Мајки сакав да ве прашам на колку време ги доите вашите бебиња стари 3 недели ,немам вакво искуство со син ми пошто он си цицаше на 3 саати .Ќеркава моја бара многу често да цица повеќе од 2 саати неможе да издржи ,а напредува доста и повеќе од што треба последнава недела качи 440гр.за една недела педијатарот ме советуваше бар малку да ја залажам да не цица толку често пошто со грчевите што ги има дополнително го оптоварува мешето со толку многу цицање ,ме советуваше да пробам да ја залажам со цуцла ,успеав прифати оние мечињата од авент ама и на нејзе не е некој голем љубител.Дали грешам и ја прејадувам ако и давам да цица на 2 саати ?
@0ли Да да да, неверојатно! @elcezelce Најискрено моево мислам дека нон стоп цицаше, до кај 2-3 месеци. Ако бара, давај. Цуцла моево никогаш не прифати, демек ќе форсирав (каква будала, сега ако размислам ) ама брзо видов дека стварно не ги сака сите што ги пробав и баталив. Јас сум му цуцла
@elcezelce ја па обратно сум. Константин ми цицаше на 2 саати 2 години со ред беше така (на ад се префрливме оти на работа ме извикаа ама нема везе тоа) и стрвен беше ептен. За разлика од него Микаел спие по 3- 4 саати па пие секако околу 120мл. Навечер вчера пу пу да не го урочам само еднаш стана у 1:30 и до 6 спиеше. Девојки, деновиве дохранувавме и у болница и денес јас, ама купив пумпа денес и чај за доилки на хумана, кажете ми по колку пати на ден можам да пијам? Почнува да ми надоаѓа изгледа повеќе, дохрана давам 3 пати макс во 24 , ама да убрзам процес и чај земав но не пишува у упатството...
Чајот од хумана е ваљда како хип, 3 чаши од 200 мл се пие дневно. Јас пиев еден од билна аптека рефус се прави, чај за доилки. Истиот состав е како лакта микс мислам. Пиев по литро и јаче на ден, смрдев на грчко семе, тоа има многу јак мирис, ама ефикасен е чајот. Едит: Пиво безалкохолно ми ги полнеше градите исто
Чајот на хумана смее 3 чаши на ден по 200мл. Јас плус пијам сокови од јаболко цел тетрапак и може 2-3л вода ми се фаќа дневно. А за пиво јас знам некогаш по една чаша ама нормално И млеко пиев (со доручек) и уште пијам со нес (два пати на ден) ама синко се утепува од грчење и сега си останав само со кафенце
Јас па дури бев во билница млеко ми надојде одма дури по спавачата ми течеше ,а бебе некеше да цица едноставно уста не отвараше ќе пукнев од мака ,ми се плачеше си викав што ќе правам дома кога ќе си дојдеме ако неќе да цица ,па види како се смени ситуација сега неможам од цицка да ја тргнам .Инаку јас за повеќе млеко пијам сок од јаболка ,вода ,јогурт и чај јас го пијам лактамикс пијам од прилика по пола литар дневно.
Ја знаев бремена да се напијам по една чаша од време на време. Буци таман е. Не штети ја ко што знам малце јас и нетрудна не сум некој голем пивопијач . Општо не сум по алкохол .
@LadyC Покрај ова што ти кажаа, земи и овес. Јас во јогурт го натопувам одвечер убаво да накисне и сркам. И побарај го на срч рецептот од @dunika за бомбиците од овес, супер се
Здраво девојки, би сакала да прашам дали некоја од вас има искуство со присуство на цисти и цистично променети млечни канали и доење?
@eta да е живо и здраво. Секако дека е можно да имаш многу повеќе млеко од пумпата што вади. Има жени кои ексклузивно дојат а со пумпа не можат да извадат ниту 20 мл. Механизмот на вадење на млеко е многу поразличен кога е бебе на градата од кога е пумпа. Пумпата трга вакуум. Толку. Додека бебето покрај вакуум ја собира поинаку брадавицата и со јазикот долу стимулира на долниот дел на ареолата да се излачува окситоцин кој е хормон на испуштање на млекото (контракции на млечните канали). Ако имаш желба за доење - ставај бебе на секои 2 часа (па и порано). Без обврска, без нервоза, баш уз игра и уз гушкање. Зголеми контакт кожа на кожа. Прво доење после дохрана. Ќе видиш како ќе оди. Ако убаво фаќа града верувам ќе успее да ти стимулира доволно млеко за доста брзо време. @elcezelce давај кога си сака бебето. Дебело бебе кое е само на доење не постои. Вооброчување и пролонгирање на подои може да направи проблем со доењето. Гушкај си бебе и давај да цица кога сака.
И јас имам едно прашање до @Kaetana.. на почетокот синко качи многу малце па совет од педијатар добив да цица на 2 часа. Од тогаш си качува нормално по 200-250гр неделно. Е сега јас веќе една недела навечер не го будам за цицање туку го оставам он да диктира. Некогаш знае да се успие и да не цица 3-3ипол часа. Дали со ова темпо може да ми се намали млекото со оглед на тоа што бебе за некој ден прави 40дена? Само се мислам и туфкам зошто реков ова има да го дојам и сега се плашам да не ми се намали млекото така магично Заборавив да напоменам дека преку ден си бара точно на 2 часа
Лично немам искуство, ама можеш да ми пишеш што те интересира, и да ми пишеш точна дијагноза. Не е страшно. 3 саати навечер е сосем ок и не е долго време. Одмори и ти малце. Штом е тргната работата, не верувам дека имате проблем. Бебиња што развлекуваат подои навечер ги надокнадуваат преку ден. Ама 3 саати не се развлекување уште. Не се секирај.
Јас и винце и ракија и пиво сакам. Откако останав бремена немам помирисано алкохол. Кога ке престанам да дојам ке се опијанам од една голтка.