Извини така што прашувам, можеби е смешно, но почетник сум во оваа работа. Како му го проверуваш носето дали му е затнато ?
Ако ти се разранети, мачкај како што ти пишала другата членка. А ако имаш болка, провери бебето дали yбаво фаќа, Освен брадавицата треба во уста да му биде и добар дел од ареолата (темниот дел околу брадавицата), устата убаво отворена, брадата убаво залепена на твојата града. На мене ми се имаше случено неколку дена ужасно ме печеа брадавиците, дури и ми беа џиш розеви, не можев да ги допрам, мислев дури кандида да не е нешто, ама ништо не испадна, мачкав постојано и помина брзо. Понекогаш можеби се раздразнуваат ако бебе цица често.
Не не јас никаков ред не воспоставив сам почна да заспива толку рано и да преспива цела ноќ и како што кажа Јана јас само се прилагодувам на него а не него да му го менувам редот кој сам си го воспостави за моите потреби за шетање...јас пак ќе излезам со мм него има кој да го чува и да си спие...и тој наспан и јас раат кафе испиено а не да ми кемка ако му помини дремката па да се заспиваме до 1..
Читам го капиш бебе околу 5 и вечерта излегувате. Мене ми е страв така дан настине. А, многу би сакала искапено, средено и вечерта на прошетка.
Прво го гледав на светло дали има нешто, после му го затнувам едното дупче да видам дали ќе свири или дали ќе се разбуди од што не може да дише, па другото. А некогаш директ капки ставам и пробувам да влечам да видам дали ќе извлечам нешто.
Ние имаме двор. Бебе станува околу 7. Додека цица, го пресоблечам фатило жешкото. Навечер излегуваме во дворот.
@Jana06 бебе и рутина не секогаш оди заедно. Кога бев тазе породена и јас пробав, нели читаш па пробуваш. Едноставно децата не се роботи. Повеќето бебиња ги бањаа и заспива, моево кога и да го избањам навечер само се расшенува уште толку. 11+ месеци ниту еднаш не заспала после бањање. Оттогаш навака ја оставив сама да диктира, па јас се прилагодував на неа и нејзините потреби. Кога заспива во 10 кога во 1 по полноќ, ама секогаш е кога таа е спремна. И ден денес кога пробувам да ја заспијам порано, оти јас сум уморна или планирам да чистам, само понервозна станува и уште толку потешко е успивањето. Сите деца ќе пораснат. Битно е да се најадени, со чиста пелена, сакани.
Околу заспивањето - исто! Кога се прилагодивме од болница само читам кои какви редови имале и се трудев и јас, не искачав од дома за бебето да спие во 'нормално' време. Зошто? Зашто некој рекол дека така треба. Како што немав искочено од март, првото идење надвор ми беше како да открив нов свет. И од тогаш не форсирам ништо. Шетаме, тој си спие во количка (ако му се спие) или во кенгур го носиме ако е расположен. Дома се буди, го бањам и заспива. И јас го правев тоа да го заспивам кога јас сакам да спијам, не бива Си го научив детето дека си има периоди, и сега на пример станува во 7 ама си сака две дремки до 12. После цел ден си е буден освен подолгата дремка околу ручек и тоа е тоа. Не можам јас да му кажам кога ќе спие, бебе е. Кога ќе има 3 години е различно, тогаш јас ќе му кажам во колку ќе легне како моите што ме маршираа во 8 во кревет
@Jana06, @Butterfly1107, @Филотеа, @0ли и ( сите други што се дружевме во труднички ) мило ми е дека и во категорија бебе се дружиме и споделуваме искуства. Убав ден на сите! Ве P.S. незнаев каде, па пишав тука.
Мене еве второ дете ми е ова и првото и второто се на доење само ,има голема разлика помеѓу двете деца син ми првите три месеци беше бајче ,цицаше спиеше на 3 саати и ден денес еве го 3 години што се не сум пробувала не заспива рано ,бебушка сега нема никаков ред не се знае кога цица кога спие некогаш знае по цел ден во раце да ми биде ,за ноќното спиење и со првото и со второто сум пробала да ги бањам во 8-9 и да ги заспијам ама едноставно не ми успева .Син ми заспиваше ноќен сон накај 10ипол 11 ,ќерка ми сега мајки се случува со саати да не е спиена и избањата и се спастрена и бебе едноставно неќе да заспие се успива кај полноќ ретко некогаш 11да ја фати ,ако ми верувате ми се плаче некогаш од умор ама се пробав и неможам да сменам .
Јас не би препорачала д3. Бебето треба да прима одредена количина д3 т. е. одреден број единици и не смее повеќе од тоа. Вигантол посебно, концентрирани се. А д3 на пливит горчат. Ланолин ако не сака да одмива или шеа путер/кокосово со одмивање. Може и мајчино млеко.
За да ја заштити кожата на брадавиците, и ќе брише пред подој. Мене ми помогна, моитр брадавици беа целосно разранети и многи ми помогна... аона како сака. Моето млеко воопшто не ми помагаше.
Ако брише пред подој е во ред. Вака мора да се внимава на количината д3. Лично мене ланолинот ми е подобро решение.
Можеби, немам искуство. Јас мачкам ланолин да ми омекнат. Сепак за количината на д3 сум сигурна, педијатар и ортопед нагласија. Затоа д3 се капнува во уста директно.
@Pavlos може да мачкаш ланолин, иако искрено мене при болни брадавици ми помогна млекото најмногу. После секое доење, ќе ги измиеш градите, нежно ќе ги избришеш и после со неколку капки млеко ќе истиснеш и ќе размачкаш и оставаш природно да се исушат. Мајчиното млеко на овој начин создава еден вид маслена обвивка околу брадавицата. Практикувај го ова редовно, после секој подој и за неколку дена ќе заздрават.
Мајчино млеко е секогаш добра идеја, освен кај тие што имате кандида! Млекото е благо, а кандидата се намножува во блага средина.