Уште еднаш сакам да кажам, поентата е што поголемиот дел на жени сакаат да дојат. АМА наидуваат на психички сопки, физички болки, двоумења, кои откако ќе ги решат, одлучуваат да прекинат. И вака како типката следат оправдувања демек ајде да се собереме сите ние коишто користиме вештачко и да ги побиеме овие со доење што се. Никогаш не сум помислила на тоа дали една мајка е вистинска мајка само ако го дои или не. А тоа што можеби имаат чувство на вина или недоволност или фрустрираност, па така се испукуваат, тоа е друго.
Мене не ми ги влечеа со шприц зашто не ми беа скроз вовлечени туку мали ми се некако и не можеше убаво да фати. Плус голем мрзливко. На цимерката и ги влечеа ама не покажа болка некоја така да, не верувам дека боли многу. Како што гледам повеќето мајки имале разранети брадавици, мене и сега понекогаш ми се разрануваат кога цица без силиконска. Си читала сигурно за ланолин или шеа путер, купи си и мачкај. Мене ми ги извлекува убаво брадавиците со силиконска, па после 5-10мин ја тргам и му нудам така. Ако фати добро, ако не пак ја враќам назад. Само да имаш среќа бебето да е цицач и од почеток да си фати убаво немаш гајле за ништо. Ако не, ќе се помачиш како мене ама ќе успееш ако си упорна.
Проблемот со статијата е навистина повеќеслоен. Јас сочувствувам со девојката што го напиша, од една страна. Но, од друга страна, читајќи ги коментарите после на постот, сфаќам дека се користи за бодрење на тоа - ок е да се откажете. Да бидам отворена и искрена со вас, тешко ми е да одговорам на прашањето "дали е во ред да не се дои ако мајката не сака". Од една страна, тука е здравјето и чистиот разум на мајката, кои нели, мора да бидат приоритет бидејќи таа е примарниот caregiver за бебето. И фала богу дека "среќна мајка = среќно бебе". Што од една страна таа кршливост на почетокот, сите од страна што те гњават и те советуваат и те збудалуваат... Значи јасно ми е сѐ. Така што ако мајка не сака да дои, тоа е. Со сила НИКОГАШ убавина не бидува. Не судам на тие мајки, да не ме сфатите погрешно. Но на секое мое "ок е да не се дои ако мајката не сака"… во кое што стварно верувам, не ве лажам!!, ми доаѓа едно прашање кое така ме растажува: "А што е со бебето? Зарем тоа бебе не заслужува мајчино млеко?" Каде се правата на бебето тука? Кој ги застапува правата на бебето? Значи не ми е поентата да судам, воопшто. Ама сметам дека секое бебе заслужува добар старт во животот, и заслужува како што било во матката на мајката, да биде хрането од мајката, така како што природата нѐ створила. И после размислувам на тема: зошто мајката да не сака да дои? Мислам дека ОВА е најважното прашање кое мораме да го одговориме. Зошто има мајки кои се откажуваат. Тука е целиот проблем. Од сите мои досегашни анализи (5.5 години) на темава, можам да кажам дека проблемот не е еден. Сто проблеми се во прашање. Прво - очекувањата на мајката. Како се претставува бременоста, доењето, те во медиуми, те од околината. Статии за Бијонсе која изгледала прекрасно само 20 минути после породување, статии дека градите ќе ви виснат од доење, недоволна поддршка од партнер во поглед на физички изглед, или во облик на недоволна комуникација и неможност да препознае како жената се чувствува после породување, притисок од околината, и што не. После тоа - недоволните информации. Не знам како мајките си замислуваат дека изгледа живот со новороденче. Дека тоа ќе кака-моча-игра-цица-спие и така во круг. На жалост има и многу книги кои така проповедаат. Па после сме разочарани, и мислиме дека нешто не е во ред со нашите деца. Контрадикторни информации, влијанија од околината со погрешни совети, недоволна искреност меѓу нас, жените, отворено да кажеме - абре ужасно ми е, не се чувствувам поврзана со бебето, крварам, смрдам, на газот не можам да седнам, ме болат гради, не сум спиена, капам млеко, бебе плаче мене ме фаќаат депресии дека плаче. Ама сето ова го молчиме, и ни е страв од осуди. Оти уште меѓу нас важи она мајка-помајка-најмајка. Моето дете спие од прв ден. Моето бебе е супер мирно и јас успеав и да се издепилирам. А вие пример не сте ни отспале и веќе халуцинирате. И се осеќате дека грешите некаде. За ќотек сме некогаш, жими сѐ. Најголемиот проблем - недостаток на стручна поддршка!!! Овој проблем е ужас!! Ужас!! Колку од вас само тука на форумот се имате повикано на мислење што ви го кажал педијатар, примариус, што и да е. А мене од тоа кожа ми се ежи. И не. Не сум самобендисана ниту пак сакам да делувам дека знам повеќе од педијатри. Ама кога се работи за темава.. ужас се бре. Гајле ми е што ќе мислите после муабетов. Гледате дека пробувам во секој пост да сум културна и да не звучам егоцентрично, ама не сте свесни колку совети што ги пишувате тука се едноставно погрешни. Погрешни! Пред некој ден некоја од вас спомна вебинар. Ок супер. Беше спомнат и претходно. Се заинтересирав и бев дел од него. 90% супер информации. 10% светеше аларм во мојата глава! Ама што да ви пишам тука. Дека добив впечаток дека спонзорите на семинарот ја претераа? Дека ви се тунтаат силиконски брадавици ко локум да се дели?? Дека ви ги пикаат бебињата со формула и ве пуштаат дома на милост или немилост на вашите полудени хормони за тоа дали ќе успеете да доите? Дека сите уште трудни трчате и купувате шишиња, цуцли и што нѐ, од страв дека ќе немате како да ги дохраните бебињата, и дека сето тоа за вас е нормално!! Ама така ви е кажано од болница. И сите така прават. И јас така правев за првото!! И повеќето бебиња ќе фатат цицка и шише, ама некои ќе одбијат комплетно од цицка. И после мајките под стрес се молзат деноноќно, и што не. Знаете ли кој стрес е тоа и напор? Кога ќе речам за сет се чудите што е тоа... И си викате сигурно - ма дај, глупости се тоа!! Додека цел свет користи сет за да не се одбие бебето од града. А ете ви начин да се дохрани директ на града!! Педијатри викаат дека сетот е глупост!! Додека им пикаат формула со шише на вашите бебиња. И тоа шише вакво и такво. Супер мафија е направена за да ви продаде што сѐ не на пазарот. И сите од вас мајката испаднавте со вовлечени брадавици. Yeah right! Знаете дека секое бебе може да ја фати брадавицата на мајката колку и да е вовлечена?? И дека тоа воопшто не е таков проблем како што ви се презентира вам?? Ама треба да седнат со вас да поработат малце. Јас не знам како педијатрите не рекле - чекај бе мајку му да се едуцирам малце на темава! Еве јас лаик тоа го правам!! Не знам уште колку имам за зборување на темава.. ама да престанам оти се исфрустрирав скроз. *** Патем, чисто како инфо - вторите радиолози на кои им пишав ми пишаа дека секако може да правам КТ со контраст и да си дојам одма после тоа без никаков проблем!! Па одете и верувајте на секој што ќе ви каже сѐ и сешто. Да поверував одма ќе требаше да мислам да одбивам бебе. Ете така. Kaetana out.
Еден вид сочувство сожалување осетив. Имаше и неколку членки тука може ќе си се препознаат што ептен психички паднати ми делуваа а се мачат затоа што ако не дојат не се добри мајки бар така они мислат. Има коментари под текстот од многу мајки што ги споделиле своите приказни... не сум компетентна да кажувам. Ама во секој случај убаво е што јавно почнува се повеќе да се збори и за доење и за мајките низ што поминуваат пошто гледам дека на многу им е срам во јавност да дојат а мене ми е тоа чудно..побогу зошто да ми е срам?
Овој е на Леа мамма природен ланолин за доилки...Пурелан е некој посебен додаток во својството на производот?
Не може цело време да бидат испакнати брадавиците, и не значи дека ако не ти се вовлечени бебето ќе фати. Моето не знае уште да цица без силиконски брадавици, а моите не беа вовлечени. Исто, баба ми е пример како со вовлечени брадавици доела 2 деца, па ден денес и останале така. Нема правило, пречки еден куп можеш да имаш во доењето. Истото го мислев како дел од членките, ама не сакав да коментирам на долго на широко. Не судам мајка да не дои, ама причините на типкава се малку банални. Не можела да поднесе млеко да и тече и не се чувствувала женствено. 7 месеци се немам осетено така и гајле ми е. Да бидеш мајка е жртва, кој колку сака да даде. И не го сфатив делот како магично снемала млеко штом и течело млеко нон стоп. Со апчиња или, што не пишала на толкав реферат
Мислам дека не е тоа поентата на текстот може грешам. Мислам дека е да охрабри дека и тие вештачко што даваат Не се немајки или полоши. Сепак вика и и објаснува како се трудела. Ај да речеш одма пропагира вештачко во ред. Бар тоа е мое мислење..може грешам не викам ме
Ај малку помош кој знае, од ноќеска бебето почна да каса. Ептен е мало за запчиња 2м и 10дена. Ама навистина боли и незнам како да го одвикнам.
Не женче, си мрчев дека пропагираат одредени марки. Инаку нема потреба брадавиците да се мачкаат со ништо.
Ааа не,, искрено мене ми испукаа мачкав путер не ми помагаше па гледав дека мачкаат ланолин во доење и во аптека ми го дадоа . Не дека многу ми ги оправи ама помогна во мојов случај Едит: Мислам таа најевтиниот ми го шлупна . Иначе аптекиве се први најскапо да продадат ама секогаш сум им барала замени
Така е, во право си! Ама се нервирам што и со други сум разговарала, и одма со контра став се кон доење. Револтирана сум, затоа. И како што рече Каетана, одма на коментари се појавија сите со слично искуство.
Тоа е друго. Ако имаш мака, ќе мачкаш. Јас зборувам за превентивно дека макаат цела бременост. @elenaklasik во коментари имаше и многу тажни приказни. Срцето ми се кршеше кога читав како некои мајки се чувствувале. Ама имаше и од оние бодрења дека треба од одма да се почне со АД за да не се губат нерви. Овде е вечниот муабет и конфликт од типот - breast is best vs. fed is best -. Јас би рекла трета варијанта " fed is best but from the breast". Не да не се дава формула, туку да се дохранува на града. Гледам жени во коментарите со одбивност према доење, затоа што лично не успеале. Ако се ставам во таа позиција, ги разбирам скроз. Сочувствувам. И верувам дека ако им било дадено професионално објаснување зошто имале проблем, 70% од нив ќе успееле да дојат, а 30% ќе биле помирени затоа што ќе знаеле дека дале сѐ од себе, ама неуспехот не е нивни туку на одредена дијагноза. И ќе промовираа доење затоа што немаше да се чувствуваат како немајки!! Патем, среќна светска недела на доењето!!
Абе абе имам 300 работи да изнапишам тука ама ајде...пред некое време дискутирвме со некоја членка за одбивање на бебето баш заради тоа што сакала да вежба или како беше... А јас овде мака мачам да измолзам млеко за 3-4 хранења нив му било тешко да извадт цицката...абе ајде
@Kaetana , овде ќе те прашам кратко само, дека овде се натекнавме со пишување. Од кога е пожелно да се почне со дохрана? Дали да чекам баш до 6 месеци или можам да почнам со пробување вкусови од крајот на 5ти месец? Дека велат да се користи мајчиното млеко колку е можно повеќе. Бебево добро напредува во килажа, сега има 4 и пол месеци, на ексклузивно доење е.
Ако бебе напредува добро кое е на ексклузивно доење, дохрана се почнува кога бебето ќе покаже знаци за тоа. Отприлика е тоа околу 6 месец, но ако покаже на 5.5 месеци нема потреба да се чека. Или ако покаже на 6 месеци и една недела, не значи дека касните една недела. Лично не го разбирам моментот со пробуваме вкусови. Се нуди храна и се остава бебето да навлегува во светот на немлечна дохрана. Количината се зголемува со секој ден. Не гледам никаков бенефит од давање лажичка две на 5 месеци и така цел месец. Или јаде, или не јаде. Значи не да се даде 200 грама оброк одма, ама кога ќе се почне, градациски да се зголемува према потребите на бебето. Инаку доењето останува да е на барање на бебето, макар било одма пред и одма после јадење. Ако сакаш ќе ти пратам во приватна порака повеќе околу темава. Важно е да се запазат знаците. Еве и линк околу тоа. https://www.llli.org/breastfeeding-info/starting-solids/
@Kaetana , кога ќе имаш време, би сакала да ми пратиш некој текст плус за дохрана. Инаку, дали имате текстови од валидни извори поврзани со корисноста/некорисноста на вештачкото млеко? Ве читам дека велите како имате многу за пишување за предности и мани ама би сакала да знам кои се тие. Само информативно ме интересира. Фала
Мајки морам да ви кажам еден пример за доење... Од свеки мајка е уште е жива и денес и е името па дојдовме на гости да ја видиме..иначе има 86 години и 4 ќерки и сите и се со разлика околу 2 години..Праевме муабет за доење за млеко имам немам и ми кажува дека Сите 4 ги доела без прекин 8 години....значи почнала со свеки моја дека најстара му е од сестрите и завршила со доење по 8 год кога најмалата ќерка имала година и 10 мес.оти и починал сопругот и немало кој да ги брка машките работи па децата биле со свекрвата а таа одела по ниви...И ниеднаш не си помислила дали има млеко или нема..е со дохранава ги ранеле со каша од брашно печено и тоа од 7-8 месеци оти и сметал стомакот за толку долго(нели бремена со наредно дете) да дои па доела 2-3 пати во денот... Значи жената 8 години цицка не прибрала бре и не се секирала дали има млеко или не туку само доела дури не и засмета стомакот..
здраво девојки бебчето ми е 20 дена, незнам што се случува постојано барада биде на цицка. Само така заспива, штом го ставам во кревет се буди и плче, а на цицка зпие по 2 саата. Не цица туку почнува и после си игра со брадавицата и заспива. Незнам дали треба и да годохранувам... неколку пати ми има бљуцнато, а незнам дали имам доволно млеко, градите ми се меки, но кога ке стиснам протекува млеко. совет?