Мoетo бебе самo држеше града без да цица и испадна дека има ресичка пoд jазикoт штo и пречела. Oдма не мoжевме да jа средиме па сo малце упoрнoст сo силикoнски брадавици пoчна да влече вo бoлница. Дoма дojдoвме пo два дена и веќе цицаше нoрмалнo. Буквалнo 2-3 пати сo брадавица и влечеше пoтoа.
Ама мојот цица. Еве си го дојам моментално. Вчера сестрата го држела на меше легнат, го тапкала и се подригнал и заспал. Очигледно не му се цица секогаш кога отвара усте.
Што се прави во случај кога во едната града млекото е надојдено колку толку а на другата не? Се породив на 22ри. На едната кога ќе притиснам си има нормално (прска) на другата само по многу малку ќе се појави некоја капка. Да го ставам бебе на града да влече на празно? Со пумпа?
Ако има капки значи имаш млеко ама треба да стимулираш да ти надојде. После цицање влечи со пумпа. Мислам дека треба исто да ги третираш градите (секој подој да почнува каде што претходниот завршил) а од таа града каде што нема најдодено многу млеко, да стимулираш со пумпа по цицање.
@LadyC кај мене беше слично со второ дете, прв ден колострум, втор ден осетив дека надоаѓа но меки гради, трет ден исто меки а млеко има, ама четврти ден надојде многу и се скаменија. Значи добро е што не ти се тврди а сепак има млеко, зашто на новороденче на тоа желудниче му се потребни околу 20-30 милилитри. Еве што приметив јас... Сестрата кога доаѓаше за дохрана, им даваше цел шприц од тие најголемите по 20мл. Некои бебиња одма бљуцкаа некои не. Мојава бидејќи беше од поголемите (3800 се роди) не бљуцкаше па ѝ полнеше уште пола шприц (значи уште 10мл) но веќе тогаш го бљуцкаше. Веќе четврти ден им забранив да ја дохрануваат зашо ќе пукнев во цицкиве Ако твоево влече и голта ко што треба, сепак си искусна да процениш, значи брзо ги исцицува тие 20-30мл. Мојава цицаше 5мин и заспиваше. И ја враќав во креветче. Во врска со "барањето" цицка кога е гладен ќе мора да му помогнеш. Кога ќе отвори широко уста ти отпозади на вратчето и главчето постави дланка за да го приближиш а со другата ќе му ја бутнеш во уста и направи компресија да почне да тече млеко за да осети дека му доаѓа во устичето и да зацица. И моја искрена препорака за повеќе млеко, ставај го да цица на секои пола саат без разлика дали побарал. @Среќичка ставај го почесто на таа града и прави компресии за да сака да цица. Ќе се "разработи" и таа
Се' додека трае доењето ли мириса (смрди) потта? чаре некое? Мислам откако почнав со чајот за доилки на Веледа, ми мириса на тревките од него (има и лимонова трева меѓу другото)
@LadyC давај да цица цело време. Нека седи цел ден денес со тебе и контакт кожа на кожа. Разголи го, верувам топло е. Тоа што ти се меки градите не е многу страшно и не значи дека немаш млеко. Ама мора да имаш стимулација од бебето особено пожелно директ преку контакт кожа на кожа. Без силиконски, по можност! Без давање цуцли. Прави компресии при секое доење, внимавај каков е фатот на бебето - нека биде што подлабок. Би пробала и да избегнам хранење со шишенце, затоа што претставува ризик за доењето. За стимулирање можеш да измолзуваш после доење (за со шприц давање) ама поважно е да е бебето почесто на града и со компресии да го заинтересираш за доење и да голта. @Среќичка ќе го ставаш бебето на двете гради и ќе гледаш кога тоа самото ќе каже дека му е доста. Како што не сме симетрични, нормално е да не ти се ни градите симетрични и да има некоја разлика. Ама дека немаш млеко, не верувам. Гледај го детето и нека не ти се репер пумпите. Во секој случај не го ограничувај на една града од подој.
Да. Во чајот на Веледа има грчко семе - fenugreek или Bockschornkleesamen на германски, а тоа се лачи и во пот и во урина. Ако ја пиеш препорачаната доза од литро на ден, нормално е да ти мириса и пот и урина на семето. Без тоа пак не ја бива, оти тоа е најважната тревка одговорна за секреција на млеко.
@Kitten и мојов е големо бебе (4050 гр) роден, и цврсти гради не осеќам, а денес ми е 4ти ден. Осеќам само дека ми се жешки и ми тежат, ама не ми се камен ко со Константин. Ми падна на 3800 сега, ама пак почна да качува. Сестрите ми викаат дека и 90че си брцкал од шише. А јас до вчера едвај 20 вадев. И денес сабајле, ме исцица осетив ме олесни сабајле,па си бараше уште и плаче нервозно за да јаде. Ептен е лапач. Дај ми совет жити се што да купам за да ми надојде повеќе млеко , да не мора дохрана да користам, оти моето му е малку 100% . Се консултирав и со педијатар сега, ми кажа да имам дома една формула за "украс" и да земам чај за доилки и да форсирам мајчино... Мене ме плаши моментот што он плаче многу ако е гладен у не му е доволно. Се си мислам нема да му стигне...
Ви постирам нешто што верувам на многу од вас ќе ви помогне да се смирите и да сфатите дека сѐ што ве чуди со вашето новороденче е всушност многу нормално. Овој пат решив да ви го постирам тука текстот, а да не ви ставам линк, за да е поедноставно читањето. Превземено од themilkmeg.com, Meg Nagle IBCLC
И јас мајки имам на едната на другата немам.. Мн малку нервно ме фајча дури.. Тој убаво ја исцицува едната и нема потреба фа се молзам а другава што нема уште за побрзо и нема.. Сега засега таман е океј е не плачи икао на 3 4 наврати навечер знае да ме исцица да не може да заспие и плачи се лути оти нема и после јсс се нервирам отие гладно.. На крајот ќе го дохранам не ми е проб.. Ама сакам да кмам и на другата барем малку повеќе
Без нервози, дури и да не користиш ништо друго за надоаѓање млеко сама по себе ќе се регулира лактацијата. Ќе го ставаш секој пат на цицка кога ќе заплаче, баш како што ти пишав погоре дури и на пола саат без да побара. Штом ти олеснува после цицање, добар лапач е 90 мл според мене не е потребно за толку мало бебе, без разлика што е поголем. Само почесто доење, имај во обзир дека мајчино млеко брзо се вари. Јас првите три месеци бев со атачмент на цицка без можност да мрднам! Некогаш дури и на 15 мин сум ја доела. Супер напредуваше, не сум дала ниту еднаш шише ад, ниту сум купила за украс, ниту пиев додатоци за лактација Малце поише самодоверба и програмирај се дека следниов период ти си му се, и храна и цуцла лажалка. Ако те прави психички помирна дека ќе имаш повеќе млеко со некој додаток, купи си чај за зголемување лактација. И уште ова... Во тежина нормално е да намали, до 14ти ден од раѓање треба само да врати родилна тежина. Така да без паника. Ние излеговме 3550, значи минус 250 на петиот ден.
Мене кога реков едната имам другата не ,педијатарот во болница ми рече повеќе изгледа ја форсираш едната града а млекото исто си е и на двете гради.Форсирај повеќе на таа града да цуца што мислиш дека нема
И јас немам самодоверба... Ќе се обидам да го ставам, макар и да влече на почетокот на празно од едната вајда ок е... Ќе си речеш второротка но не знам што ми стана. Ми се плаче. Се надевав дека убаво ќе ми надојде млеко во болница, но ништо. Се надевам и сакам да успеам.
Хормони до плафон, нова ситуација дома, нов член, сѐ влијае! Пополека и без притисоци. Обавезно дај го поголемкото некој друг да го гледа и шета, и по можност некој друг да ти направи ручек Посвети се на себе и бебево, многу одмор и пиење течности, и пак ќе кажам без притисоци, за некои работи треба време и трпение. Baby steps Секако ставај го нека влече макар на празно, па после тоа понуди му ја другата дојка.
Кога те читав во труднички не ми изгледаше несигурно, а тука сега се мислиш дали имаш млеко. Охрабри се мајка, ке процица. Синко се роди покрупен од твоето, ама јас не ни помислив дали ке имам млеко. Во болница ми ги извлече брадавиците со силиконски и една година се во љубов со цицка. Сигурно ли плаче затоа што е гладен? Жешко да не му е? Грчеви? За млеко вода најмалку 2 литри, јогурт литар, сок од јаболко, чај за доилку хумана или хип, ама хумана е повкусен. И на града нека е постојано. По цицање пумпај. Штом имаш ке надојде.