Јас си пијам по едно .. Најчестп кога заспие.. Сма се случило да се напијам и да стани за 15 мин и цицал.. Доста читав нс нет и пишува дека не е страшно едно па и две да испијаш
Имам пријателка која со двете и фодека беше бремена и кога доеше пушеше по една две со кафе се пазеше ама пак че запали.. Па ене двете децс израснаа маженца машала
Дали треба да се внимава при внес на овошје или било што што е алерген додека доиме.Прашањето ми е дали се манифестура кај бебе како алергиска реакција и ако има некој искуство на што да се пази најмногу.
Јас многу пазев на алергени и тука прочитав дека си јадат се. Па почнав и јас ама досега немал реакција.
На моја пријателка малечката ѝ има егзема, и тaa избегнува јајца, млеко, морска храна. Јас би ти рекла да си јадеш се, и да пратиш. Преку млеко мислам дека не може да има многу сериозна алергиска реакција, евентуално ете како дерматит или проливче. Поправете ме ако грешам.
Јас сум многу против цигари посебно па во бременост.. никогаш не сум пробала ни па сум сакала. Од кафето не би требало да има некоја штета, ако грешам поправете ме.. Сестра ми пушеше исто во двете бремености, фала богу за сега не им е ништо..не знам како не и се гадеше. Јас неможев да бидам во присуство на некој пушач а не па да пушам
Женски, До кој период се воспоставува лактација? Нешто прочитав овде до 3 месец. Првиот месец и половина мн ми надојдуваше млеко, пишував баш (цела недела со 38 тт, се одмолзував, зелка, топли бањи, масажа...). Денес влегуваме во 11 недела, градиве не се полни како порано,не течат како тогаш. Побрзо ги испразнува малиов(значи штом се тврди и подујани побрзо омекнуваат по подој) а претходно подолго ми беа тврди/полни. Наодручек или навечер ако се попразни ко нервозен е бебушов оти се навикна можеби на пообилно течење а сега можи повеќе се мачи да трга.Инаку, пелените му ги менувам на околу 3 часа, полни се (некогаш претешки, некогаш помалку) а после месец ипол почна да кака поретко (по еднаш на 2,3 дена а се случи дури и преку 4 дена и тогаш преобилно кака штом вака поминуваат повеќе денови). Прашањево ми е дали можам нешто да превземам за да ми бидат градиве пополни бидејќи многу стравувам да не снемам млеко а сакам да дојам. Прво бебе ми е, претходно не ја знаев темава, пред пораѓај само се плашев од пораѓајот и не ччитав на оваа тема но стварно потоа видов дека доењњето е цела наука (како што еднаш мислам @Dikinzi дека имаше пишано). Ќе ја означам @Kaetana како жена на која и се восхитувам на знаењето околу доењето ,добро би ми дошло мислење. Да напоменам дека првиот месец малиот стигна до 4850гр, педијатарот рече е супер. Неделава сме на контрола а дома како што се мериме покажува околу 6,5кг (некогаш 7 макар да не верувам) . Сепак, се мислам да не треба и ако сеуште има шанси за да имам повеќе млеко. Пијам хумана за доилки еднаш на ден, сок од јаболко, ретко боза а најмногу вода.
Тој страв да не снемам млеко ах... Знам, го имав и уште го имам, 4 месеци. Се навикнав и го засакав доењево, нема полесно нешто, иако се мисли спротивното, не знам за поинаку. Да ти одговорам како што знам. Нема да снемаш млеко, тоа сигурно. Штом бебето цица постојано, ти си на исхрана балансирана, разновидна, протеини, млечни продукти, вода, чај, мрсна храна; се одмораш повеќе, млекото ќе си биде тука, ќе се произведува. Во однос на мекоста, кај мене на почеток исто така беа потврди на почесто, бебе ќе исцицаше, ќе омекнеа и бев психички мирна дека е ок. Тоа до 2 месец. Едната града секогаш како помалку да ми правеше млеко, во смисла кога цицаше од другата, од оваа првата не капеше само по себе. Ама што се случи еднаш? Така за малку ќе направев беља. Мислејќи дека немам многу од таа, го ставав повеќе на другата демек да се нацица и да сум мирна, да не го мислам или кога ми се спиеше навечер па набрзина да не го префрлам од една на друга. Градава со "помалку" млеко се преполнила, а беше помека на фат, ми се направи грутка и среќа што ја осетив веднаш, пиев антибиотици, за да не дојде до полошо. А пази, мека беше. Кога почнав да молзам околу 100 мл од одма извадов. Значи, после 2 или 3 месец градите омекнуваат. Самото бебе ќе го сфати ритамот, дека мора да влече па надоаѓа млекото. Поинаку нема. Моево сега трга тргаа осеќам на почеток не му доаѓа, па поупорен продолжува, засилува демек ајде кај сиии (колку ми е слатко тогаш) и само осеќам наеднаш отпуштање. Ама и сега ако повеќе саати не цицал, градиве минимално се потстврднуваат. Значи, само редовно цицање и немате гајле И да дополнам: Бебе одлично си напредува, браво! Само напред!