Јас за дома имам од мега фешн, ама материјал како беби дол. За дома супер се, ама за надвор не. Два градника беа 700 750 денари и вршат работа.
Јас си имам една мака не знам што ќе прави моето бебе кога ќе почнам за 2 месеци на работа, заспива со цицање, не сакам да го одвикнам барем до 1 ипол год нека цица па после да го одбијам, едноставно не знам како ќе се снајди свекрва ми без мене 8 часа. Дајте ми некој совет како да го успивам навечер без цицање секако си пие Ад млеко навечер ама пак бара да цица, ни нишање не помага кога ќе почни да пишти???
На почетокот му се случуваше да му треба повеќе време за да фати убаво. Пробај сама стави му ја градата? Фати како со штипка и кога ќе отвори yста убаво стави ја брадавицата сосе ареола внатре. Или смени положба? Моево додека беше мало од лежечка никако не успеваше па секогаш го земав во раце, и сред ноќ, па полека се научи.
Ноќна смена работиш? Како и да е. Бебето веќе ќе е поголемо, претпоставувам е над 8 месеци. Во овој период и понатаму, бебињата го поврзуваат доењето со мајката. Кога е мајката на располагање, плачат за заспивање со доење. Кога мајката не е дома, голема е веројатноста со други членови на фамилијата да се однесуваат комплетно поинаку. Моето искуство со ќерката е такво. Беше година кога тргна во градинка. Претходно не беше чувана од никој, и заспиваше строго со доење. Во градинка почна од прв обид да си заспива сама со децата. Дома и понатаму заспиваше со доење уште година и пол.
Навечер нека си заспива цицајќи, а преку ден во количка на пример, брзо сфаќаат разлика меѓу денско и ноќно спиење
Ќе се снајде јас син ми на 9 месеци го оставив да го чуваат прв пат кога тргнав на работа и тоа го чуваше баба ми која ја имаше гледано само кога одевме кај нејзе на гости ,се прилагоди без никаков проблем и за заспивање и за јадење .Јас си продолжив да го дојам го доев до 16месеци ,кога го одбивав од цицање го заспивав во количка ноќе кога ќе се разбудеше го нишав ден два плачеше и ми стануваше почесто после си преспиваше без проблем.Во твојот случај ако работиш ноќна смена уште полесно ќе биде ако не си ти дома верувај нема да бара да цица мислам дека ќе се снајдат без проблем.
Не работам ноќна смена туку сакам да го припремам полека да се навикнува за кога ќе почнам на работа само прва смена ќе одам на работа.
Тогаш немаш потреба ,нема зашто да му скратуваш да си заспива со цицање ,ќе се навикне без проблем ич да не се секираш .Исто и јас работев само прва смена да знаеш .
На инста ми излезе спонзорирано работилница со обуки за доење за теоретски познавања од сертифициран тренер, ама не можам да ја најдам. Ако некоја има линк нека го стави тука. Се плаќаше 1000 денари промотивно до 01.09
Многу добро текстче! https://www.romper.com/p/how-parental-burnout-affects-milk-supply-according-to-experts-18812544
Кои витамини ги пиете додека доите? Вчера бев на преглед кај докторката освен Algie oil, magnezium i vitamin C, ми даде Витамин Д3 1000,цинк и калциум да пијам.
Фемибион 2 пиев. Зимно време селен, цинк, б комплекс, вит ц. Потоа на џејмисон. Сега прегнакеар за доење купив.
Само Pregnacare breastfeeding. Ништо повеќе. Витамин Ц велат можно е грчеви да прави, баталив. Витамин Д има во апчињата, на бебе му давам плус и уште ако земам јас, не знам дали можам да се предизирам. Велат тешко до тоа, ама сепак. Се сончам на тераса. И ете на пример гледам со исхрана да внесам, јаткасти овошје повеќе. А зошто толку ти препишала?
Која е потребата да се пијат суплементи за време на доење? Прво нешто што го прашав педијатарот во Систина беше ова и ми кажа дека нема потреба од абсолутно ништо, само доколку имам останато витамини од тие што сум ги примала во бременоста да си ги допијам слободно - да не ги фрлам или да останат така, а после тоа нема потреба од ништо.
Исто како @new-mom ќе прашам, заради конкретна причина ви даваат толку суплементи или? Дојам прилично голем период и ниеден педијатар не ми рекол ниеден суплемент дека треба да внесам. @elenaklasik мене фармацевт ми рече дека во таблета витамин ц не прави проблем кај бебињата, ама ако сакам да внесам преку цитруси, тогаш да внимавам затоа што може да им се иритира стомачето