Колку е? Ланолин иам од најефтиниот (на Леа ) и е топ! Немав мака ни првиот ни вториот пат кога почнав да дојам.
Дали некоја од вас практикува стрикно одмолзување и давање млеко од цуцла уште од старт? Би сакала така да го дојам второто бебе, затоа што со цицање само имам лошо искуство на непроспани ноќи, а нема зошто да пие адаптирано, затоа што имам млеко. Доколку некоја го практикува ова, ако може да ми објасни што се треба да набавам. Благодарам однапред.
Многу мачен процес е тоа.Ама како си милуваш еве ќе ја тагнам @AngelOfArh она го израсна синчето со молзено млеко ама причината беше оти не фати бебето да цица.Нека каже искуства.
Мислам дека мајка што не е приморана да го прави ова, нема логика да го прави. Мислам дека е премногу напорно, 100 пати полошо од непроспиени ноќи поради доење. И @babyboy1 мислам така доеше, нека каже искуство.
Јас одмолзував до пред некое време и искрено воопшто не ми претставуваше проблем брзо ми одеше ама во последно време ептен се напнав за други работи па и млекото ми намали и престанав... Дека ќе бидеш наспана со молзење верувај нема да си... Види вака ако доиш пример станува бебе даваш цице заспива тоа заспиваш и ти... Ако молзиш јас како што правев тоа е вака заспива бебе ти молзиш за да има кога ќе се разбуди, миеш пумпа и сите делови и легнуваш да спиеш -пола саат губиш од старт, станува бебе даваш млеко го заспиваш па молзиш па пак миеш и така на секои 2-3 саати... Ќе ти треба пумпа за одмолзување..јас молзев со рачната од чико баш ми се погоди,ги имав и електрични на медела и лансинох ама не ми одговараа..четки за миење помали и поголеми оти имаат ситни делови пумпиве а и за шишињата ќе ти се најдат и ти треба шише е сега какво ќе прифатитоа е до бебето..купи едно за да не фрлаш џабе пари ако не го сака па треба да смениш друго...Ако имаш стерилизатор супер ако не ќе ги вриеш еднаш во денот останатите пати јас ги миев со сјај и жешка вода.. Мислам тоа е ако ми текни уште нешто ќе ти пишам, а ако имаш прашање слободно пиши
Нема мајка која со бебе има проспиени ноќи. Цицање е најлесното нешто на овој свет. Вадиш цицка и имаш магија. Јадење, утеха, близина, се што ти треба. Измолзување е понапорно и од адаптирано. Мораш да молзеш редовно, да миеш и стерилизираш пумпа и шишиња. Ке мораш да стануваш пола сат пред бебе да цица за да молзеш, или ке молзеш редовно а ке чуваш во фрижидер и ке топлиш пред пиење (иако за ова не можам да гарантирам затоа што јас давав молзено само по потреба, еднаш месечно и вака правев, за редовно молзење можеби и треба таза млеко за секое хранење).
Кај мене на 2 и пол месеци почна бебето да одбива да цица и тогаш почнав со молзење... Еве веќе два месеци се молам.. Молзам 4 пати на ден и вадам некаде околу 400 мл. Тоа е доволно за 3 оброци а другите 4 оброци се АД. Откако ке се измолзам ги мијам елементите од пумпата.
Ви благодарам на сите на одговорите и на тебе исто. Се надевам дека нема да има бебето проблем од одма да се навикне на цуцлата, првото едвај го одвикнав од цицање и тоа после 6 или 7 месеци. Не сакам да давам формула, затоа што немам потреба од тоа, си имав млеко со првото доста, ваљда и со ова ќе имам, со оглед на тоа што често ми тече колострум. Нормално е дека е бебе и дека е огромна одговорност пред се и нема да можам да спијам како и сега, но барем ќе имам можност да се одмолзам и барем на едно будење некој друг да му даде да јаде, како за почеток, додека не фати ред. Првата бременост многу тешко проаѓав низ тоа и не сакам да проаѓам низ истото пак. Сепак сметам дека одморена мајка е доста поприфатливо од нервозна, ненаспана и депресивна и правиме се за да си ја олесниме работата.
Бебето ми е 3 дена. Ме разрани на градите и не можам да го доам ептен ме боли. Почнав да се одмолзувам со пумпа, меѓутоа мн малку тече, околу 10 мл. измолзе само. Градите ми се крвави, болни, корави, издувани. Толку мн ме болат што плачам цел ден. Ве молам за помош што да правам?
Само Ланолин маст, мене мноогу ми помогна. Во иста ситуација бев и јас, одма се осеќа ефект. После неколку мачкања целосно ми заздравеа брадавиците.
Мачкам цел ден ништо не помага. Како да ми омекнат градите? Со пумпата мн малку се измолзува, не знам дали толку има млеко. Ама па ако е толку млеко, зошто се издувани и корави. Очајна сум
Јас немам искуство со одмолзување, ама тука што имам читано кажуваат дека не се добива иста количина при одмолзување и цицање на бебето. Кога бебето цица самите движења на јазикот на бебето стимулираат лачење на окситоцин хормонот додека со пумпата тоа се прави механички и се добива помалку млеко. За омекнување пробај со масажа под топол туш. Јас во првите три дена имав како грутки во градите, прашав тука и ми кажаа дека тоа значи дека млекото ќе дојде наскоро, и така беше. Топлиот туш исто така ми помогна.
Ќе ги масираш. Е сега...болна е масажата, ама верувај дека ќе ти олесни. Јас така го средив проблемот вториот пат. Уште во болница имав проблем. Многу ми олесна. После ми надојде многу млеко.
Рано ти е, како цица бебето така ќе надоаѓа млеко. Никако не смееш да ги оставиш тврди, јас рачно се измолзувам, со пумпата не ми се прави вакум. Стискај ја крвнички градатс како да не е твоја, мора да омекне, ставај топли облоги, јас топев крпа со жешка вода и ја замотував градата. Во болница ми беа така и плачев и ги стискав измолзував на влошка, исто и жената до мене. Брадавиците премачкувај ги со млекото и остави ги соблечени да не ти допира ноќницата до нив додека те болат. Болно е само на почеток и мора да го поминеш тој период. Тие што доите пиете ли парацетамол? Ужасно ме боли главата, до сега немам пиено лекови.
Може ли да ми кажете како се употребуваат листовите од зелка? Втор ден веќе имам запушени канали, гради полни а млеко нема. Пробав се, од топли облоги до измолзување на секои 2 саати, веќе почнав да качувам и температура, со коронава на лекар не ми се оди
Точно дека колку што за бебето е подобро да е на мајчино отколку на Ад толку е и да си ти одморена а не напната и нервозна во тој случај и тоа е и само ќе си плачите по цел ден. Нема ништо лошо да даваш АД доколку немаш млеко но сепак не е мајчино и потрудисе да успееш барем со молзење доколку не доиш..За цуцла каква ќе прифати незнам ама купи си едно шише па ако не сака од него ќе земиш друго..па кога ќе прифати тогаш купи две три исти за да не мораш да миеш набрзо.. Некаде низ темиве некоја членка имаше пишано дека пумпата не ја мие после молзењр туку во кеса од оние како со патент ја чува во фрижидер јас така не правев туку мијав после секое молзење... И подобро ти е да молзиш кпга ќе заспие бебето оти неможиш да знаеш кога ќе стани и дали ќе биди мирен па ќе почека да молзиш или ќе урла па од тоа што ќе.го слушаш ќе бидеш напната и нема ни да измолзиш ( ова неколку пати ми се има случено ) Друго што приженував беа туширање со жешка вода пред молзење( или само градите ги миев со што пожешка колку што можиш да издржиш) и компресии за време на молзењето вака вадев по повеќе млеко... Исто и ноќното молзење не го прескокнувај колку и да ти се спие тогаш многу повеќе измолзував... Туширање со жешка вода колку што можеш да издржиш и за време на молзење прави компресии на градите..Иако те болат брадавиците ставај бебе да цица боли само додека да фати после не...и гледај поголем дел од ареолата да му е во уста не само брадавицата раскрвавени ти се од неправилен фат на бебето... @lavinija28 мислам можи да ти помогни со ова..
Зелката ја чував во фрижидер, гледав да успеам да скинам убав лист, го стегав со толчник или сукало за да пушти сок и така ги ставав на гради залепени (така и спиев, а гледај некако со маица под блуза да ти се убаво стегнати за тебе). Јас имав млеко, само не ми се празнеа и имав тт 38 скоро две недели. Друго:жежок туш на гради (или само миење со жешка вода ,колку што можиш да трпиш)-ова пред доењње, чував мали шишиња со жешка вода и масирав со нив и со раце, пиев парацетамол за тт (имав и трески) и најважно да се става бебе на града што се може почесто. Со лесно
Фала ти многу. Некаде прочитав дека треба да се попарат листовите со врела вода па после да ги ставаш. Пробав вака вчера, денеска ќе ги ставам во фрижидер. Незнам која е разликата