Да, големи се шансите. Внимавај да не дехидрира од повраќање. Јас би се советувала со педијатар. Млекото, било какво, лесно се квари. За мајчиното посебно, има строги правила како се чува. 29 степени е многу, до 23 24 стеоени максимум.
Дали има знаци кога секнува млекото? Градите многу ми омекнаа, сеуште тече млеко ама ги осеќам како празни од што се меки.
После 2-3 месец се воспоставува лактација и се такви, без брига. Од сега така ќе се, а млеко може да се полни и да ти се сунгер меки
Да си се пофалам јас зошто срцево ќе ми препукне од среќа успеав девојки, за два дена синко качил 120гр
Здраво, Сакам да прашам дали некоја од вас што дои има правено ехо на дојка? Ме интересира колку време после прегледот не смеам да дојам, или дали треба да го измолзам млекото...
Луѓе, пробувајте го млекото пред да го дадете на бебето. Ако ви е чудно, не го давајте!! Јас правев. Ништо не треба?? Ехото не прави ништо на млекото. Ми кажаа само кога одев на ехо дека треба да му дадам на бебето да цица претходно за да може да се види на ехо подобро. Значи да не се полни каналите. Бебето цицаше, заминав, се вратив, се истуширав од гелот, и пак му дадов да цица.
Се прави слободно. Само малку може да е потешко за точен наод. Затоа треба да се оди одма после подој за да се што попразни градите (скроз празни нема да се никогаш).
Ама дали е тоа редовен преглед? Дали треба да одам? Јас не гледам потреба сега за сега, кога се празни ги пипам и немам ништо сомнително. Ако треба уште утре да закжам.
Не, не. Не е редовен. Тоа е во случај од Х причини да треба да направиш ехо. Јас правев заради ситуацијата со бебето што не креваше на тежина, па да видам да не имам некоја мака со градите. Ама тоа беше мој избор. Не е некој рутински преглед што мора да се направи.
Е тоа ме интересираше. Си мислев треба да одам а не сум отишла и плус никој не ми кажа, па се насекирав. Бев на прегледот по 6 недели, бев и на 6 месеци, заради корона не отидов да направам пап и брисеви.
Ќе ве молам за совет како да имам повеќе млеко? Пијам боза,без алкохолно пиво,100% сок од јаболка,најмалку литар и пол вода,двапати на ден си правам хип чај за доилки и на се овоа млекото што го цица му е малку.Ноќе кога се будам пијам вода колку што можам. Му правам 2-3 пати на ден аптамил 60мл. Бебето е една недела. Многу ми е мака и си плачам на моменти зошто не можам да му обезбедам доволно млеко. Душата ме боли кога го земам шишето и му давам формула. Хелп!!!
Земи си капсули лактил, внесувај житарки во исхраната и одмарај, спиј. Бебе што почесто на града. Доволно е се друго што правиш.
Јас пијам лакта микс чај ама филтер, а другиот ми дава зелена столица кај бебето. И пијам млеко... и вода
Дали некоја мама знае решение за мојата мака Бебето ми е 1 година, цица сабајле, еднаш или двапати во денот и со цицање заспива. Меѓутоа едната града ми е ептен помала и се има како грутчиња напраено. Има и мек дел каде се лачи млеко сеуште, но повеќе се грутки, две средни. Пробав со листови зелка малку омекнаа, и со туширање (топла вода) исто малку. Некое подобро решение?????
Леле моиве да ги видиш само меки како памук ама кога молзам под 100мл не сум вчера дури 200 сум измолзила ама 7 саати немав молзено...
Бебе почесто на града. Мало е нема сила да влечи, па затоа може после секој подој да се молзиш. На почетокот и јас сум давала АД не е ништо страшно, па после до 6 месеци бевме на екслузивно. Го знам тоа грдо чувство кога даваш шише, но не се нервирај тоа, повеќе делува на млекото. Одмарај јади овес, имај верба во себе