А каде се пораѓаше? Прашувам да не е ремедика, да знам да реагирам за ова хранење со шише. Слушав педијатар на вебинар од таму рекоа дека со шприц ги хранат
И од мене јавна благодарност за @Kaetana за несебичната помош, многуте корисни совети (меѓу кои и за ноќното доење) и безрезервна поддршка кога ми беше најпотребна. Среќни сме што те имаме на форумов
Пред мене стоеше сестра со малиот во раце и му даваше со шише од Медела, па го држеше да ждригне. Со шприц декстроза им даваат, барем јас кога бев таму. Да си реагираш, од почеток барај да ти го носат секогаш кога треба да јаде или цел ден нека е кај тебе, а да го земаат само кога треба да го искапат, да го прегледаат и сл.
Да така и планирав да барам. И да треба да се дохранува подобро со шприц..секаде така им даваат мислам... Сега братучедка што се породи таму иако не барала, го носеле бебето и и рекле кога ќе сака да го земат да им каже. По цел ден биле заедно е за навечер не ја прашав.
Навечер ги земаат за да се наспиеш особено ако си со царски. Природно ќе ти го остават ако побараш, на цимерката сакаа да и го остават, да и дадат пелена да му смени ама таа скроз незаинтересирана беше. А јас само гледав љубоморно од страна и многу пати и се спремав да и речам Мене првиот ден само на 3 саати ми го оставија, од утредента за визита само го земаа и за да поспијам попладне. Јас си го легнував до мене на кревет и не им го давав
Па и ја не би им го дала..секако ако сум опоравена од пораѓај. Со царски малце потешко дека ќе можеш одма се. Инаку за вака не ќе се наспивам сега во болница...ќе спијам за 2г
Толку е досадно во болница што минутите не поминуваат и од досада ти се спие. Денот трае вечност. Посебно сега без посети. Имаш тв во соба, телефон ама џабе ништо не ти се прави сакаш само дома да си идеш. Барем јас. Имаше жени второротки и треторотки како во хотел им беше. Одмор Сега ги разбирам до некаде. Со царски не можеш ништо ама јас многу сакав да му менувам пелени, да го заспијам, да го гледам како спие. А уствари само ти доаѓаат сестри, доктори, ти ставаат инфузии, инекции, учење да цица... И дома веќе си преземаш се сама, па си викаш во болница барем можев да дремнам .. И така
Баш за Ремедика се жалеше една членка а воедно и пријателка, дека не ѝ го носеле бебето, или кога ќе го донесат веќе најадено со вештачко. Плус и цуцли им ставаат. Многу им беше лута зашто таа преполна млеко, башка второ дете, а тие се правеле "на Тошо", и многу имаше проблеми со доењето понатака. Бори се и расправај се ако можеш, најдобро е бебето е да е стално покрај тебе, најважниот момент за воспоставување контакт и лактација.
@Kaetana ти си Ч У Д О! Фала што отворено и искрено нѐ едуцираш за нашите бебиња, за доењето, за ставот кон истото, за психичка подготвеност на мајката! Ти вредиш за цел болнички персонал и помагаш уште повеќе. Нѝ ги отвараш очите и умот буквално!
Јас да ви споделам од Плодност во Битола како правеа. Породена природно сум. Веднаш по породувањето, ми го ставија на гради, не бев целосно гола, имав ношница. Некоја минутка ми беше легнат на мене, со непресечена папочна врвка, за да му оди кислород уште, бидејќи папчаникот му беше околу врат, тоа еден вид на страдање кај бебето. Подоцна, попладнето дојдоа, го поставија на града за да видат фатот, брадавиците какви се. И не ми го земаа сами, оставаа на мене, јас да ги повикам. Ама за ноќно спиење го земаа, за да се одморам. По секое цицање, мереа грамови, дали имало подој. Во тие три дена, беше измерен подој - 30 грама мислам дека измерија (ако не се лажам). Ама и го дохрануваа со шише потоа, не му даваа многу, за да не ми го земат делот за доење, ама сепак кога немаше подој, а тоа плачеше, така правеа. Откако исчитав тука што сѐ може да се зезне со шише и цуцла, многу сум среќна што не се соочив со такви пречки. Моево бебе од почеток нејќеше нит цуцла, нит шише. Таму му ставаа цуцле, му беше закачено, ама дома никако не фаќаше. Па уште јас и мајка ми пикај му пикај му, ко нешто неминовно да е... За обука за доење, доаѓаа сестрите секој ден и ми покажуваа како да го држам, да го будам, да го чепкам за да фати, цела ареола да ја фати. А пред тоа и ме притисна една на градата, па излезе маалку првиот ден. А следниот ден и 10мл колострум измолзив, ми дадоа пумпа. Имав обука и за општа грижа, нега, капење на бебето. Главно, сум задоволна од обуката; во доењето имаше една првична подготовка, можеби не бев некој тежок случај, не знам, ама не кажуваа за дома што сѐ на пример би можело да ме снајде во процесот. Пак ќе речам, за среќа, бебево успешно фати. А да, една вечер го слушав цеела вечер и се мислев дали е тоа, макар шо сигурна сум дека беше тоа, плачеше за цицање цела вечер, со прекини и пак почнуваше. Криво ми е шо не си го побарав. Затоа утрото станав порано, очекувајќи го, се искапив, се средив и ете ја сестрата си него порано во соба, плачеше и сабајлето. Кога ми го слушна гласот, одма престана. Душле мое
Во Куманово. Доколку случјно дојде до покачување на црп не прифаќај инфузијадоколку не може да се дои, ќе си направите грешка,многу се битни тие денови први.
Jас jа нoсев на прегледи вo Ремедика и истo даваа и ќе речеа ааа гладна ти е. Затoа ме интересира. Имаче бебе гo плукаше тoа.
Мојот само така фаќаше и ги прашав од каде да му земам за дома, ми рекоа дома нема давање само цицање
Девојки, 38 недела сум и веќе месец дена и повеќе ми се случува на градникот да имам засушени капки. Денес имав поголема количина и бојата беше розева, се изплашив да не е со крв? Можеби зборувам глупости, утре ќе се консултантирам со доктор но ако има некоја сл искуство или знае нешто за ова може да сподели.
Супер е тоа вака отпосле да се каже. Ама мајка, со здравје нема играчка поготово во време на пандемија. Ако каже доктор мора инфузија нема што јас да одбивам... Прашувам да не е ремедика за да сум спремна да барам шприц. Верувам ќе се научите другарка дома го ранеше со одмолзено 1нед сега 2 мес успешно се дојат. Со лесно нека е само!
Слушав вебинар баш Декстрозата ја спомнаа само немам копија.. Најчесто се дава ако мајката имала гестациски шеќер или прекумерна тежина. Ако не може веднаш да дои поради низок шеќер во крвта (на бебето)се дава декстроза кај бебето...(отприлика така кажаа) Баш за декстрозата збореа дека е "промовирање" на доењето... Пишете на гугл: Dextrose for newborns има многу статии
По фрустрачко од тоа да се нацрташ дома на секои 2-3ч за да молзиш, НЕМА! Таман си излегол во ЗОО на пример или парк или било каде, мораш назад зошто градите потекле и мораш да се молзиш и ако не молзиш нема ни млеко. Мораш да се будиш и навечер, планирај дека бар 2 пати од старт. Ако не сакаш да доиш и те фрустрира тој момент сопри лактација и давај АД, нема да е полесно молзење, верувај. Молзев 11м, дење ноќе, на плажа не можев подолго од 2ч, морав назад во соба да се измолзам. Кога пркна дете едвај наоѓав начин да молзам. 6-7м само доеше? Можеби не треба да се мачиш и сега, едноставно давај си АД, има мајки кои воопшто не сакаат да дојат и тоа е тоа, нема зошто да се потресуваш. Да имам право на избор би доела, ама немав, морав да молзам и тоа е навистина мачно.