Што се случува после 3тиот месец? Јас сум постојано со цицка надвор, баш како постот погоре. Не ми пречи, сакам да дојам. Но сакам да имам малку време и за себе. Почна грбот да ме боли и колковите од седење и лежење во иста положба. Би сакала синко да има барем еднаш во денот поголем размак меѓу доење за да може да направам нешто за мене. Да се исфенирам, да си ги средам ноктите, било што за да се осетам ко човек. Ќе биде ли тоа во иднина или цело време ќе биде вака?
Можеби и јас би имала млеко на претек само од вода, ама правев се за да се осигурам дека ке имам млеко за синко. Плус лето и се потев многу, па течности убаво ми доаѓаа зс хидратација. И фемибион пиев, иако најголем дел доилки не земаат никакви витамини.
Бебе е 6 ипол недели. Последниве неколку дена не бара веќе на 2 часа да цица, туку одолговлекува на 3 па и 4 ако е ептен заспан. Ноќе на 3. Можно ли е со вакво темпо да ми се намали млекото, дека веќе не е нон стоп на града да стимулира?
Малку е порегулирано. Можат веќе поголема количина да исцицаат за пократко време, па и доењето се проретчува, да имаш време да седнеш и одмориш
Кога ќе почне да јаде цврста храна, мада ние сме уште на захтев хах така да кога рикне јас градата надвор, секако без разлика каде се наоѓам и колку е саатот. Ама 3 месец е уште рано, сега почнува твоето повеќе да се интересира за свет околу себе и дополнително немаш време ама кај 6 месец ќе се средиш
Не во еден ден ама тоа повеќе да конзумираш. Ориз и јогурт кај мене највеќе ствараат млеко, педијатарпр ми рече и чаша пиво да пијам на ден ама тоа пак никако не можам.
Леле Лејди, се породи ли? Не видов. Честитки здраво и живо. За млекото да ти кажам, нема ништо што помага колку редовно доење и некористење на никакви помагала од типот на цуцли лажалки и шишиња. Тоа што постојано отвора уста е сосема нормално. Ќе даваш постојано, колку што бара и така ќе се создава потребната количина на млеко. Сите бебиња се различни, па и две од иста мајка се различни. Некој се нацицува и спие 2 саати, некој цица без престан и ни спие ни бутур..Очигледно тебе второво ти се трефна Имаш ли некој да ти помага околу големото? Оти дома ќе биде лудило, мали ќе цица цело време, големото ќе биде ни на небо ни на земја, а ти ќе бидеш гроги ( сори морав искрено да те подготвам). Син ми уште е лепенка и покрај 2 оброци. Како мало бебе тој векуваше на цицка, јас мислев на почеток дека е гладен, ама после видов дека добро напредува. Фактички ние успеавме само и само затоа што постојано го ставав на града. Тврди гради сум имала 2-3 пати и тоа е се. Само дои си, барем до 1ва контрола не давај ништо. Секако, со увид во мочки и каки.
Здраво девојки Потребен ми е совет, па ако може некоја поискусна доилка да ми помогне. Мома ми е родена 1820 во 33 недела, и беше на интензивна нега 9 дена, беше оделена од мене на почетокот. Јас дали дека царски рез, или поради стрес бидејки имав компликации и хитен царски, немав млеко од почеток. Покасно после една седмица отприлика, почна да ми надоагја по малку, редовно се измолзував за да стимулирам, но безуспешно, вадам ептен малку млеко. Кога не пуштија дома пробав да ја ставам бебка да цица, но гревче, немаше сила да смукне. Се измолзував, и имав да и давам по 20 мл. три пати на ден. Имав уште неколку обиди, да ја натерам да цица, но безуспешно. Се до вчера, кога таа сама преку мајцата почна да пробува да дојде до цица. И дадов и чудо, почна да цица, и тоа да тегне, баш како и пумпата. И нејзе интересно, и мене ептен кејф, ја оставив околу саат ипол. Мислев дека си игра, дека немам млеко, но покасно поврати 4 пати по млазче млекче, што значи дека цицала. Се чудам од што поврати, можно ли е да сум имала толку млеко за да се прејаде? Чудно ми е зошто со пумпата, вадам едвај 20 мл. Можно ли да имам повеке млеко од тоа што го вадам со пумпата ?
Имам две пумпи кои кога имав грутки никогаш не ми помогнаа како бебе што успеа да извлече. Исто така пред некое време по грешка зацица не од брадавката туку погоре над ареолата кај кожата, еј ѕвезди избројав од две три цицнувања, како здоболе, тоа е сила невидена. Уживај мајка, гушкајте се галете се, среќно доење.
@LadyC @Среќичка Немам искуство на темава, има многу поупатени што ви одговараат и ве насочуваат, сакав само да ви пишам да ве гушнам, бидете упорни! Знам како ви е
100 % е тоа. Ниту една пумпа не може да извади колку што може бебе да извади со цицање. Пумпата влече механички, а кога цица бебе кај тебе додатно се активираат хормоните одговорни за создавање на млеко. Јас ова просто го пишав ама не запомнив на долго, битно објаснувањето е тоа. Уживајте. Јас кога пумпам никогаш не ја чувствувам дојката празна како кога ке ја испразни синко. Плус, како што пишала членката, грутки ког имам, само синко со цицање успева да ги разбие.
Јас имам едно прашање и не знам баш каде да го поставам.. Купив стерилизатор за шишињата и за пумпата за молзење... Е сега од кога ќе се стелиризираат останува вода на нив и не знам дали да ја бришам водата или одма да го турам млекото молзено во неа..
Мојот стерилизатор е за во микро откако ќе заврши седат затворени додека се оладат и водата си паѓа на дното,па ги ставам во фрижидер и таму стојат до употреба.
Јас ги оставам во него.. Ама и по неколку часа има вода на нив па ги бришам со кујнска хартија... Мислев дека суви ќе бидат ама не било така
@rainbowmama , @MilaSs12 , @Sofi.ja , ви благодарам. Пробуваме и денес, цица, си игра па и заспива на цицка. Се надевам дека ке надојде доволно млекце, и дека нема да треба ад.