Стави термофор со топла вода, внимавајбда не се изгориш или под туш да тече топла вода и масирај масирај колку можеш, од горе кај пазувата на надолу накај пупката, кружни движења прави и после дај да цица од таа града, ако нејќе стискај одмолзи се да се отзатне каналчето. Ништо страшно, на секоја доилка се дешава па и на мене 3 пати до сега, за неполн ден до еден ден се средува ако правиш масажи и топли облоги.
Ве молам дадете некои идеи за ручеци, што готвите доилки? Откако ги укинав мешункастите работи, потоа зеленила салати умерено, нели заради грчеви, не знам веќе што да јадам. А тој оброк ми е така пообилен, друго се на поминување
Не го разбирам тоа со Болд што ти е напишано. Кој да одбие и какви лекарства? Имаш топче, или само оток? Имаш болка? Запуштен канал ли е или веќе маститис - што ти кажа докторката? Инаку што и да е, ништо не е страшно, и понајмалку се одбива бебе заради оваа ситуација... Градата прави повеќе млеко од побарувачката. Пред подој нежна масажа и топли облоги. Не директ на брадавица туку околу градата. Даваш да цица од неа - ако не фаќа во спиење ја подметнуваш. Правиш комптесии при доењето. После доење одма ладни облоги / листови од зелка поминати со сукало. Често помага и оние кул падс што се ама да знаеш се држат под мишка а не на градата. И не директ на кожа туку во нешто замотани. Не молзиш без да имаш потреба затоа што секое молзење е стимулација. Ако осеќаш напнатост во градата одмолзуваш малку колку да ти олесни.
Ти си барем во Германија породена, очекував дека хебамето ќе ти имаше досега споделено дека сѐ може да се јаде и дека укинување на било што од исхрана не се базира воопшто на научни основи туку на верувања и обичаи. Баш како доилка треба да имаш убава и избалансирана исхрана и богато мени со витамини и минерали, а не да слушаш муабети кои ќе ти го доведат менито на компир, леб и ориз. Точно е дека вкусови можат да одат во млекото, но науката кажува дека ретки се бебиња на кои им ствараат "грчеви" или кои се бунат заради тоа. Дури некаде имав читано дека доколку бебето е изложено на повеќе "вкусови" преку мајчиното млеко понатаму е поверојатно да јаде сѐ без проблем и да има што помала наклонетост кон алергии на храна. А тие грчеви не му се прават на бебето од вашата храна, туку му се прават посекако и се поврзани со развојот на микробиомот во дигестивниот систем. Нешто низ кое сите бебиња поминуваат, некои понечујно, некои погласно. Еве ви инфо за тоа што вика Dr. Newman.
Ете немам Hebamme или некој кој би ме советувал што и како. Имам читано дека научни докази нема, дека исхраната на мајката би влијаела на грчевите, од друга страна пак велат "земај (одреден тип храна/витамин/минерал/пробиотик) па бебето преку млекото ќе добива од тебе". А имам приметено, кога јас пијам млеко, и тоа како се одразува врз интензитетот на грчевите. Така што како мајка на бебе кое малку погласно се справува со овој проблем, посебно од 8ма недела па наваму, прва мисла пред да каснам нешто ми е тоа да не уште повеќе му отежнувам. Далеку од тоа дека сум сведена на еднолична исхрана, но идеја плус скроз би ми олеснила. фала ти на одговорот
Јас јадам месо, риба, јајца, компир, ориз, тестенини (покасно почнаа многу гасови да ми прават и мене и него), па почнав да тестирам и почнав да јадам патлиџан, краставица, тиквица, модар патлиџан, морков, кромид, млечни производи (јогурт, зденка, кис млеко, сирење, кашкавал си јадев од старт), пица... Друго не ми текнува во моментот. Два пати јадев по малку зелка ама веќе беше близу 3ти месец и немаше реакција.
Јас имам Hebamme која уште на почетокот ми кажа дека треба да јадам се' ама баш се', и грав и леќа и грашок...
Кај мене обратно (Австрија), да не јадам ништо ни овошје ни зелен зеленчук, млеко не, благо не. Исто и Др.Поп Лазарова во Скопје ми кажа. Ама ептен имаше грчеви и тоа се познаваше ако каснев нешто дека малава е понервозна.
Во Скопје викаат не јади мешунки, јади кромид за повеќе млеко. Во Шпанија кромидот е на црна листа. Во Кина доматот е на црна листа дека прави грчеви. Така да - кој и да ви кажал да тргнете храна од "ракав" (и не ми е гајле дали е педијатар или не) - едноставно не е точно и не се базира на научни докази. Најдобро е да јадете сѐ. АКО нешто забележите дека не оди, тогаш тргнете го. Не си ускратувајте здрава исхрана (па нека и не е толку здрава) на база само на муабет.
Апсолутно точно. Јадев и јадам се, со сите 3 деца и фала Богу ни Г од грчеви кај ни едно. Случајност? Мх, не би рекла....
Таман се пофалив прееска за храната и мислам дека ми се сврте светот наопаку, ме стигна сега стресот кога се опуштив, плачам и пишувам. Си лежиме со беба, се смее, гука, се супер и наеднаш поцрвенува и почнува да плаче ама вришти на цел глас, со огромни солзи. Пробав на секаков начин да го смирам, не сака и крај. Не знам ни самата како се облеков, како го спремив него, едвај такси најдов на времево и правец болница. Кого попрво да смируваат... Дека сама сум дома и имав чувство дека единствена цел ми е да стигнам таму и да го предадам како штафета на сестрите. Таму ништо не може да му се случи. Саат ипол сигурно плачеше. Бев 100% сигурна дека не може да се грчеви зашто пред 3 недели ги надминавме. Го прегледаа и се беше ок, фала богу и наводно се грчеви од краставицата што ја јадев за ручек. Се мразев во тој момент, толку осеќав вина за таа негова болка. И толку ми вика сестрата, ми објаснува по стоти пат што да правам да му помогнам ако плаче пак, а јас седам и не сакам да си одам. Знам сами сме дома и траума ми е. Седам, го гушкам и плачам. Ајде ми рекоа остани колку сакаш кога ќе бидеш спремна оди си. Не знам колку помина и искочив. Таксистот душа од човек, ме чекал. Му ги дадов сите пари од новчаник и еве сме дома, бебушка спие безгрижно, а јас плачам до него и дежурам. Се извинувам за оф топик, тешко ми дојде на душата. Сепак грчевите не престанувале до 3ти месец. Се плашам цице да му дадам.
Леле ептен ми е жал, ама не плаши се, ќе помине. Најтешко е кога го гледаш како се мачи а не можеш да му помогнеш се' би дала тебе да те боли место него Што испадна сега, покажуваше ли знаци дека се грчеви или само силно плачеше? Се надевам не се повтори откако си заминавте дома..!? А му понуди ли да цица кога се расплаче? Јас прво нешто што правам е тоа, често знае така да се потсмири, за воопшто после да можам да правам масажи и останато за да му помогнам...
Фала ти. Баш така, си повторувам мене да ме боли, не него. Секогаш кога плаче прво му нудам да цица ама овојпат не сакаше ништо. Го оставам на кревет да му ги кренам нозете или да го измасирам и плаче уште повеќе, па жал ми е и го кревам. Сигурно беа грчеви, така изгледаат поцрвенува и вришти. Заспа уште во болница, дома се разбуди и не тргаше поглед од мене, таков уморен и црвен беше уште Му дадов да цица повлече 2-3 пати и се тргна. Спие сега и слушам му клокотат цревата.... Каков стрес се овие грчеви.
Сабајле плачеше ама не како вчера, се смири со цице. Јас само чај пијам уплав имам, не знам што да јадам... Заборавив да прашам, вчера кога се смири го приметив ова на сликата. Можно ли е од напор или грчење да беше? Ноќеска се повлече сега нема ништо.
Нешто полесно, јогурт напиј се обавезно, содржи пробиотик. Касни тоа што си јадела претходно кога немал грчеви. Краставицата велат дека е многу тешка за стомакот, иако е 90% вода (ова педијатарот ми го кажа). И јас ти стиснав лајк за поддршка на постот од вчера. Ќе поминат грчевите, не се секирај. Знам колку е тешко и колку боли кога ги гледаш како се мачат Мене ми беше ужас со двете сама, едно 2 годишно што бара внимание 24/7 и едно новороденче што се витка и се црвенее и се мачи, ама помина. Се’ поминува Еден збор ќе ти кажам: Мајка
Да, за краставицата истото вчера ми го кажаа. А баш си реков голем процент е вода и не би имало проблем. Ништо, се враќам на стара исхрана само би сакала некоја да ми каже дали се менува млекото со едновидна исхрана? Знам дека нема неквалитетно млеко ама нели треба да се јаде здрава храна? Инаку, го едитирав погоре мислењето баш види дали ви се има случено. Ви благодарам на сите
Имале и двете многу пати црвенила од непознато потекло, ама ако сами се повлекувале, не сум превземала ништо. Штом се повлекло, било сигурно од напор, или од што се вжештил кога силно плачел, ништо страшно. За храната, млекото нема да се смени. Додека има грчеви многу мајки имаат рестриктивна исхрана. Кога ќе поминат, ќе јадеш поразновидно Бебето секако го зема најхранливото.
Јас побарав од нутриционист да ми направи мени за лактација 1400 денари е менито ќе ми биде готово за некој ден, се едно исто јадам само незнам колку ќе успеам да зготвам со бебето