1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Педијатар одредува дали и колку адаптирано млеко согласно староста на бебето. Ако ти е прашањето дали некоја на своја рака му дава, не. Која мајка сака ад да дава ако има млеко?
    На место ти е муабетот, супер што одма ти дошло млеко ама очигледно не ја знаеш фрустрацијата да немаш млеко, да те караат сите околу тебе, да даваш максимум и пак да не цица. Прворотка, сакаш да си го држиш бебето, да го гледаш, а ти го носат гладно нели за да цица, ти немаш млеко, тоа се дере за јадење... Воопшто не е лесно.
     
    На Среќичка, ines.h, Larahappy и 4 други им се допаѓа ова.
  2. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Прочитај тука има и членки кои му прават и повеќе на бебето на своја рака, за да не остане гладно. Верувај темава ми била како оче наш, не само да прашам нешто туку ја имам исчитано од прва до последна страница и сеуште ја читам и секојдневно и се восхитувам на @Kaetana што едно исто мислење/совет го дава на секоја членка, се утепува од пишување кутрата реферати и на крај пак исто прашање, што ако врати некој страна назад ќе го види одговорот што и треба. Друго да, ми дошло млеко и не сум имала таква фрустрација. Но тоа не значи дека сум немала никаква. Замисли пак во мојот случај млеко имаш, бебе сака да цица, и се е супер до 10дена по раѓање и после оп мораш да пиеш лекарства од кои бебето не смее да пие твое млеко 20 дена. Го држиш во раце, плаче, ти шмука маица, градите ти течат а ти спремаш вештачко и го раниш бебето, после одиш со пумпа се измолзуваш и го фрлаш во шолја твоето млеко и така на секои три саата, цели 20 дена пропратени со молитва само да не ми секне млекото и бебе пак да фати цицка. И успеав ама упорност жени, тоа е, и да пробате се што е ваша моќ, и пак ќе кажам во некои случаи треба и среќа, еве мојата после 20 дена ад млеко со шише не се навикна на шише фати града одма, и после теравме ексклузивно доење скоро до 6 месеци.
     
    На Anna-Karenin, Chanell*, dunika и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Се наежив само што прочитав. Мене само ми смета кога има осуди кон мајките што мора да дадат ад во одредени моменти.
     
    На dunika, ines.h, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. MACKICA1902

    MACKICA1902 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Мајка, адаптираното по препорака на педијатар.на прв преглед бев по неколку дена и со двете дециња за да видеме напредок и тогаш одлучи педијатарот дека ке треба плус адаптирано 3 пати на ден а колку испие испие, другото го фрлав.Јас имав малку млеко кое се зголеми со текот на времето( на два саати на града плус измолзено)Колку повеке цица бебе толку повеке млеко.Е сеа сите бебиња се различни, некои имаат сила да влечат некои не.Работата додека научи да цица како што треба па до тогаш се измолзував исто.Уф тој шприц тие патронажните се го препорачуваат и само поради тоа да не навикне детето на цуцла од шише..Кога ке ми текне керка ми ја ранев со шрпиц..прворотка и неискусна...затоа со второто право цуцла и измолзено млеко па никогаш не се навикна на шише и денес супер си цица..
     
    На S.J.Parker и Jana06 им се допаѓа ова.
  5. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Зависи до детето, некое се навикнувс на цуцла и неќе да цица. Истите проблеми ги имав со 2деца, првото неќеше да цица се научи на цуцла а второто цица и неќе цуцла.
     
  6. MACKICA1902

    MACKICA1902 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Секое дете различно.Моиве до три месеци беа комбинирано (шише и града) после само града
     
    На lovely12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Andra

    Andra Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    На колку време ги доите бебчињата.Моето е 2 недели и е спанко.Ако го оставам да спие цица и на 5 часа.Го будам на 3 часа дур се расони не фаќаат и 4 часа.Роден е 4600 првата недела качи 145 гр а втората 450гр.Ако може совет дали да продолжиме вака или да го будам почесто.
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Не сум многу искусна ама мислам толку мало бебе треба да цица почесто буди го на 2 наместо на 3 часа па така ќе ви дојде на 3 да цица а не на 4 часа...Моево тогаш цицаше сеуште и цицаше на сат и пол 2 ретко на 3...
     
    На Andra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Ако нема жолтица ноќе може 3-4часа... а дење најубаво на 2. Убаво напредува. Ќе почне само да се буди...и кај мене беше спанко па сега плачко:D
     
  10. Andra

    Andra Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Жолтица само ден два имаше уште во болница.
     
  11. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Дали ви се случило во градите да имате топчиња? Претходно немав, сега на десната града блиску до брадавицата чувствувам дека имам.
     
  12. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    5.362
    Пол:
    Женски
    Ви се имат ли раскрварено брадавиците?
    Што користите во тој случај ?
     
  13. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    10.346
    Jа ставав ланoлин се среди за брзo време. Мoжеш да мачкаш oд самoтo млекце.
     
    На Ivona S, eta и MinnieM им се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Би прокоментирала само дека не постои залудно влечење, секое влечење е сосема нормално и потребно затоа што претставува стимулирање за да надојде млеко. А после раѓање во болница бебето пие колострум од градите, и дури тоа да е само капки, верувајте дека тие капки се чудо од здравје! А колострум имаме сите, затоа што се формира околу 16-17 недела од бременоста.

    Верувам дека во болница го следеле бебето и го пазеле од дехидрација, а инаку сите бебиња губат околу 10% (понекогаш нешто плус од тоа) од родилната тежина. Ако било нешто драстично верувам дека ќе реагирале.
     
    На Среќичка, mal.ecka и ines.h им се допаѓа ова.
  15. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    5.362
    Пол:
    Женски
    Од молзење со електрична мозалка, ми се расквари едната брадавица.
    Ставам и јас ланолин и вит д3 капки.
    Не знам дали се оправени, па да почнам пак со измолзување.
    Малата зошто во инкубатор беше, се научи на цуцла, не се ни потрудува да цица, а реално и јас вадам неколку капки млеко.
    Барем со измолзување да и го дадам тоа што го има, но ми страв пак да не ми се раскрварат.
     
    На Dua! му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.515
    Допаѓања:
    2.159
    2-3 вечери со ред посебно навечер пројавува желба за цицање, кога го држам се врти накај градата и врти со главчето лево десно со отворена уста. Му дадов на града ја фаќа одвај некако цицнува 5-6 пати ја пушта и после не може да ја фати пак, му дадов со силиконска цицаше 5-6 минути. Се прерадував, сабајлето цицаше повеќе од 10 минути и толку веќе не сакаше цел ден града, само од шише. Не ми е баш јасно зошто некогаш сака дури и сам бара, некогаш како да му е дури одбивно, а гладен е, кога ќе му дадам од шише си пие.

    И друго, тие што доите дали пиете калциум, д3... не знам дали е до тоа, но кога ќе станам да одам дур да се размрдам не можам да се движам убаво петите како да ми се здрвуваат.
     
  17. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Епа кога ќе побара бебето, чим напредува... 450 не е малку
     
  18. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Масирај и ставај бебе на града. Масирај и додека дои. Можеш и топли облоги непосредно пред доење.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Ставај ја на града што почесто, биди упорна. Прво на града, па после да го пие млекцето. Таков е почетокот со доењето, рани и крварење, ама за 10-тина дена ќе се среди, само не се откажувај. Тешко е, знам, ама што почесто е бебе на града, толку побрзо ќе се нормализира.
    Секој момент кога не цица и не пумпаш, седи намачкана со ланолин и по можност без маица, да дишат градите и да заздрават побрзо.
     
    На eta, mKdevojce, MinnieM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Andra

    Andra Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Близнаците 35 недела ги родив,само машкото сакаше да цуца и убаво почна после 1 месец а со пумпа молзи се почесто по малку.Брзо се уморува и заспива гладно дека е малечко јас давав прво 30мл адаптирано па после на града во првиот месец .Кога ќе фати убаво да цица тогаш прво на града па ако плаче и е гладно ќе дадеш адаптирано или твое млеко молзено од шише.
     
    На eta и Ivona S им се допаѓа ова.