1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски

    Нормално и очекувано е, кај сите се случува - убаво ти кажа АИТ, поради хормоните. Тој процес се нарекува ефлувиум, и е нормален после породувањето. Во бременоста косата скоро и да не паѓа (со исклучоци), ама затоа после си надокнадува. Пиј си Фероглобин, нема штета. Инаку, мене од капсули и шампон Фитовал ми се среди, престана да ми паѓа многу брзо.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Дали некоја има искуство со стаклената пумпа за измолзување на Chicco? Јас имам рачна на Tommee Tippee и со нејзе не можам комплетно убаво да се измолзам, како да не е доволен вакумот. Една девојка ми кажа дека со оваа стакленава страшно добро се измолзува и не е толку споро како со рачните пумпици кои се со рачка.

    [​IMG]
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Грл, немам искустцо со стаклената на чико, ама имам генерално искуство со пумпици за одмолзување кое може ќе ти биде од корист.
    Прво купив некоја рачна со пумпица што се притиска и прави вакуум. Ја земав од аптека, ама не знам од која фирма е, не беше чико сигурно. Некако ми изгледаше дека не ми врши работа доволно добро, па земав една електрична, исто така не сум сигурна од која фирма, ама ја земав од некоја специјализирана продавница, или аптека Медикус Матеа мислам дека се викаше. Се сеќавам само дека беше прилично скапа, околу 7000, а сепак тоа беше пред 8 години, цените беа други.

    Мене ни една од двете нешто посебно не ми заврши работа. Влечеа млеко, ама сепак даваа некое одвратно чувство, и ка крај на толку фрлени пари сфатив дека наједноставно ми е да се измолзувам рачно. Пумпиците речиси воопшто не ги користев.

    Инаку јас доста се одмолзував, тргнав на работа кога малата ми беше 3 месеци, и мака мачев тој период со одмолзување, така што искуството не ми се заснова на еден-два случаи, туку неколку месеци.
     
    На Eli23 и girl1985 им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Моето време на доење одамна е поминато,можам само да кажам дека јас рачно се одмолзував.Бидејќи сум по малку чудна не го правев тоа во никаков сад,имав чувство на знаете што,туку во обична памучна пелена,Доволно ми беше еднаш во денот да се одмолзам,Инаку едно од ,сперед мене, најнепријатните чувства, како мајка :| Зборувам за одмолзувањето нели..
     
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Грл не знам зошто ти е измолзувањето дали затоа што ќе тргнуваш на работа или онака за да имаш повеќе млеко. Јас со првото дете имав вакво за измолзување (само пластично) и искрено многу ме болеше и затоа го употребив само 2 пати,а на едната града ми се направи и модрица . Јас мислам дека дечињата ни се тука некаде (8 месеци) и мислам дека и твоето веќе јаде што значи дека можеш да ја/го оставиш некои 8 часа без цицање,а во тој период да јаде овошје,зеленчукова каша и евентуално некоја кашичка со адаптирано млеко(има на хип) или пак фрутолино.На тој начин ќе се ослободиш од оваа непријатна работа ,а бебето ќе биде сито со тоа што пред одење наутро ќе цица а во останатото време ќе ги јаде другиве работи.
    Доколку се измолзуваш за повеќе млеко искрено мислам дека повеќе немаш потреба од тоа бидејќи после 7-8 месеци бебето целосно ги исцицува градите бидејќи е поголемо и посилно. Доколку јаде овошје ,зеленчук и житарици доволно е да има само два подои во текот на денот.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    AIT, сега тек гледам дека имаме врсничиња :) Е вака, за релативно скоро време тргнувам на работа, но сакам и да ја одржам малку количината на млеко а и имам проблем што малата е толку хиперактивна и заинтересирана за се околу неа што буквално кога е будна не и се "троши" време за да си седи во скут и да цица, за жал. (Ова трае едно недела дена наназад) Убаво цица само навечер (кога е успана). Па така преку ден еднаш наутро два часа после будење (кога се буди цица) и додавам АД Хип2 околу 150мл и по потреба во текот на денот уште 100мл. Ако успеам да измолзам барем 50мл млеко и го додавам место АД. Чудна работа, од шише пие ама сака да си седи убаво да гледа наоколу и процесот да трае брзо. Се плашам дека ќе го изгубам млекото :( Инаку, млечен оброк имаме навечер, дали готова ноќна хип каша од тегличка, дали чоколино, ванилино, кексолино и слично кои од неодамна ги правам зо Битолско 3,2 бидејќи со АД ич не ги сакаше а и вистина чудно мириса АД млекото. Немам негативни реакции и среќна сум поради тоа. Млечен оброк има и наутро со појадокот, обично пахуљици со млеко или First Pap од Хип кои веќе се со АД млеко во нив промешано со некоја овошка. Некојпат и во ручекот има многу малку млеко на пример ако е пире од компир и слично, инаку воглавно ручекот ми е немлечен. Не знам дали ова е доволно?! Мојата ќерка е многу активно бебе, троши многу калории, се роди 2600гр а сега на полни осум и една недела има околу 8100гр (инаку оди повеќе во должина, релативно високо бебе е).

    Да се вратам на пумпава, девојката која ми ја препорача дека брзо измолзува, да, точно се пожали дека имала проблем со тоа што самото измолзување со ваква пумпа е болно и можно е да се појави модринка. Што да правам не знам, да се замарам со цицањево или не?

    Инаку јаде скоро се од овошје (јагодесто сеуште не јадеме), јаде житарки, зеленчик (освен мешункасто), скоро сите каши на Лино, фрутолино многу го сака, пие јогурт, јаде кисело млеко и павлака... така да воглавно доста работи јаде.
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Грл, ич не се замарај со доењето.
    И јас бев во истиот филм со првото дете. Баш некаде на 8-9 месеци веќе се помалку сакаше да цица, а јас упорно се трудев да најдам начин продолжам да ја дојам, и тоа натегање некаде траеше до пред да наполни година. Тогаш полна ми беше главата со совети дека до година треба да цица, дека многу е важно бебето да биде доено до година дена, од тоа ќе му зависи имунитетот понатаму, итн, па нејзината незаинтересираност ја сфаќав како личен неуспех, особено што имав грижа на совест дека тргнав на работа кога имаше три месеци. Да биде иронијата поголема, двете деца ги доев до година, а немам видено поболни деца од нив, кој каде е, ние во Козле или Детска клиника.

    Сега кога би се вратила назад, не би инсистирала толку, барем не на таа возраст. Друго е да има 3-4 месеци па не сака да цица, тогаш човек треба да се потруди повеќе, ама за бебе од 8 месеци, мислам дека нема потреба. Според мене доволно е да го задржиш само вечерниот подој, кога викаш дека добро цица, и тоа додека сака, колку успееш толку, без да се форсираш и себе и неа.

    Ова што ти се случува е природно одбивање, и биди среќна што ти се случува, затоа што одбивањето на сила знае да е трауматично и за детето и за мајката, а и да се јават компликации со градите. Вака малку по малку ќе ти снемува млеко, а и детето полека ќе се одвикнува. Барем во мојот случај беше така, со едното дете.
     
    На jana31 и AIT им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас ќе се жалам и барам совет и помош. Си имам голема мака со малиов. :(
    Го фатија грчеви еве веќе 3-4 дена, му давам капки Еспумисан, тие ми ги препорача една тазе мајка и пијам чај од мајчина душица и ким 2 л. на ден, ми рекоа дека тоа ги ублажувало грчевите.
    Мислам, ама мислам дека има подобрување :?: , пред да прдне ќе се згрчи ама барем се олеснува и кака 5-6 пати дневно.
    Навечер немам проблем, заспива или после бањање накај 20ч. или пак накај 22ч, менува, кога како и се буди на 2-3 саати за цицање, а сабајле спие докај 7-8ч.
    Проблемот е преку ден, само кај мене седи, ако го земе некој друг вришти плаче, се дере ти се чини го коле некој |( , и само бара да цица т.е. цица активно 10-15 мин., а после се лигави на брадавицата и ако се тргнам пак плаче. :@
    Ако заспие спие неколу мин, па се грчи, па пак плаче, па бара да цица т.е да се лигави и така цел ден. Еве денес се обидувам да го навикнам на цуцла која ич не ја сака, ама па и јас не можам да мрднам од него.
    Како да сменам нешто :?: , да го оставам ли да плаче (а срце ми се кине :( ), и до кога траат грчевите?

    Вака не беше со ќерка ми и не знам што да правам, уморна сум од плачењето негово ;(
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Истово ,ама потполно истово ми се случуваше и мене со ќеркичката.По цел ден имаше грчеви ,а најинтензивни беа од 6 до 8-9 навечер. Пробував со капки,чајчиња ама се беше краткотрајно 1-2 дена и после пак по старо. Јас бев сигурна дека се само грчеви во прашање и затоа цицањето беше на 3 саати ,со тоа што некогаш кога не можев и бев изморена од плачење и давав и порано и ја држев така по 1-2 саати за да поспие.И мојата не сакаше кај никој во раце ,а за на кревет ни во сон. Јас до 5 месеци цело време ја држев во раце ,дури така и спиевме,но затоа па сега на нејзини 8 месеци освен кај татко и кај никој друг не седи повеќе од 10 минути.Среќа навечер спие на кревет (до мене) па малку одмарам. Во суштина сакам да ти кажам дека ова со грчевите е работа на време и тие кај некои деца се до 40 дена ,кај некои до 3 месеци ,а најдоцна до 6 месеци.Тогаш бебињата(за жал или среќа не знам ) ја бараат само мајката и најверојатно на тој начин се чувствуваат сигурни.За мајката ова е многу напорно и болно затоа што вообичаено се чувствува беспомошно.Како совет можам да ти кажам само да видиш на колку време кака и тогаш да му даваш да цица и на тој начин да го ублажите моментот на испуштање на гасови.Пробувај да го легнуваш и на стомак за полесно да се ослободи од гасовите(ортопедите не препорачуваат спиење на стомак ,но 1-2 саати во денот не може да направат проблем)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    леле мамички помагајте. моето бебе има 4.5 месеци и сега почнав да му правам овошни кашички домашни,и за среќа убав си ги прифати си јаде се што ке му направам ама постојано е гладно...ке ја изеде кашичката и јас очекувам по 1 час да го надојам ама не ми успева за 5-10 мин бара да цица и несака ништо друго ни сокче и кашичка,а осекам дека млекото веке количински ми слабее. супер си напредувасше и само кога цицаше по 1,5 на месец но бидејќи неможе да се засити по цел ден само бара да цица. а навечер не се буди за цицање ја преспива цела ноќ. има некој вакво искуство
     
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Штом ја преспива цела ноќ тогаш со сигурност не е гладно.Првите 2-3 месеци бебињата најинтензивно тачуваат килажа ,а потоа како стануваат поактивни тоа се менува .Во принцип овошните кашички не најадуваат односно за најмногу 1 час бебето е гладно ,освен со банана која го држи сито и до 2 часа (барем вакво е моето искуство). Мислам дека твоето повеќе сака да си игра со градата отколку да цица или не исцицува доволно па за брзо време е гладно.Кога јас се посомневав во моето млеко купив кашичка на Хип со ад млеко и житарици и откако изеде позамашна количина и повторно побара да цица заклучив дека нејзе и фали играчка :)
     
  12. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Да прашам само дали можеби знаете што може да помогне за доилка да има појако млеко, сестра ми се породи пред скоро, малото многу плаче, постојано е гладно, млекото и е многу ретко. Ако знаете некој рецепт - одлично! ќе бидеме наспани и среќни :)
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Нека пие млеко, јогурт и нека јаде павлака.
    Исто нека пие и сокови, јас пијам само од боровница и праска и правам чај од мајчина душица и ким, ова е и за количина на млеко и против грчеви да нема бебето.

    Во билна аптека исто имало некој чај за доилки, цената му била околу 250-300 ден., а во Зегин имало и Хипп- чај за доилки и тој бил за зголемување на количината на млеко.
    Да додадам дека не сум ги пробала и не можам да знам со сигурност дали ќе имате ефект.

    Ако и од тоа нема подобрување, консултирајте се со педијатар за дохрана со адаптирано млеко.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Нема појако и послабо млеко, какво има такво е. На почетокот кога бебето ќе почне да цица, млекото е поретко, а после надоаѓа погустото и похранливо млеко. Тешко е на почетокот, пупките се разранети, градите болат, мислиш ќе прснат и најлесно би било да се откаже и да му даде ад млеко, ама само упорноста е важна во почетокот на доењето.
    Нека земе сестра ти чај за доилки, се продава во Билна Аптека на Алкалоид кај ЗОИЛ, помага и за надоаѓање на млеко, и за намалување на грчевите кај бебињата. Јас го пробав, не беше нешто особено ефективен кај мене, ама јас пиев многу течности и пак немав доволно млеко после месец дена.
    Има и други чаеви за доилки, на Хип, Хумана, а тие ги има во секоја аптека. Повеќе течности да пие, јогурт, млеко не препорачуваат поради грчевите што може да ги предизвика кај малото, градите да се масираат да нема грутки, малото да биде постојано на града за да се стимулира лачењето на млеко. Може да става топли шишиња на градите или пак да ги топли на пареа (врз тенџере со вода што врие) колку што може да издржи, така поубаво ќе се отворат млечните канали, и полесно ќе тече млекото. Мене лично ова со пареата ми помогна, одвај ми течеше млеко на почетокот, ама откако неколку пати ги држев градите над пареа, полесно ми надоаѓаше млеко и малиот цицаше без проблем.
    И само упорност, детето секако нема да остане гладно, ад млеката се тука ;)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    :o Е ова не го знаев, а јас си пијам по пола литро јогурт дневно и тоа минимум :(
    Готово, го исфрлам од исхрана. :!:
     
  16. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Јогурт и кисело млеко е препорачливо да се пие додека се дои, само обичното слатко млеко прави гасови кај бебчето и треба да се избегнува :)

     
    На Maja92@, lolyta777 и Annath им се допаѓа ова.
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Од Хип чајот(220-230 денари во Зегин и Тинекс) мене ми надоаѓаше млеко како лудо ,а исто така и од овесни снегулки.Од пиво исто така надоаѓа млеко,а и мајката се подсмирува малку :D .Боза да не пие зошто прави грчеви .Доколку ми се појавеа грутки јас се туширав со малку потопла вода од вообичаеното и ги снемуваше. Како што рекоа и другите мајки само упорност во цицањето и за некој ден ќе се среди.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Ќе и кажеш да се одмара повеќе, да спие и таа со бебето заедно, да избегнува стресни ситуации, да пие повеќе течности и да јаде редовно и се ќе си дојде на сое место.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Леле фала ви многу на сите! Чај одма бев да купам Хип, пие па се надевам ќе помогне. Купивме и боза и кисели млека, јогурти, само малово да не плаче толку. Она има млеко супер си е, само како да не и е доволно на малата, а цица на 2 часа. Постојано е со бебето, јаде се, пие течности, ама малово лакомо ептен )))))
    Фала уште еднаш!!!
    п.с. Позз и од сестра ми )
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. suzan-33

    suzan-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    13
    Земете си чај од анасон од билна аптека ке пиете по 1л, млеко ке имаш дури премногу кај мене беше така.Кога наполни малото 6 месеци престанав да го пијам и редуцирав подои зашто ке си имав проблеми на работа.
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.