја прифати, но не е ок да не му се понуди. Прави компресии кога доиш да му помогнеш на бебето да добие што повеќе млеко додека цица. Убаво место го на града. Гушкајте се, лежи со него кога имаш слободно време, не го користи за домашни обврски, стави ги тие сега на стенд бај. Следи ги пелените. И гледај го бебето. Ако си решена да доиш, верувам ќе успееш. Не си прави стресови од ултиматуми.