Мене ме чуди ова ми се дешава кога спие и нема да се разбуди по саат ипол, инаку навечер ја ставам на града ако не сака да цица се одмолзувам. Исто сум и јас
Не, кај нас беше паднато поради тоа што примаше антибиотик. За три дена сам се нормализираше хемоглобинот, од 9.2 на 11.8 се покачи.
Ехх и ние пиевме антибиотик ама пред 10 дена. Кој ти е матичен? Ако не сакаш тука може во лп да ми пишеш. Ме интересира зошто некои доктори се многу настроени да даваат лекови, јас таквите не ги сакам, а изгледа оваа нашава таква е. Ќе ја сменам само да најдам подобра. Јас си имам супер матична и гиниколог, никогаш не форсираат лекови. Секогаш сме пробувале прво природно без многу јаки терапии. Ама за детево ја погодив. Викаат Паскалов бил против многу терапии.
Јас не сум во Македонија туку во Германија. Бебето мое имаше некој вирус, црп вредноста беше висока 17.5, бевме во болница 5 дена и за тоа време примаше антибиотик преку вена. Хемоглобинот од 10 и нешто падна на 9.2. Во петокот не отпуштија од болница, а во понеделникот бевме на контрола и резултатите покажаа дека се покачил хемогл. на 11.8. Ниту докторката во болницата ниту педијатарот кажа дека треба да се зема терапија за тоа. Јас и онака имам слабо железо и јас мислев дека јас треба нешто да направам за преку млекото да се подобри крвта, затоа го прашав педијатарот и тој ми го кажа тоа што го пишав претходно.
Супер, ќе се префрлам. Само сеа мм кој ќе го слуша. Ќе почне, пак се правиш докторка, само нешто не ти чини хаха
Кога ќе се префрлиш кај Паскалов само не очекувај дека ќе ти објаснува ,збори нешто многу совети да ти дава .Докторот е топ ,ама краток и јасен е ,кај него нема муабети на редовен преглед за здраво дете од муабет добиваш супер е се гледаме за 1 месец
Хаха да да.. или имаш - ништо не и/му е.. докторе ама.. ништо не е. А треба нешто да даваме и само кратко и јасно НЕ, ќе помине
Ти кажа некој по колку треба да се пие од чајот? Чај од ким правев литро, ама викам од овој да не треба помалку..
Кај паскалов тешко за место мене зимото не ми даде ама затоа отидов кај него за второ мислење и навистина е топ човекот не прими ни даде совет се што си требаше не ни наплати ништо иако не бевме негови пациенти ама искрено рече родители јас неможам да земам многу кога нема да дадам квалитет и нема да бидете услужени кога и да ви треба за совет мислење поминете слободно така да човек на место. Јас инаку сум кај Тимовски во воена ок педијатар е и тој
За доење ич не се ослонувајте на педијатар. Имаат еден голем минус од мене а и од многу околу мене. И Паскалов е одличен доктор и дијагностичар за болести, но доењето не му е бранша.
Како и да звучи муабетов, (егоцентрично, дрско, надмено) го потпишувам со две раце. За доење барајте секогаш второ мислење од други места, а не од педијатри. И го пишувам ова како поддршка, а не во улога на мрчатор.
Здраво девојки, бебето е 3 и пол месеци на ексклузивно доење голем цицач и мразач на шише. Е сега пред една недела започнав со исхрана препорачана од нитриционист. Значи вака на изглед исхраната е топ многу подобра од тоа што јас претходнонсе хранев (брза храна, благо и газирано). Последниве денови на попладне бебето е нервозно сака почесто да цица и денес со цел да пробам му дадов АД и испи 30мл. И си беше задоволна. Градите ми се меки од порано не се тешки и тоа знам дела значи воспоставување на лактација. Дали е можно исхраната да делува на количината или пак е некој скок. А кога ја стегам градата има по некоја капка, не шприца ккао порано а бебето го слушам дека голта некои 4 5 мин и потоа се трга од градата, фаќа пак цицнува 3 пати и пак се трга за на крај да почне да плачи. Пијам течности и лакта микс. Не сакам да престане да цица ве молам за совет ❤️
На 4 м по термин, има скок со регресија во спирење, ќе ти се чини немаш млеко а имаш и тие постојано ќе висат на града. Мене педијатар ме предупреди за ова, не дадов ниеднаш ад, супер си напредна. Дали му е доволно, вагата и пелените ќе ти кажат на толку мало бебе.
Mene me plasi toa sto minatiot mesec napredna samo 500gr iako navidum nemase problem. Prethodniot mesec imase staveno 1200gr taka sto pedijatarot zakluci deka e ok. Kaka ednas na nekolku dena no bidejki e na ekskluzivno e OK a mocanite peleni ne se tolku polni kako na pocetokot. Ova kazuvam i pred da ja smenam mojata ishrana. Nema da si prostam ako zaradi mene deteto e gladno Извинете на латиницата, сфатив откако го напишав
Така е и јас се сложувам со тоа нас ни е матичен и презадоволна сум од него ама за доење не се сложувавме баш во советите ,среќа @Kaetana е тука па си го доев синчето до 16месеци .
Не може секогаш по кило да напреднуваат. Ти најубаво си знаеш. Јас си го осеќав бебето, нудев нон стоп и пратев регресии, скокови, после 4 5 м, не значи дека многу ќе качуваат. Течности да пиеш повеќе и без нервози. Доењето е пролактин што ствара млеко и окситоцин што го истиснува. Легнете си, цицкајте и уживајте. Но види и со педијатар, да не давам совети на празно, по која перцентила се движи. Мојата приказна за доење уште трае и по 14тиот месец, без ад ни во болница на раѓање. Многу бев смирена и сигурна. Имав доверба во своето дете. И бев информирана. Трудна се исчитав, прекрасни совети тука, одев на сите обуки можни. Ги подржувам сите да дојдат најдолго до кога сакаат, до кога им е убаво. Сплет на околности, корона, останав дома, ниту му намалив, ниту му забранив да цица, кога ќе почнам на работа планирам да намалам само без да го одбијам, но здравје, ќе видиме како ќе биде.
Мајки од зеленчук и овошје што е дозволено да се јаде за време на доење ??? Нели се избегнуваат некои заради грчеви
Јас се јадев и пиев и уште си терам (5 месеци е ) од ништо не сум си скусила и немаше мојата ни Г од грчеви.