Од зеленчук јадам компир, благ компир, кромид, морков, тиквичка, црн патлиџан,овошје јаболка, банана, круша, авокадо. Избегнувам краставица, домати, праски
Дали може некоја мамичка да ми помогне јас пишев во сосем различна група. Незнам како да се средам со доењето поточно од кога ми надојде (уште од болница) почнав со дигање на тт, царски сум породена и на четврти ден веке имав млекце. Пратев когаа ми се дига тт фактички кога градите ми се измолзени или послем подој фактички кога ми се испразнети тогаш тт имам 38-38,5 се додека не се наполнат. Кога ми се полни целосно имам тт 37. Дали некој имал ваков проблем или да ми даде совет како би се решило.
Мајки, дали мора да се земе перница за доење ко полу-месечина или не? Некои туторијали се со таква перница, некои не, па како е попрактично?
Јас земав, џабе. Од почеток не ја искористив и после ја баталив. Повеќе седи бебе во неа него ли за доење што ја користев. Така да и да земеш можеш да ја пренамениш
Ако планираш така да доиш од страна да го ставаш земи си. Јас го доев така и ја користев. И натака за седење/лежење ќе ја користам.
Дали некој ја има на Авент пумпата за измолзување и како сте задоволни? Изгледа лесна за користење па дали вреди да се земе?
Рачна, 3000 е. Имаш пумпа шише и цуцлата калма (ако ти значи, иако синко никогаш не ја прифати). За повремена употреба е супер. Брзо пумпа, за 10 мин ми ја празни цицката, 150 мл вадам без мака. И не е мачна за стискање, не ме заболува раката.
Јас сум презадоволна од се на медела. Пурелан потрошив куп туби ама брадавиците ниту еднаш не ми испукаа. Ги мачкав скоро месец дена пред пораѓај. Силиконски користев, синко ми ги извлече брадавиците. За ден два употреба дадов 800 денари ама алал парите. И на крај пумпата е супер. Не ме заморува, убаво ми легна инката, а плус имаш и различни големини да докупиш ако не ти одговара. Сите делови се стерилизираат, само рачката не ама не доаѓа бо допир со млекото. Е само кесите за млеко им се изгор, авент кеси имам.
Ќе ја пробам кремата. И ја цела бременост мачкам ланолин за испукани ама гледам сега дури и ми се раскрвавеле уште сега викам не е можно. Ама ќе ја набавам може ќе ми помогне да ме среди до пораѓај...и шеа путер пробав и масла разни џабе
Пурелан е чист ланолин. Друг немам пробано да направам споредба, ама од овој сум презадоволна. Плус не се брише пред цицање.
Јас јадам пиперки и патлиџани ама лупени ,а зашто праски не ,баш го прашав педијатарот дали смеам да јадам праски и лубеница ми рече да ,јас од се кратам незнаж веќе ни што да јадам
Од рачната јас ич не сум задоволна, ама ич не правеше добар вакуум, баш ме разочара. Инки барав по аптеки, сите чудно ме гледаа и немаше каде да купам. Инаку, има поевтини електрични, читни во темата за молзење, баш пишуваа за поевтини, а супер пумпи. Ниту калмата не ја искористив. Јас праски лупени јадам, патлиџан исто, но само по едно на ден. Малку лубеница пробав, диња, пола круша излупена. Исто се однесува малиов како и досега. Е сега, мала количина пробав чисто да видам, се надевам дека нема да има проблем ако изедам на пример цела круша.
Да тајов користам само на Леа околу 200д беше исто природен ланолин не се измива пред цицање исто за доилки.. Не знам дали има некоја рсзлика