Ти благодараѓ за советите премногу, јад ќе јадам се и ле се хранам здраво се надевам е некој период па ќе чекам ќе следам како ќе оди друго не ми преостанува, бидејќи ако нешто има мака, го боли меше ии сл нели ќе плаче а тој си е мирен, така фа имате право да следам и да не се форсирам, деф. За второ нема да се притискам олку
Значи уживај. По сѐ што пиша заклучокот води кон тоа дека имаш супер нормално бебе, и дека сѐ што правиш досега е таман. Не си барај проблеми каде што ги нема. Ако пример три недели стои и не крева, тогаш веќе се реагира. И пак не со давање формула ако имал толку добар напредок на почетокот. Млеко не секнува туку така после два месеци, доколку има добра стимулација у доколку се дои бебето на града кога и да посака, и дење и ноќе, и доколку не се дохранува со шише, формула, доколку не се користи силиконска брадавица или цуцла (ризик фактори, не мора да значи дека се дефинитивен ризик!). Ако навистина се намалило, се бара причина зошто. И тој проблем се третира индивидуално. Тоа што кака после секој подој е супер. Барем знаеш дека има што да кака. @Butterfly1107 еве ви и на двете еден добар напиток со овесно млеко како галктогог. Земате чаша овесно млеко, додавате пола банана, две лажички какао, и блендирајте. Ете здрав а чоколаден и благ шејк. Ако немате овесно млеко, земете овесни снегулки и вода.
Протеин и путер земам од биокосмос имаат онлајн да си нарачаш. Млекото го земам од Зегин, имаат голем избор на растителни млека.
Сакав и јас шејкови да си правам само протеинот ми е дискутабилен колку смее да се конзумира при доење.
Па што знам, овој е органски протеин, го јадев и во бременост. Плус докторот после царскиот ми рече дека протеините ми биле многу ниски.
Јас протеин најмногу би сакала да ставам за поубав вкус ама сепак е 'хемија' и не бев сигурна. Не дека ти викам дека е штетно туку стварно не знам, а и не знам кого да прашам.
Се разбудив со болка во едната града денес, еден дел од неа ми е како камен. Си цица наизменично и на двете гради на секој подој. Добив совет да ставам зелка облози, сега 2 саати, утре сабајле исто 2 саати. Во меѓувреме ноќва да се измолзувам, затоа што при доење имам ненормална болка од градава, значи неподнослива. Не е црвена уште, можеби е почетна фаза на маститис. Кажете некој совет
Масирај го делот каде што е грутката и ставај топло, топол туш ако можеш и молзи. Јас последниот пат поминав со шише топла вода на местото. И бебе почесто на таа града ставај го, мене последниот пат тој ми ја разби грутката, цел ден ја имав сами бевме не успеав да направам топол туш.. А првиот пат кога ми доаѓаше млекото кренав т, после подој се измолзував, и исто топло. Не оставај само на зелка, и не чекај до утре, цело време прави нешто за да ја разбиеш грутката.
Е сеа да пишам, можеби ќе помогнам некому. Сум имала запушен канал на градата, се гледа како бело топче, т.е. млекце засушено. Се истуширав, масажа на града. Земав пластично, зоврев вода, под пареа градата ја бутнав, малце одмозував, па пак на пареа, неколку пати. И му дадов на синко да цицне малце,и тоа со силиконски ради огромната болка на брадавицата, два пати потегна, одма на пупма и се отпуши каналот. Како се отпуши, одма ми се намали градата и болката. Сега имам зелка листови, ќе ги остаам уште некое време. Се изнамачив од 20ч до сега 04 30. Ама ете, бидна.
Блистер, сум го имала 2 пати и ми поминал сам од себе, со мала помош на топол туш. Двата пати ми го отпуши бебе при ноќно доење, тогаш најсилно повлекува. Кога тргаше ме болеше од петите до мозок, ужас.
Колку треба да цица бебе од 2ипол месеци? Порано цицаше по 40мин. Сега некогаш цица само 7/8 мин од една града или понекогаш 15мин.
Индивидуално е,нема строго одредено време,ниту се знае точно која количина ја цица. Мојата од старт е лакома и цица брзо,5-10 мин трае подој. Се прашував и јас дали и е доволно,но ја слушав дека голташе,ми се празнеа градите,пелените полни,а напредува одлично,па престанав да обрнувам внимание. А да,не знам дали има врска,но дојам на барање,никогаш не сум погледнала на саат.
Мајки некој совет денеска полниме недела, во болница имав обука за доење но сеупте немав млеко, во остиот ден заради покачен црп ми дадоа инфузии 3 дена и не смеев да дојам. Му даваа во болница на шише млеко и сега еве дома сме два дена тој одбива да цица има цицамо 10мин се на се не знам некој совет не сакам да го учам на шише а млеко имам да не кажам превише нон стоп тече а тој се игеа со гради не цица?