Навистина си во право. Јас првиот месец искрено појма немав за правилно доење. Кога ме искара педијатарот дека многу напреднало, па да цица на три саати барем а измеѓу да залажувам со чај (што никогаш не дадов)....е тогаш градиве ми се преполнуваа, кревав тт, се одмолзував колку можам а да давав на бебче немаше да го фрлам тоа млеко Додуша тогаш малиов спиеше и дење така подолго, по три саати секако а млеко надојдуваше невидено. Жедна бев како никогаш вода да не сум се напила,устава ми гореше...Сега веќе си цица на почесто, некогап повеќе или помалку (колку да си се гали) и одма друго е во градиве
Од чајов може 3 чаши на ден. Јас на почетокот пиев по три ама сега намалив на две а кога немам време останувам на една Го пиев сабајле, попладне и навечер. Сега после првото кафе одма правам чај и пред спиење навечер уште една чаша мавам
Три пати на ден пијам мила. Преку ден имам, ама вчера вечер станав со празни гради. Цица бебе се нервира, нема млеко, стегам ја излага бело, ама ќе фати ќе шмукне ќе пушти. Се измачивме и на крај дадов ад. Не знам што ќе правам вака. Еднаш пука тече, еднаш се осеќам како ич ништо да немам. Нервози ме јадат бетер.
Трпение и упорност мила, не е уште регулирана лактацијата. Ќе се среди, само ставај го секој слободен момент на града нека влече и пиј си чај. Општо течности што повеќе. Иста бев првите дена додека убаво ми надојде млеко
Значи стега со вилицата. Тогаш прекини доење, и дај пак. Да фати подлабоко. Или ако не сака веќе, ок. Кај мене стегање обично има кога е на крај на подој и не е веќе заинтересиран. Има вакуум ама пушта полека, фатот му станува поплиток, и стега. Само така. Со корекција на фатот. @LadyC нормално е навечер да се многу понервозни и така да ти изгледа. Давај и понатаму и пробај ти да останеш смирена. @Yowannty па да направам.. а каква е поврзаноста на овие две работи? Не сум хипохондрик, не се секирај, ама баш ме заинтересира.
Ти проверија ли уреа ,креатинин ,и друга пропратна лабараторија ? Исклучија ли постоење на бактерија со земање на урина преку катетар ? Можно ли е да си имала камче или песок и да го имаш измокрено бидејки тоа знае да даде крв во урина кога ќе се измокри ?Верувам дека не е ништо страшно чим цистоскопијата била во ред ,чисто за ти да бидеш смирена направи си една КТ или МР .
И јас барам такви. Во lisca има околу 1000-1400 денари, и womens secret 1000 денари. Ги немам видено во живо какви се, ама ми изгледаат добри. На нбб видов на интернет слика, поевтини се, 500 денари, ама не знам дали ги има кај нас. Деновиве ке одам и ке ти кажам.
Јас имам на нбб,ги купив пред година ипол од Т.ц Бисер во тој позади отворениот дел после трафиката Киоск,имаше придавница за долна облека и најдов Задоволна сум и да околу 500ден беа
Мене повеќе ми е за брадавиците, многу се познаваат, и влошките што ги ставам се познаваат. Сакам да најдам прслуче што ке изгледа убаво на маица. А дебел ли е материјалот на корпите? Материјалот на корпите каков е?
@Kaetana ти благодарам мила, баш тоа забележав, преку ден ептен имам мн, навечер ќе треба изгледа да се измолзувам почесто да надојде.
Фала. Исти се како тие јас што ги имам, на h&m се, како беби дол е материјалот. Не ги држат градите, плус пупките се познаваат.
3140 се роди а 3000 исписна. Сега на 2 ќе прави 3 полни и баш сакам да ја мерам да видам точно на 3 колку е тешка. Инаку сакам да почнам да полагам, оти ми остана на пола пат полагањето за кола додека бев трудна оти ми беше страв дека бев со абортуси. И не продолжив реков ќе одам кога ќе се породам, бебето цица на 2 сааати. А мене ќе ме нема дома ако почнам 2ипол 3 саати максимум, купив пумпа за да се одмолзувам во случај да нр издржи ако р многу гладна, имам шише на томи типи со него и давав дохрана на почеток и цицаше истовремено, немаше проблем со шише и града, ама сега ми е страв некако да не ми се одбие од цицање, што мислите? Само на цицање сме, значи кога ќе ја оставам ќе и даде свекрвами ептен ако плаче многу додека ме нема.
Плус и тоа, да, и мене ми смета, тенок е метеријалот на Лиска, како беби дол, нема корпа, се се гледа.
Во продавницата спроти Лисца во Сити Мол видете, таму купив. Не знам дали е Сара Фешн продавницата, не ми текнува. Без жица се, но корпата е добра и не се познаваат брадавиците.