Да навистина не ми се тврди градите како порано , не сум знаела дека ако градите се меки има млеко Фала ти мајка за советот❤️
Па таа дојде ја разреди мн малку ракија појче вод и за 5мин почна фа се чисти осипот.. Жената е стара веќе во пензија многу позната во истокот затоа и и верувам.. Нз што да мислаѓ ми е страб сега да дадам ад
Мајки денес правиме 1 месец Пред отприлика 2ипол недели бевме на педијатар (баш пишував и тука) докторката ме предупреди дека беба качила мнг грама за тие две недели имаше 900 грама качено.. Советот беше да гледам да цица на саатипол до 2 Но еве следниве две недели бебка си цица пак мнг често,колку си сака...НО денес кога се качив на вага се подисплашив сега има качено плус уште кило нели е тоа премногу? Незнам што да правам... значи 3 кила излезе од болница,за две недели имаше 3и900 а сега на месец околу 4и750 Некогаш гледам да не дадам до толку често ама си бара цице и плаче...одлична лактација имам,ама незнам дали се одлични нејзиниве килца... ? @Kaetana што мислиш мила?
Јас мислам дека немаш простор за грижа. Кило и 650. Кревале деца по кило и пол. Не е тоа ништо чудно. Немојте да ставате бебиња на режими. Сѐ додека бебето е само на града, потенцирам - само на града, без шишиња и без други начини на хранење, ок е. Самото диктира потреби. И не треба да му се ускратат. Башка големи се шансите ова да е првите два три месеци. После кај доените деца напредокот се намалува. Кога ќе прооди пак, уште толку ќе троши. Рано е за било какви паники од типот дека бебето "јаде" многу и сл., кои можат да го загрозат доењето. Како што има мајки чии деца качуваат 600-700… има мајки со деца што кажуваат 1000.. и мајки со деца што качуваат 1500 и +/-... Ништо не е страшно. Сите сме различни со различни гени.
Моето бебе исто кило ипол качи првиот месец, после почна да намалува кило итн, дуплира родилна на 3 месеци и од 4 до 6 само по 200 грама месечно ми ставаше.. Сите бебиња напредуваат повеќе на почетокот
Синко без малку 2 кг качи. Имаше жолтица и давав на 2 часа да цица. На година не ја триплираше тежината. Роден е над 4 кг. Давај да цица колку сака.
Како да знам дали му е доволно млекото? До вчера беше на АД во болница, дома си фати да цица одма. Си кака, ама многу често бара да цица
Полни ли пелени? Ако не плаче значи дека сака близина. Можеби и му се цица. Штом фатило да цица не се секирај. Вода јогурт чај за доилки. Гушкајте се и уживајте, сега сте дома.
Па во рок од 24 часа е 6 пати какан. Најверојатно и грчеви има, не плаче ама е немирен, се витка и крева ноџиња везден.
Ехе супер е. Полнење пелени, да спие 2-3 часа после цицање, на следниот преглед да напредува ко што треба, тоа значи доволно е.
А мочки има ли на секое менување пелена? Освен што тебе ти се спие, друг проблем нема. Млеко имаш, бебе сака да цица и да се мази.
Има, да. Фала ви, ми олесни малце. Не беше толку одамна првото дете, ама ова дека прематурче, па за се се потресувам
Давај му да цица ноооон стоп, кога сака, колку сака. Сега си му нај потребна, знаеш. Додека се воспостави лактација ќе бара по цел ден да цица, на 15 мин, на пола саат, на саат, давај му, така ќе се смирува и ако има грчеви, ќе наоѓа утеха во тебе, а во меѓувреме ќе гледаш како полни пелени, со мочки и каки
Помош ако може? Ако имала некоја од вас ист проблем да ми сподели искуство. Ние сме скоро месец ипол малата дење нонстоп е на цице а навечер спие без проблем. Но денеска едната града скроз ми отече, се консултирав со доктор,за да не ја одбивам да пијам лекарства таа ми препорача борова вода да ставам, листови од зелка и да се напијам апче бидејќи имав температура. Исто така ми препорача да се измолзам но небива едвај две до три капки. Пробувам но ништо и малата одбива да цица од таа града. Се извинувам на долгиот пост.
Масираj, ставаj термoфoр на градата или туш сo тoпла вoда да ги oтвoри каналите. Дoдека спие даваj и jа таа града да цица.
@simonka93 истово ќе ти го пишев, плус и ти со него да полежиш и одмориш/дремнеш, некогаш невозможно се чини, ама навистина брзо поминува овој период
Мене редење зелка ме спаси неколку пати, инаку и ноќе ја ставав да цица за да не ми се направат грутки, или се одмолзував