Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.886
    Здраво на сите.. Јас пак со проблеми, само ми се трупат.. Породена сум на 31 мај. Многу време помина, а јас се уште крварам. Породена сум со царски рез. На 10 јули бев кај гинекологот бидејќи раната ми имаше поцрвенето. Му спомнав дека се уште крварам, рече немало да ме прегледа, да сум одела кога ќе ми заврши крварењето, не било страшно, можело и до два месеци да се крвари. На почетокот од август се јавив кај докторка друга и рече докторката дека не може по телефон дијагнози да ми дава и да дава терапија. Според нејзиното искуство не било вообичаено вакво нешто и се немало случено, жени породени природно имале пролонгирани крварења и ги дочистувале со киретажа. За со царски рез не било вообичаено бидејќи при операцијата се средувало се. Завчера отидов пак кај матичниот и ме качи на бокс, виде како крварам, му кажав и како се одвива сето тоа. Рече грлото на матката било во ред. А јас првите 30-40 дена крварев како заменструација, некогаш по обилно, некогаш ептен малку. И така и продолжи, на два пати мислев дека добивменструација сма ништо. Постојано крварам. Прво по обилно, потоа помалку, па 3-4 дена немам ништо, па потоа пак. Ме виде и на ехо и не кажа ништо, само ми рече: “Мајкати си ја барала таму да се пораѓаш”. Ми препиша Алматекс апчиња и ми рече да го испијам цело пакување, по 1 таблета на 8 часа. Во случај да не ми прекинело крварењето ми даде рецепт за оргаметрил и рече да му се јавам и да ми каже како да ги пијам. Кога го прашав што е причината за крварењето ми рече дека најверојатно е хормонски дисбаланс. Е сега читам во упатството алматекс е за постоперативни крварења,изгореници, итн. Пишува да не се пие при доење, а докторот вика може..А оргаметрил се баш јаки хормонски и не ми е јасно зошто сосем 2 различни лека ми посочи. Исто не ми кажа дали ако земам оргаметрил можам да продолжам со доење или не. За алматекс кажа декаможело да се дои и да се пијат. Ако земам оргаметрил дали би ми ја нарушило лактацијата и дали се штетни за бебето? Истражував и не најдов ништо.. И онака ми се намали млекото, а имам и други здравствени проблеми и не знам што е паметно .. За брзо ќе морам да прекинам со доење од други причини, ама сепак добро би било да знам што ефект имаат хормонските таблети оргаметрил.. Активна состојка пишува дека е линестренол, кога читав пишува дека е уствари прогестерон ..
     
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    16.578
    Можно ли е од цуцла бебето да го смени фатот на градата? Порано си цицаше убаво, сега има некој звук и осеќам како прима воздух. Тоа се случи откако ја сменив цуцлата, со првата немаше таков проблем.
     
  3. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Фала ти душо за советите
     
  4. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Ее секој доктор различно кажува.. Бареѓ јас 3 прашав и сите различно.. Сза килажата ќе вифиме баш, дома се мерам на дкгитална со дете и без дете и одземам.. Ама цела нед ми кажува 5400 ни помслку ни појче... Зато реков зш немрда... Иначесо се алишта се мериме секако
     
  5. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    А зошто веднаш посегнувате по формула, ако бебето заплаче после цицање? Стварно не мора да значи дека е гладно, и ако сметате дека од глад плаче (а тој плач со ништо друго не се споредува, сепак инстинктот за преживување е посилен од се') тогаш почесто нудете му да цица.
    200гр неделно е сосема во ред, моево од сам почеток по толку качува и во ниеден момент не сум се запрашала дали се намалило млекото
    Бидејќи целото тоа дохранување може да излезе од контрола, па бебето стварно да не може да се засити од мајчиното млеко, па ќе се зголемува дозата адаптирано итн, а тоа води до гојазност
     
    На mal.ecka, Thallia, Vanj4e и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ако цела недела не мрда однеси го на контрола нека го измерат, разговарај, види кај е проблемот. Ајде да речеме немаш млеко ама од ад треба да качува. Со какање и мочање како е?
     
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.757
    Допаѓања:
    7.693
    Пол:
    Женски
    Не мери со дигитална, не е секогаш точно, на лекар ако го измерат ок. Инаку моето бебе од 4 до 6 месеци качуваше само по 200 грама, а и дохрана немлечна му давав по повеќе од 100 грама дневно. Не ни помислив на адаптирано. Ако мочка и не плаче, немаш причина за грижа
     
  8. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Ad пробав на два пати по еднаш не го сака олука еве денес пак се мерам пак исто ме мрда.. А за какање ббаш пишав кака мн овие деној на секој подој тој кака нз оти
     
  9. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Домашните ваги не покажуваат ако качи на пример 20, 30 грама. Таа покажува 100 грама ако има разлика, а башка што не може така прецизно да покаже, треба да го мерат на вага што е посензитивна и е за мерење бебиња.
     
    На Kaetana и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Јас на почетокот јадев многу овошје и зеленчук особено лубеница, диња, кајсии, сливи и бебето какаше исто многу. Кога отидов на прва контрола беше -10гр. Почнаа и грчевите, па ја сменив исхрана повеќе на протеини и скроб и почна супер да си качува. Да не е ова случајот и кај тебе?
     
  11. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Шѕо јадеше нај кога смени? Иначе јафам по една банама на сабајле и праска една фве преку ден и по едно јаболко, од зеленчјк на ручек само лраставица домат, па морков ќњ ми текне ќе изгрицам.. Нез дали е фо мене или па млеко ослабнало ич нз што да мислам
     
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Јадев месо, јајца, риба, патлиџан, банана за доручек, јогурт, сирење, кашкавал, житарки, тонус леб и сл. Ај пробај вака една недела и измери да видиш. Од овошјето јади само банана, другото по 1-2 неделно. И внимавај со краставицата на син ми ненормални грчеви му направи.
     
    На WonderGuurl и Chuchanov им се допаѓа ова.
  13. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Слична исхрана имаме.. Ќе пробам д не каснам ич овошје па да видам.. Иначе се слушнав со педиј. Во пензија што е вила од што кака н секој подој оф него не може да крено на килажа , пошто и кажав цела нед е иста, рече да сменам пробиотикот да земам провен и да не го форсирам ако не сака ад чим не плачи, ако как и ме дава ма тежина па че почниш порано со кашички рече ништо страшно ако не сака млеко па ќе придава од една кашичка на ден доволно
     
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Тоа ми беше и мене поентата затоа мислам да баталиш овошјето и зелениот зеленчук привремено или да ги намалиш зашто од растителни влакна почесто ќе кака. Битно е дека си кака и мочка така знаеш дека цица убаво.
     
  15. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Мислаѓ дека само јас везамарам до проблеѓи, ама дефинитивмо со второ нема да се тресам толку. Ке исфрлам сега компир варен јадев, царевица ипченица сабајле, сега баш ориз правам со месо и д видиме како ќе е
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Не се секирај за тоа е форумот. Сега ќе биде подобро, ќе видиш.
     
    На prinstongirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    5.564
    А како го козумираш протеинот од ориз и путерот? Какао разбирам пиеш, а другово со банана како шејк правиш?
     
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel прогестерон секако дека смееш со доење, но да знаеш дека од прогестеронски терапии млекото се намалува (прогестеронот го намалува пролактинот).

    Може.

    Значи не ослабнува млеко, физички не е возможно тоа. Како што бебето додека е во стомакот добива сѐ од плацентата дури и да не јадеш цел ден, така продолжува тој приоритет и со доењето. Нашето тело знае и секогаш ќе дава приоритет на бебето, сѐ додека има што да дава. За да млекото истрпи промени треба мајката сериозно да е неухранета дури до ниво со здравствени проблеми веќе. А не дали изела ова или она.

    Ако не качи една недела, не е страшно. Многу пати имам пишано дека растот кај бебињата НЕ Е ЛИНЕАРЕН. Не се ова машини па да растат ко програмирани со исто темпо цело време. Да се дебелеевме и да слабеевме така, досега сто пати ќе бев манекенка станата.
    И сѐ што ти пишаа за вагата е сосема точно.

    Прво би те советувала да не даваш пробиотик воопшто. Лично сметам дека нема потреба. Не дека штети ако даваш. Второ - какана пелена после секое доење е сосем ОК и не е воопшто нешто страшно. Бебето едноставно има брз метаболизам. Сигурно количината на измет не е значително голема.

    Она што треба да го направиш е да доиш на секое барање на бебето, да се гушкаш со него многу и да уживаш во мајчинството. Да даваш да цица почесто ќе вроди со поголем ефект на килажата. Не дека сметам дека бебето има проблем. На два месеци има две кила ставено (ако сфатив убаво). Одлично е тоа.

    Воведување на оброк порано нема никаква логика. Сто пати имам пишувано. Бебињата кои не се спремни за јадење не го дополнуваат доењето со оброкот туку го заменуваат. Замена на оброк од млеко со овошје е малтене диета. Може да даде контра ефект.

    И затоа не си измислувајте проблеми каде што ги нема. Оти ете - ќе се јавите телефонски кај некој педијатар кој не го следи вашето бебе цело време, ќе ви даде совет врз база на ваше согледување, а да бидеме реални - не е баш најдобро да се ослонуваме на субјективни согледувања за кои не знаеме дали се во ред или не.

    Затоа - бидете информирани. Разменете искуство. Прашајте повеќе луѓе пред да одлучите нешто. Не брзајте.
     
    На Monella, mal.ecka, Thallia и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Во блендер ставаш лажичка какао, лажичка протеин и лажичка путер, млеко и една банана. Добиваш сладок напиток со чоколаден вкус.
     
    На Chuchanov и eli.karameli им се допаѓа ова.
  20. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Каде можам да ги купам овие раб? Мислам ма кое место ги има