Јас од кога почнав да излегуваам и да се дружам со дел од пријателитее со кои се гледавме и за време на карантинот, стварно се чувствувам подобро. Дење сум дома, цицаме и спиеме,се потиме) Најдоцна до 5 капење (го начекувам измеѓу дремките) и тој некаде до кај 7/8 пак спие. После преслекување, циицање и одма в количка ,одиме в чаршија. До кај 10 си спие, ако стани ќе закемка малку и ние одма дома. Таман да го погодам, цица и право на спиење (околу 11,11.30 ама се случило и да ме зафркни па 1 да го фати)) Сакав да речам, дајте си време вие тројцата да си излеззите, да смените од секојдневието. Домашните пак се тука за да го гледаат) В чаршија родители гледам со дечиња и после 12 навечер шетаат, жешко е...па ко ќе студи ќе мора да седиме дома. Инаку, понекогаш излегувањево и малку напорно ми е бидејќи се случува да не сака да лежи,да пишти а цуцла не давам...или ако му се цица јас не можам таму да го нацицам (нема каде,и не сум опуштена затоа правец дома). Кога сме некаде по дома тогаш да,ок е. Ти плус му даваш од шише,значи и да заплачи му спремаш и готово А и нив воздухот им годи...
Скроз се согласувам. Не знам зашто мора бебе да е во кревет до 20-21h. Јас секогаш гледам да спиеме заедно. Ќе му направам ред кога ќе си биде поголемо и ќе разбира. Секако тој си има рутина ама си спие во количка додека ние шетаме. Инаку, си легнуваме заедно околу 23h.
Рутината се прави додека е бебе, каков ред ќе му ставиш сега, таков ќе има и понатаму. А таков треба да биде и биоритамот, односно до 9 најдоцна да е во кревет. Се лачи мелатонинот за убав и квалитетен сон, плус хормонот за раст баш најмногу се лачи во периодот од 21 до полноќ. Ако легне подоцна е раздразливо и немирно спие, поради прекинот во лачењето на мелатонинот. Моите и сега на 9 и скоро 4 години се во 9 во кревет. Тој ред им го направив од бебиња, уште си тераме така.
а како функционирате со шетање? Додека беше посвежо надвор заспиваше порано, сега до 22-23 заспива. Некогаш сакаме да шетнеме. Иначе колку што знам во првата година 24/7 раснат.
Надвор се наутро и приквечер, во најжешкото се дома, малото и преспива. Имаме двор, не шетаме наоколу. Дури и пред ситуацијава со пандемијава не шетавме многу навечер, ретко излегувавме до центар, колку да смениме околина. Од мали им го задржав редот, и се потрудив да не правам отстапки, не дека ги нема, ама самите си бараат да си легнат тогаш, уморни се.
ние за моја жал и на мм сме во стан. Малиов станува во 8, додека јаде, и слекување не фаќа жешкото и никако не можам да го симнам наутро. Затоа само приквечер ни останува.
Напорно е ептен посебно кога е вака кенкав и не спие преку ден ама за негово добро е и дури имам млеко или дури не ми се смачи со ова темпо ќе терам вака.. Се гледаме и ние со пријателите ама поретко..едниот пар сега имаат бебе 3 недели е не го изнесуваат уште.. Јас од како ќе заспие значи 8-9 не го будам и си спие така до сабајле со едно или две размрдувања за млекце..не сакам за да го шетам в чаршија да му го менувам редот ќе потпорасни ќе шетаме заедно..сега само ние подизлегуваме ама и тоа ретко мм е зафатен со куќата со мајстори по цел ден и мака му е и него...
Мојот има рутина во 23h да легнува, сега во зима порано ќе шетаме и ќе почнам порано да го легнувам. И ние возрасните различно функционираме зима лето. За ова за хормонот дека од 21h се лачи првпат слушам, а и нема логика некако. Баш со ортопед зборев за раснењето преку ноќ и не ми спомна вакво нешто туку дека растат најмногу додека спијат.
Ако бебе цица убаво да слушаш дека голта, ако полни пелени редовно, ако не плаче од глад, немаш потреба да пумпаш. Јас не пумпав воопшто на почеток и млеко имав доволно. Го меревте ли, колку качува? Опасно е да пумпаш толку, може да дојде до хиперлактација. Млеко се создава постојано, без прекин. Давај кога сака бебе и опушти се. Нема тајминг кога се пллнат, штом цица бебе, автоматски се создава ново млеко. Ова не важи за сите бебиња. Синко сам си фати ред од скоро, има 1 година. Заспива во 9 и се буди околу 8. Додека беше бебе пробав да му направам рутина ама без успех. Шетавме околу 7, бањање 8 и пол и џабе. Се случуваше да заспие после бањање и да се разбуди во 10 и да седи до 12. Нема галама, ние никаде не сме отишле да му нарушиме ред, ако има гости јас се повлекувам во соба и го успивам. Ако одиме некаде го успивам па одиме итн.
Може, не знам. Не сум стручна нит сум слушнала некаде такво нешто. Само не ми е логично одреден хормон да се лачи според саат, а не според некои состојби на телото. Пример, мелатонинот се лачи кога е темно. Во лето е темно во 21,во зима во 17. Значи би требало да спијат од 17?
Искрено немам истражувано зошто и како, само кажав дека и јас така знам. Иако напеавив се, синко си тераше по негово. Не дека децата што не заспиваат во 9 мали ке останат, синко 82 цм беше пред месец дена, а 1 година има.
Не разбирам зошто да се измолзуваш ако цица? Ако спие 3 часа без проблем, ако полни пелени, ако напредува доволно? Ако ги прави овие работи имаш доволно млеко
Чим си спие без проблем по 2-3 часа значи не е гладно не се измолзувај за џабе ќе имаш млеко кога ќе стане иако се меки градите.Ако полни пелени и си спие мирно не се секирај задоволно си е. Иако ти се меки градите си има доволно колку што му е потребно само си извлекува.
Баш би сакала некој релевантен извор, ако е стварно така нема потреба да му го 'скратувам' сонот на детето. Но, вака засега добро функционираме. И јас се трудев на почеток да има една рутина ама гледам дека како расте се менува, па го следам и јас ги менувам навиките според него. Порано заспиваше околу 20-21h и се будеше на полноќ. Сега заспива во 23 и се буди во 7. И да, најмирно спие залепен за мене, а јас баш тогаш имам слободно време за пеглање, кујна да средам, да подсредам по дома и никако не бива. Па се прилагодувам.
@Frosty! Ние вака успеваме да прошетаме Наутро спие до кај 6 6 и пол. Маж ми му менува пелена го средува, а јас поспивам уште малку. Ако сум наспана колку-толку аххх колку можам да бидам го спремам него, се спремам и јас да не сум од виор излетана и околу 7 и пол излегуваме. Нема спиење, има шетање. Док је обнова, нема одмора. Ама мислам со карантинот собирав многу енергија за шетање, и сега морам да си надоместам. Шетаме час и пол- два и најдоцна до кај 10 сме дома. А ноќно шетање уште е рано за со бебе. Само околу зграда вртиме или по булеварот, ама сега е затка Охрид со туристи, нигде не ми се оди. Многу ауспуси, гаден воздух, жештина голема, прашина насекаде, се гради Охрид на голема, ко од војна да излеговме и улици партал, не е за со количка да излезиш. Така што од сето топлење преку ден и сета прашина собрана надвор, не ми се излегува. А и во 21 ч. бебе заспива, па мора да сме дома.
фала ти што сподели, ќе пробувам да му сменам рутина. И ако добро сфатив од Охрид си..ти завидувам, сакам и јас....ептен оф топик ја отерав темава...сори мајки
Значи исто ти се фаќа, викаш кога ќе потпорасне ќе го шетаме значи тогаш ќе му го смениш редот. Зошто воспоставуваш ред сега ако не планираш во иднина да го одржиш? Ти: Го легнуваш детето во 23:00. Хормонот: "Ау што џабе ќе се лачам за еден саат, не ни почнувам" Инаку и мене ми има повеќе логика зимска/летна рутина.