Хелп. Некако се помалку цица бебе, а и не плаче дека е гладен. Вака нормално е се, во однос на расположение ама ова ме убива. Не сакам да снема млеко 7ма недела од раѓање и 5та од термин тераме Решение некое?
Читај не погоре. Чај за доилки на хумана. По две чаши испиени имав веќе дупло, по трета веќе вадев уште повеке, сега имам и убаво млеко, ми беше поводлесто и поголема количина. Девојки фала ви, царици сте
Да се измолзуваш меѓy доења за стимулација? На бебенцето може му е некој период. Ваљда не му даваш вода/чај па да мy е полно мешето од тоа.
И мојот беше ист , си играше со градата не ја лапаше,ама инат ме фати, циц само нудев, па виде не виде си фати. Само упорност.
Моево првиот месец беше така, не мy идеше цицањето, плус мало, поспано... Јас толку уплашена да не снемам млеко, нон стоп бев со пумпата.
Колку пати на ден треба да какаат бебиња? Моето е 6 дена и кака еднаш дневно. Си мислам дека е малку. Другиот син какаше 5-6пати на ден.
На ад е или се доите? Малку е 1 дневно, давај му пробиотик ако не си почнала, и ако е на дохрана и чајче по малку.
Мене ми е така на левата града странично, баш од вчера. Ако не ти помине за брзо, пиши ми пак. Обично се случува од време на време да има вакви болки, дури и да се врати она чувство на иглички боцкање од надоаѓање млеко, нормално е. Секако, ако помине за неколку дена. Јас очекувам дека кај и да е ќе помине, бидејќи не ми е прв пат. Сѐ тоа ок, разбирам, и титули и дипломи. НО, многу од тие примариуси доктори сериозно кажуваат контра совети кои на крај многу мајки ги довеле до проблеми со доењето. И јас ги поминав со првото дете муабетите дека не треба да му давам кога ќе посака, дека старото млеко и новото се мешале и му правеле грчеви, и дека бебето барало да цица оти имало грчеви и го болело стомачето, па тоа било некој зачаран круг. Па затоа и бљуцкало. Поминат ми е тој пат, јасно ми е сѐ. Едно дете во Македонија го доев, и во Ремедика го родив, па совршено ми е јасно буквално сѐ што пишувате тука. Такви примариуси исто така советуваат и една града по подој (обавезно), и пропагираат водлести и мрсни млека, даваат уште во болници силиконски брадавици и кога не треба, промовираат шишиња калма како да се вашата трета цицка. Ама ај. Еден ден се надевам ќе престане тоа лудило и тој конзумеризам таму. /// Туку мој проблем. Не е проблем, туку е повеќе да се испукам. Баш на тема доктори што читале а не дочитале. Имам мака со крв во урина. Немам болка, ништо. Само ако сум пример надвор, и немам каде да одам во вц, и држам 3 или 4 саати, кога ќе дојдам дома да мочам, мочам црвено. На кратко, бев на уролог, не ми веруваат, ми земаа крв со катетер (ужасно чувство). Па ми дадоа демек рандом антибиотик ако било бактерија (а не прават уринокултура тука). Па да дојдам за месец дена. Денес беше тој месец дена. Пак катетер (повторно пукнав од болка), пак крв, и денес ми правеа цистоскопија. Многу болеше. Нејсе. Среќа, бешиката е во ред и ништо не се виде на неа. Што значи сега следен чекор е компјутерска томографија на бубрези, бидејќи ехо е направено, и делува дека е сѐ ок. До кога сум планирала да дојам? Какво глупаво прашање. КТ се правела со контраст и сум морала да го одбијам бебето за да ја направам. Па демек доаѓаме до некое глупаво решение да се видиме за три месеци и да видиме што правам со доењето. Заминав, и побарав на сајтови и во книгите дома за контраст и томографија и доење. СЕКАДЕ, буквално СЕКАДЕ пишува дека компјутерска томографија СМЕЕ да се прави и дека НЕ ТРЕБА да се престане со доење. Пишав одма на радиолозите каде што сакав да закажам термин. Со огромно разочарување ми вратија дека во нивната ординација пациентките кои требале да прават КТ морале да имаат престанато со доење. Пишав на уште 3 места, чекам да видам што ќе ми одговорат. Значи нерви кинам, сериозно. И ус пат го најдов следново што го пишал Dr.Newman, па проценете вие колку елоквентни се медицинските лица во светот на тема доење.
Oчичка, во принцип треба кога ќе те касне да го прекинеш доењето и да се налутиш видно. Да види дека не смее така да прави. Особено да го прекинеш доењето за да сфати дека нема да цица ако продолжи така да прави. Јас ќерката ја доев до 29 месеци, ги имаше сите заби, ниту еднаш не ме касна. Синчето има 5 заби излезени, долу единици, горе единици и една двојка, и нема пробано да ме касне. Само еднаш заспа на гради и некако ја стегна вилицата па ми беше малце непријатно и се тргнав. Ама спиеше, па верувам дека му дошло спонтано да ја затвори устата. Дај до знаење дека не е во ред гризењето. Прекини подој слободно. Само не прави смешни реакции, да не му падне смешно, па да те гризе после за да предизвика реакција кај тебе што му е интересна.
Ми направија. Ништо нема на ехото. Крв во урина имало или од бешика или од бубрези. Бешиката ја виде детално со цистоскопија, останаа бубрезите ама требало со КТ.
Не не ме каса. Прова како помал три пати му изреагирав и престана. Ова повеќе ми личи како од влечењето на брадавицата да почнала да се откорнува оти голем е веќе силно влече, или пак горните запчиња ме дупчат и направиле дупче. Баш на делот каде што му е горната вилица се дупчињата. Од долните запчиња заштитена ми е поради јазичето што го става во исплазена состојба кога цица, но со горниве....
Ја мислам дека целиов период од пораѓај навака следењето др. Њуман ептен ми се најде. Текстовите негови во многу наврати и психолошка поддршка даваат. @Kaetana јас најдругарски би те советувала и би те замолила, кога веќе тропаш по тие врати да си напраиш и едно екг на срце. А од срце ти посакувам и верувам дека не е ништо.
Цело време баш сакав да прашам по колку чаши пиете ид истиов чај. Јас според описот мислев дека по една само на ден треба, ама и јас ќе зголемам на две. Во кој период го пиеш? Јас обично после ручек.