Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Пишав во друга тема , но изгледа прашањето е за тука. Дали успеавте да почнете со доење после царски, кој е направен пред да почне природно процесот на раѓање, дали и тогаш си надоаѓа млеко нормално?
     
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Да, две деца доев (едното сеуште го дојам), и двете родени со царски. Млеко ми дојде после 3-4 дена и со двете :)
     
    На LadyC, Chuchanov и Kaetana им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.758
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на договорен царски и царски кој се прави откако ке почнат болки, тогаш нема разлика.
    Организмот препознав дека е извадена плацентата, а со тоа се активираат хормоните одговорни за лачење млеко. Мене ми надојде млеко по 3 4 дена, царски сум ама добив болки.
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Да, јас дојам два месеци. Се породив 38+5 без да ми почнат болки, со договорен царски.
    Млекото убаво ми надојде после 8/9 дена. Претходно бебето цело време на града го ставав а кога спиеше се одмолзував со пумпа. Ништо не излегуваше со пумпата ама јас си се молзев и се стимулирав. Пиев многу сокови и вода.
     
    На Thallia и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  5. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Јас мислам ладна треба и така да е влажна да има сок пуштено за да ја влечи жештината. Може и да не стои во фрижидер, да си е на собна тт ама битно да е влажна од самата течност.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Скок во развој. Храната на мајката не влијае на составот или количината на млекото. Издржи некое време, ќе поминат овие чудни реакции од бебето. Гледај само пелените да останат полни како претходно. Ако цица навечер подобро зголеми ноќни подои. Или дои преку ден полузаспано бебе, во затемнета просторија. Трпение.
    А за исхраната, слободно јади сѐ што сакаш.

    Ретко има мајки кои овој начин го сметаат за "полесен". И најчесто воопшто не е полесен. Ако сакаш да даваш само мајчино млеко - ќе мора да се молзиш на максимум растојание од 3 часа за да одржиш лактација. Ако не и порано. На тоа следува средување на секое делче од пумпата. Обележување млеко. Пазење како си го средил, како си го сметал од две сесии. Бебе почнува да рика, а тебе не ти е "стоплено" млекото. Па трчаш да топлиш. А молзено не се топли туку така. Мораш да чекаш. А ако си мислиш дека ќе се измилзиш преку ден, ќе му дадеш со шише во 12 и ќе му даде некој во 3 додека ти спиеш, па ќе стане после во 6... Мислам дека многу си оптимист. Искрена сум, извини.
    Замисли на сред ноќ врисне бебето, а ти ете не си планирала, па трчаш да "стоплиш" млеко, се нервираш, нишкаш бебе а тоа не се смирува никако...
    И сето тоа спореди го со момент, бебе вриснува, ти вадиш цицка и го смируваш одма и презаспива.
    Да не зборуваме момент дека градите ќе ти се преполнуваат, огромни се шансите да завршиш со маститис заради недоволно отстранување на млеко (окситоцин со пумпа не функционира баш супер кај сите мајки).
    А со тек на време, количината на млеко ќе ти се намали, затоа што ретко која мајка успеала да симулира стимулации како цицање. И не е до техниката, до самата жена е.

    Мислам дека треба да побараш подетално искуства. Ако не сакаш да доиш тоа е друга работа. Ама да не доиш затоа што си мислиш дека вака ќе е полесно,... Жалам што ќе ти соопштам дека шансите да е полесно се скоро непостоечки.

    Мачкај ланолин. Молзењето со пумпа знае да биде поболно. Врати бебе на града. Имам пишувано дека со добар фат доењето и на разгранета брадавица не е болно. Боли само првите неколку секунди додека бебето ја влече брадавицата да дојде кај непцето. Џабе ќе ти е мачкање ако не го подобриш фатот на бебето на града. Види зошто се случило тоа. Има две причини - или не го местиш како што треба, или има проблем со јазикот/устата.
    Верувам дека е првото. Пробај да доиш во биолошка позиција - тоа е позицијата каде што ти си полулегната а бебето е на тебе. Така фаќа најдобар дел од градата. Пробај да доиш со асиметричен фат. Ќе ти пратам линкови и слики подолу. Коморесии при доење обавезно.

    https://www.lactation-911.com/how-to-asymmetrical-latch/

    https://ibconline.ca/the-asymmetric-latch/

    https://www.babycentre.co.uk/x25010335/what-is-laid-back-breastfeeding

    Со првото беше почнат процесот на раѓање бидејќи имав некои ситни контракции, и бев отворена еден прст, а и бев 42 недела. Ама во принцип и не беше баш почнат, бидејќи после 30 саати со провокации јас останав на 1.5 прст. Па завршив на царски. Млеко дојде третиот ден вечерта. Градите наеднаш ми се направија камен. Ама така беше затоа што бебето е родено во МК, и не го добивав редовно за доење.

    Со второто се породив на речиси закажан царски во 39 недела, ништо не беше почнато од себе. Имав премногу плодова вода, сѐ си беше во ред. Бебето не беше спремно. На крај скоро да испадна дека бебето е речиси на граница да е и прематурно родено, ама ај. Млеко ми дојде втората вечер. Разликата е што бебето беше од раѓање на мене на града и си цицаше цело време. Градите никогаш не ми се стврднаа затоа што бебето киснеше по цел ден и цицаше.

    Обично со царски знае да "задоцни" доаѓањето на млекото. Викаат дека тоа се должи на тоа што нема лачење на окситоцин кој е одговорен и за доењето но има и главна улога во контракциите на матката при породувањето. Со одлепувањето на плацентата се сигнализира "крајот" на породувањето. А механичкото одлепување при царскиот може да го "одложи" тој процес.

    Имајте на ум дека не мора да значи! Жените сме чудесија невидена, па нема правила. Но едно нешто знам - со стимулација на градите со бебе на града, по можност одма после породувањето, и имањето на бебето на града цело време после породување, ќе имате без сомнеж најдобри резултати во побрзо надоаѓање на млекото.
     
    На elenaklasik, Thallia, BirMelek и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Да, два ипол месеци дојам, породена сум со договорен царски во 39та недела, вториот ден ми надојде млеко во болница но немногу, дома стимулира со пумпа и бебе цело време на града и од третата недела сме само на доење.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. new-mom

    new-mom Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Ние се храниме вака скоро 6 месеци веќе. Искрено мене ми е полесно. Навистина сакав да ја дојам од града ама за жал не успеавме, буквално ми спиеше на цицка по 5 саати кога требаше да јаде, плус рамни брадавици - мораше и силиконски да користам и целиот процес беше измачување.
    Со електрична пумпа си најдовме спас и веќе ексклузивно сме на измолзено мајчино млеко веќе 6 месеци.

    Да не ме сфати некој погрешно, секако доењето од града е полесно и поубаво ама во нашиот случај не беше така.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    @Kaetana @new-mom фала на споделените информации. :)
    Имам неколку познанички кои стрикно се на одмолзување и рекле дека дефинитивно им е полесно одошто кога доеле. Шубе ми е да ги распрашувам затоа што не ми се толку блиски, но колку што знам имаат повеќе цуцли кои се стерилизираат еднаш дневно и на секое одмолзување (пумпата им е поврзана со цуцлата) користат друга цуцла. Млекото, кога излегуваат, го ставаат во фрижидер (ваљда) за некој друг да го даде, е за делот со тоа дали може да им настане мастит, не сум прашувала. Тоа и ме интересираше.
    Претходната бременост само доев и на 6 или 7 со тешки маки го одбив. Не можев повеќе психички да издржам, а и сметам дека по 6 месеци е и нормално да почне да се одбива. Проблем со брадавици или со млеко имање сум немала никогаш и поради тоа не сакам да го оставам детето на формула.
    Додатно на тоа, имам и еден куп работни ангажмани од септември па натаму, кои се од огромно значење за мојата иднина и гледам колку што можам да си го упростам периодов.
    Навистина секој совет ми е добредојден.
     
  10. new-mom

    new-mom Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    На сличен начин функционираме и ние имам 5 шишиња што одговараат на пумпата, директно полнам во нив и давам. На крај од ден мијам се.
    Од сабајле некогаш и по 250мл одмолзувам, тоа му се некои 2ипол оброци, па ми останува и вишок.
    Не ги ставам во фрижидер, на собна температура ми стои до 6-7 саати - ништо не му е. Секогаш прво го мирисам или пробувам, расипано млеко се осеќа одма и плус бебе нема да го пие дури и да му го понудиш.
     
    На Milkiway и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  11. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Дали знаете дали смееме да пиеме магнњзан со б6 што се комбинацијата?
     
  12. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Дали имате зголемен апетит кога доите? Мене многу ми се јаде, иста килажа сум од пред бременост но вака ако продолжам ќе качам
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас со син ми кога се породив ми се јадеше многу повеќе него трудна кога бев ама дека пазев на храна ради грчевите ослабев бајаги,а сега дали немам време пд две деца да мислам на храна па не осеќам дека ми се јаде повеќе сега се осеќам жедна многу дури на моменти дехидрирана сум мислам.
     
    На Butterfly1107, LadyC и Jana06 им се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Многу сум гладна цело време, се осеќам како доењето да ми ја црпи цела енергија. А сабајле кога ќе станам сум премногу жедна дека ноќе цица доста, а јас сонлива заборавам вода да пијам. Се нервирав дека не можам целосно да си ја повратам килажата од пред бременост ама се помирив. Мора да цица, морам да јадам и тоа е.
     
    На Butterfly1107, Chuchanov и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Ќе се вратиш на старо, не бега тоа, опушти се за да не те отепа психа.
    Јас па ноќе кога ќе го осетам дека почнува да мрда, веднаш одам во кујна и пијам чаша вода, го дојам и пред да призаспијам, станувам за вц и пијам уште една чаша вода. Во текот на ноќта пијам 1-1,5 л вода.
    И јас енергијата осеќам дека ми ја црпи доењево.
     
    На dunika, Thallia, Butterfly1107 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Јас ако станам од кревет готово, не можам да презаспијам. Само некои мисли ми се вртат, не ми е баш најдобар периодот. А шише ставам до креветот ама ете не знам зашто заборавам.
     
    На mal.ecka, LadyC и 0ли им се допаѓа ова.
  17. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Купи си силиконски брадавици и мачкај многу ланолин. На бебе не смета.

    @SkarletOHara царски е царски мила. И јас со двете сум царски и ми дојде млеко после 3-4 дена.
     
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Мене малку скокот ме полуде, среќа заврши.
    За заспивање ме опушта ако си мечтаам кога со малиот ќе одиме на плажа и ќе си играме во песок и во вода, па веднаш кома заспивам.
    Пробај со медитација да ги одвратиш мислите за да не те окупираат. Ич не е лесно, мора да си олесниме некако.
     
    Последна измена: 24 август 2020
    На dunika, Butterfly1107, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    И јас се помирувам, многу сум жедна толку сок никогаш не сум испила. Да се живи и здрави бебињата а за килажата кога ќе почнат да одат ќе трчаме по нив. Пробав јас да вежбам ама не бива повеќе ми се одмара
     
    На Butterfly1107 и Jana06 им се допаѓа ова.
  20. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Инаку мн жедна и мн пијам, апетит нула. Само благо брцам, енергија ми дава и јадам еднаш на ден