Кога сме кај градниците. На алиекспрес има многу убави сп цени од 100 ден до 400ден тие со корпи. Дали некој порачал скоро ви стигнува ли од таму? Јас тоа што порачав пред 2 мес вика дека ми е во МК од пред 2 нед ама абер нема од пошта..
Ако е веќе 3 месеци скоро, а претходно си успеала и да ти пие од шише и да цица, мислам дека нема да имаш проблем. И јас бев така, малово нон стоп бараше да цица, а некогаш мораше да излезам на состанок или на терен два три саати, па оставав шише, исто Томи Типи. Пробај еднаш и види, а од еднаш пиење од шише сигурно нема да се одбие. Кој ќе ја xрани покажи им како полека да ѝ даваат, со паузи. Мислам дека paced feeding се викаше тоа, читни.
Не знаев во која тема да споделам. И за трудници е и за пресни мајки https://www.instagram.com/p/CDOAj-EHBGL/?igshid=w8cnqn0onsv0 Мислам дека мора да имате инстаграм да го прочитате....Ако не функционира ќе ви споделам принт скрин. Девојчево зборува за нејзиното искуство со доење мене ми остави нависина силен впечаток..
Мајки многу се загрижив! Му давам на бебе попладнево да цица, пишти и се трга. Направивме АД и го испи. Се смири. Вечерва повторно му давам да цица, исто. Пишти, вришти. И повторно направив АД. Незнам што се случува? Зошто одбива да цица? Ми е страв дан одбие.
Голема е веројатноста да е скок во развој. Можеби е прегладна, па не може да се стрпи да надојде млеко. Пробај нуди иако не дава знаци дека е гладна. Нуди пред 2 часа. Друго што ми паѓа на памет, иако е само од што сум читала на интернет, е некоја храна што ти ја внесуваш дс го промени вкусот на млекото? Имам читано дека кога доилката добива или ке добие циклус, бебињата одбивале да цицаат. Кај мене такво нешто не се случи. Би ти рекла да бидеш упорна. Смени соба. Пушти клима. Затемни ја просторијата. Пушти музика. Ти опушти се и не биди под стрес дека можеби нема да сака да цица. Со давање ад ги зголемуваш шансите да се одбие.
Ја читав приказнава. Сакам да дадам мое размислување, сега откако влегов и јас во доенечка приказна. Никого не осудувам, зашто доењето или недоењето не е никаков грев. Секоја има право да дои ако сака и/или може, ама има право и поинаку да постапи. Треба мноогу навистина многу да се разработува темава, зашто има многу страни, гледишта, ситуации. Девојката ја поддржувам во нејзината одлука, додуша ја разбирам. Интересно е што од првин сакала и била убедена дека ќе дои. Тоа е тој момент кога оддалеку го замислуваме блажено, спонтано и природно одвивањето на нештата. Значи тука треба да се почне со подготовки емоционални психички и физички можеби. Но, откако започнало надоаѓање на млеко, ѝ станало одбивно, се чувствувала неженствено и грозно. Удар на хормони. Мајката треба да се подготвува ЗА ВРЕМЕ на бременоста за доење без наметнувања и притисоци. Според мене, голем дел од мајките сакаат да дојат на сам почеток. Она што се јавува како пречка: грижа дали има млеко, дали е гладно, хормони вријат, неспиење, исцрпеност, болни брадавици, бебе кое не знае како да го смири и многу други ситуации и состојби кои се со прашалници. Тука треба да ѝ се овозможи на секоја мајка понатака да има помош и поддршка од советничка за доење, дула, психолог. Знам во Скопје има, но во другите градови сигурно ги нема или не се толку чести. Од мајка која сакала да дои почетно, наеднаш остинува, се испаничува и дава вештачко. Сѐ е тоа во ред. И затоа постои. Но не за џабе мајката Природа нѝ дала таква функција да ствараме млеко и да доиме. Точно, со вештачкото мајката е мирна, гледа бебето колку пие, психата ѝ е мирна, бебето не ѝ е закачено на града цело време. За разлика од тоа, кај доењето задачата на бебе кое е цело време на града е баш тоа, да поттикне првично надоаѓање на млеко. Инаку, како би се дала информација за млеко? Тоа е исто и со плачот. Ако бебињата не плачеа силно, немаше да бидат нахранети навреме, згрижени. Ама природата се погрижила да има силен плач кој ќе ја натера мајката да реагира за да опстане бебето. Сѐ на почеток со бебе е тешко, буквално. Мислиш дека си сама, дека никој не те разбира, дека вечно ќе е така, се изгуби себеси. И сето тоа од таа навала ненормална на хормони. Мора разговор, опуштање, сфаќање дека ќе помине. И доењето е тешко, па се регулира. Само треба некоја личност да турка, да поддржува, да контролира како е, да бодри, да надгледува, за мајката да знае дека добро прави, дека не е изгубена и сама. Од мое искуство, среќна бев што немав многу пречки при доење. Многу се возбудував и нервирав кога мајка ми и маж ми ќе му дадеа на бебе вештачко. Сакав да дојам и уште сакам. Сакам на секоја да ѝ е лесно. И јас се прашував, ми беше страв дали напредува, зошто цело време ми е залепено за града... Е па тука е тој ослободувачки момент со вештачкото. Дека можеш да го тргнеш од себе бебето, да се ослободиш, а со доење не е така. Зависно е од тебе, од градата, од мирисот на млекото. И тоа е во ред. И во тој момент мајките попуштаат. Јас поддржувам секоја која сака да дои или не. Само верувам дека поголем дел можат и сакаат да дојат. Навистина со формула гледаш колку пие и може и друг да го храни во било кое време, но за мене доењето е полесно и поубаво. И да ги откачиме тие предрасуди за мајка и немајка. Секоја е мајка доволна за своето дете и секоја на свој начин се поврзува со него.
На синко на секое му нудам да цица. Градите се полни со млеко. Добив пред три дена и си мислам дан е поради тоа? Но, не сум сигурна. Незнам што да мислам!? Ќе видам ноќеска како ќе биде, кога ќе се разбуди?
Синко, грешка, разбрав женска дека е. Се извинувам. Да пробаш да измолзуваш па да даваш од шише? Биди упорна, ке се вратите на старо за ден два.
Се буни од шишето. Даваш ли и цуцла? И мојата така ми правеше на месец и нешто ама бев упорна, не и давав Ад, кога пиштеше ја дигав и ја гушкав и шетав, после пак и понудам да цица, ќе фати малку и пак се буни, ја дигам пак, ја шетам, ја гушкам, мине малку време, пак и понудам да цица, ќе поцица пак и пак ќе се буни или ќе заспие оти се уморила. Штом се разбуди пак и давам цице и се така, она А јас На и толку беше. Наредниот ден како ништо да не било, си цицаше нај нормално. Може и скок е било, а може и грчеви или чекаше шише оти полесно и тече и се најаде одма, не знам. Битно јас упорна вев и одма се прилагодивме и исфрлив скроз Ад од тогаш и ете не денес 4 месеци САМО на доење сме без никаков проблем
Не се буни од шише. Трга ли трга. А, од града треба да се помали, за да дојде до млеко. Да,му давам лажливка.
Епа затоа е така. Биди упорна само и прави така како што ти пишав. Не давај Ад веќе ако сакаш само да доиш и плус имаш млеко многу
Забавен е рефлексот на отпуштање на млеко при менструација. Имаш сега добиено? Да направиш масажа на градата, па да тргне неколкупати за да почне да надоаѓа млекото и кога ќе почне да капе, пикни му ја во уста градата и да завлече. И кај мене се нервира така, ама мора да тргне два трипати за да предизвика млекото да се спушти. Кажано вака лаички колку се разбирам