1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    Бебе е старо 10 дена, а вчера 1 недела откако сме дома. :)

    @Kaetana секој подој обавезно двете му ги нудам. И сега зависи некогаш ќе исцица се убаво а некогаш брзо заспива. Овие два три дена баш периодот од кај 4 до кај 7 саат не спие асално.. ќе цицне ќе задреме и така во круг. Скроз ми ги празни градите и после влече и гледам се нервира. И на крај ќе заспие и ќе се успие 1,5-2часа.
    Му пишав на матичниот пед. и рече да одиме, па да видиме и он што ќе каже:^)
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    1.200
    Ние сме 2 недели... Цицаме смс нз дали му е доволно некогсш брзо ми заспива нс града.. И левата града никако не сска да ја фати мска мачам... Исто и со спиењето дали менува дали оф жешко нз ама вчера добср дел д денот т. С поголем дел не спиевме бевме будни
     
  3. spirulina

    spirulina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Јас пак. Денес бевме пак на мерење и само 50 грама за една недела. По долго размислување и читање мислам дека проблемот е до силиконските. Ништо друго. Ме советуваше и сестрата и лактациски консултант да дополнува со мајчино и да нудам формула на крај. Не сакам да го започнам магичниот круг со формулата. Секој совет е добредојден. Благодарам
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Не сте за Ад, бебето си напредува сосема во ред. Тек допрва ќе се воспоставува лактација кај тебе, поточно ќе се зголеми производството на млеко, сразмерно со побарувачката на бебето.
     
    На Kaetana, Mia Fuentes, lovely12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    И јас си викам така ама околу мене сите ми ја пукнаа главата за тоа ад ама реков јас не попуштам. Сега да видам уште матичен што ќе ми рече ама јас сум упорна и си стојам зад моето:D
     
    На Kaetana, Kitten и lovely12 им се допаѓа ова.
  6. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Во иста ситуација бев за 3800 се роди, не пуштија 3590...на крајот на 2недела бевме 3780 со пелена...значи 3700. Ме полудеа бабите, оти во болница почнавме со ад а мелеко дури после 5ден ми дојде... и кога дојде само на града а имав рани... си мочкав во гаќи од болка. Издржав...по 1недела на вакцина беше 3900. А сега после 18дена од вакцина бевме 5100... Ако не плаче нервозно по подој и ако спие...ќе почне да качува... само не се нервирај. Не качуваат одма сите по 50гр, некои почнуваат по малку... Во секој случај мери на иста вага и се надевам се ќе се среди
     
    На Kaetana и Kitten им се допаѓа ова.
  7. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Здраво, бебето има 6 недели, но е предвремено родено 35та недела. Во болница го ранеа со шприц, јас се молзев и го фрлав :(, ми рекоа немаат можност за стерилизација. Таму многу опадна скоро 400гр. Кога дојдовме дома за 3 дена качи 200гр се измолзував плус ад дека немав доволно.
    Бев упорна со измолзувањето бидејќи немаше сила да цица. Сега имам доволно млеко, исфрливмр ад.
    Пред 1 недела еден ден го пробав на града со силиконска брадавица цицаше и голташе се слушаше, но чудно ми беше не ги полнеше пелените, посуви му беа тој ден (на мојата брадавица не фаќаше без силиконска дека пократка спрема цуцлата од шишето).
    За да не дехидрира продолжив со измолзување и супер си јадеше и напредуваше.
    Денес пробав пак да цицаме фати малку и на голо, цицна 6-7 пати и се тргна почна да плаче, пробав и со силиконска брадавица ама се нервира ме турка и плаче :(.
    Дали има надеж за нас или ќе мора да си продолжам со измолзување?
     
  8. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    Одма е друго кога имаш поддршка од страна:) и мм а еве и док е со мене. Нема ад за два дена пак на контрола ми вика имаш млеко ама да гледам да дојам на 2 часа да не е на помалку:D
    Кога го кажа тоа одма ми се среди психата :rofl:
    Фала ви девојки многу:hug:
     
    На Kaetana, Mia Fuentes, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Дој и на пократко секогаш кога ќе побара, додека се среди лактација...после оно ќе направи ред. Сега и жешко некогаш бараат само колку да изгасат жед...
     
    На candy.cane, Kaetana, NNK19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Чим е помало, се уморува од цицање биди поупорна ќе се навикне и ќе надојде млеко. Ноќе има повеќе млеко и нека лежи до тебе и постојано нека цица...кај мене лежеше на града и по 2ч...ќе цицне 2пати и ќе спие и така...додека се среди... кај мене не сакаше силиконски, јас имам рамни брадавици и ранички бев...ама еве успева сам да ги извлече
     
  11. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Проблем ни е што не сака да фати воопшто инаку ќе седиме и цел ден ако треба на цице. И јас имам рамни брадавици, но со молзењево се испакнаа, ама тој досега воопшто не цицал на града освен со силиконските. Така ќе цицавме со силиконските ама суви му беа пелените па ми беше страв и пак продолжив да му давам молзено. Дури да добие на сила тој веќе се научи на шише и сега не знам дали воопшто ќе успееме на цице.
     
    На lovely12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Пробувај навечер има многу млеко, полесно тече немора многу да влече. Додека се навикне... прво ставај на града и давај собшприц белким ќе успеете...
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Како е со пелени и дали е мерено? Тие се индикатори. Не дали спие, или е плачливо.

    50 грама е повторно само на града или со додавање 20-30 мг како што пиша претходно?
    Јас лично не препорачувам употреба на силиконски. Има мајки кои немаат мака со нив (особено оние кои стартуваат со поголема количина на млеко), но има мајки кои не можат да кренат на количина или количината се намалува заради тоа што нема директен контакт бебето на града, па заради тоа и не стимулира доволно преку силиконот.

    Пиши ми подетално ако сакаш во порака. Истото го поминав со бебево мое и ги проучив сите можни сценарија зошто би било тоа така.

    Има шанси, но треба работа и трпение. Бидејќи е навикнато на хранење со шише (претпоставувам даваш молзено и формула со шише) па голем е и ризикот да не сака воопшто да фати града.
    Во принцип, следното би требало да помогне. Ако сфаќам добро, сега сте на молзено и го даваш со шише. Фаќа, не дека не фаќа града, ама брзо се нервира на градата. Значи - зголеми контакт кожа на кожа. Давај града кога не е гладно - не да е прејадено, но да не е гладно за да не се фрустрира. Гледај да доиш без силиконски. Види како се позиционира убаво на града и тоа да добие подлабок фат за да може да ја празни. Доколку бебето фати, ќе видиш како ќе се однесува. Како ќе е со пелени. Гушкање цело време. Не гледај на саат, нека биде спонтано. Легни си со бебето и поминувај го денот во гушкање и галење. Помага за лачење на окситоцин. Млеко очигледно имаш, треба бебето да се навикне на града. Што побрзо тргнеш шише и работиш да се врати на града, толку поголеми шансите да сте на доење. Ако не ви успева, и ако си во можност, викни консултант за доење да дојде дома да ти помогне за позиции. Пиши ми порака ако ти треба препорака.
    Ако ептен се буни втор чекор би бил дохранување со молзено да се прави директ на града.

    Повели линк кој исто може да ти помогне:

    https://kellymom.com/ages/newborn/nb-challenges/back-to-breast/

    Зошто да не е на помалку? Дој кога и да побара. Не пролонгирај подои. Јас би ти рекла дои на 2 саати - во случај да не побара ти да му понудиш. А ако побара побрзо, слободно дај побрзо.
     
    На Mia Fuentes, Isabel, NNK19 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Состанокот за јули е повторно онлајн. Мислам дека ќе е последен онлајн состанок, затоа што работите тука се нормализираат веќе.
    Сабота (сега), 4 јули, 10-12 ч.
    Адресата ја има @RainBow а ако сакате пишете ми и мене.
     
  15. Eli*Eli*Eli

    Eli*Eli*Eli Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Мајки како го чувате измолзеното млеко...јас денес го чував на собна температура ама беше 29 °....од кога го испи синко цело време повраќа плачи..дали е можно да е од тоа???
     
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.947
    Допаѓања:
    18.059
    Колку време го чуваше на 29°?
    Дозволено е 3,4 часа на собна температура до 22-23 степени, ако собната ти е повеќе, стави го во фрижидер.
    Кај мене еднаш се случи да му дадам постаро одмолзено млеко,ама немаше реакција
     
  17. Eli*Eli*Eli

    Eli*Eli*Eli Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Па сигурно 3 саати и дали ако уште еднаш се измолзите за тоа време го турате во истото шише?
     
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.947
    Допаѓања:
    18.059
    Млекото може да се меша само ако е стоено на иста температура.
    На пример ако првото одмолзено стоело 1час на 23° и второто треба да постои на истата температура па може да се измеша.
    Истото важи и за млеко кое стои во фрижидер
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Eli*Eli*Eli

    Eli*Eli*Eli Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    А дали се расипува ?
     
  20. Eli*Eli*Eli

    Eli*Eli*Eli Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Незнам од кога му го дадов цело време повраќа