Од 6-8 почнав да го одбивам со се поретки подои, да му уфрлувам кравјо и формула. Од 11 месец пиеше само козјо. За прекинување на млекото, користев чај од жалфија.
Сте пишувале за искуството и посветеноста во болница Се породив во странство, бебето веднаш го ставија врз мене, со непресечена папочна врвка, се раскопчав за да се оствари контактот skin to skin Потоа го замотаа во крпа (не ги бањаат овде воопшто во болница, прво бањање му беше после 10тина дена) и ми го дадоа така Го ставив на града и веднаш почна да цица, односно да пробува. Една сестра ми покажа кратко како да го натерам да фати Не' испратија во соба, си го држев на мене да поспие така саат два, му се восхитував Потоа дојде една сестра го зеде за преглед, значи првото одделување од мене беше тоа За 20 мин го вратија, облечено во алиштенца, ме прашаа дали знам да менувам пелена, откако негирав ми покажаа како Ме прашаа дали планирам да дојам или да давам формула. Откако кажав дека сакам да дојам ми дадоа некои флаери да ги исчитам додека бебе спие и потоа да повикам сестра на помош за правилно поставување Јас бев превозбудена и само го зјапав како спие пример цимерката беше претходниот ден породена и не доеше ни секунда, но бебето постојано пиштеше за јадење па и носеа шишенца за една употреба со растворена формула да го храни Кога се разбуди го ставив на града, тоа сирото не може да фати никако, брадавиците рамни скроз ајде се помачивме малку и пак заспа Јас немав поим дали има млеко или не, дали е гладно или не, дали воопшто цица ко што треба Утредента пак истото, дојде една сестра, мене брадавиците крв, па ја замолив да ми донесе силиконски а мачкав ланолин Абе болки невидени, на секое повлекување од бебе ко некој со нож да ме боцка Се замислив што ќе правам јас ако вака продолжи, зарем нема да успеам да дојам Ноќта 1-2 часот грабнав бебе и правец во собата за доење. Среќа ми се погоди сестрата што беше на смена, ептен беше трпелива и ми покажа како да го држам правилно, ми даде перница за доење, и некако ептен ми се разбуди во тој момент инстинктот дека тоа бебе од мене зависи и јас морам како знам и умеам да го нахранам. А тоа спие ли спие (малку и ко жолтица да имаше) па си ја минавме ноќта таму, дури во 4 се вратив во соба и едвај дочекав да се раздени и да си одиме дома! Од сегашна гледна точка, не требаше да пробувам без силиконски, зашто раните и болката ми го расипаа целиот почеток (кој траеше впрочем недела дена). Сега се трудам да ги исфрлам, водена од идејата дека во минатото овие помагала не постоеле, а СЕКОЈА брадавица била погодна за доење, па побогу инаку би изгладнувале бебињата Позитивност е тоа што овде бебето не се двои од мајката никако, освен можеби 15тина мин во денот кога го земаат за контрола. Мислам дека тоа ми помогна сама да се грижам за бебе, без ничија помош (сами сме со маж ми, а немав ни патронажна сестра да ми доаѓа дома) И крајно, го испишаа со 300 грама помалку, мене со уште посилна желба да го задојам и да не се откажувам И покрај тоа не дадов ад, капка млеко видов после 5-6 дена дома, но не се ни запрашав дали имам млеко или не, едноставно верував во тоа, па нели природата така направила мајка која штотуку родила да може да го нахрани тоа бебе Прво мерење му беше после месец дена, а бебе накачило 1кг од исписната тежина Многу сум благодарна и на форумов, на советите и искуствата одовде Мој совет е да се потпрете на мајчиниот инстинкт пред се', вие најубаво си го познавате вашето бебенце
Жените околу мене буквално сите доеле кратко максимум 6 месеци. Причините се ми секна млекото, ми се одби, не ми беше убаво млекото... Сега многу голем дел од мајките дојат, а јас баш си мислев дека е обратно. Пример, мајка ми мене ме доела 3 месеци едвај, средната сестра 6 месеци, а најмалата 22 месеци и уште ќе ја доеше ама веќе мораше да работи,а таа да тргне во градинка. Мислам дека свеста е доста развиена, разрешени се многу дилеми околу мајчиното млеко. Радикалисти има секаде нормално, но да се има успешно доење барем првата година е сосема доволно според мене. @WonderGuurl одма се гледа различно искуство со природен пораѓај. Само не ми е јасно викаш капка млеко си видела после 5-6 дена од болница, а ад не си давала.
Па не видов вака да потече, ме болеа градите и не ги стискав, ама мислев дека бебе кога цица тече. Ете можеби малку будалесто од моја страна, ама некако бев убедена дека пие, штом полни пелени (тоа овде го прочитав, па внимавав да има мочкани и какани пелени неколку во денот). Тоа ми беше единствен показател дека се храни, а и секако висеше 24/7 на града
Ауу тоа беше момент на славење кога видов млеко како потече. Одма се јавив на маж ми и на мајка ми да се пофалам И на свекрва ми и кажав, ама од неа добив коментар дека ми е многу слабо млекото, па бебето гладно и затоа бара цело време да цица
Често го добивав овој коментар на секое доаѓање на гости , и реков дека ова бебе од 5кг е од цицка не од воздух па сега си молчи
@Zuza28 морав да те прочитам неколку пати пред да ти одговорам. И додека читав, и те како се препознав во твоите стравови, нервози и фрустрации. Не е лесно, и знам дека некогаш ете, не е фер. Прво што ми падна во очи е моментот со твоето себеобвинување кое очигледно потекнува уште од бременоста. И сакам уште тука да те "искарам" и да ти кажам дека некогаш можеби нашите тела нѐ изневеруваат во даден момент, но тоа не значи да не веруваме во себе и во нашиот капацитет како жени, како мајки. Бивање родител носи со себе многу гилт трипови, и многу стравови, но работата е и покрај тие стравови да најдеме храброст да се соочиме со ситуацијата. Стравот никогаш нема да го снема. Почнува со - дали е гладно, колку цица, дали дише, што го боли. После продолжува - дали да го држам, дали ќе падне, дали лошо ќе се удри. Па оставање во градинка - дали ќе биде гледано како што треба. Цело мајчинство е во принцип ситни стравови кои мораме да најдеме начин да ги победиме. Со @Jana06 мислам зачнавме ваква тема и не е лошо да ја реализираме или пак да се испукаме во мајчински. Муабетот што го свртев на долго е дека сите чувства и стравови и фрустрации ти се многу нормални, и да те охрабрам дека скоро сите сме поминале помалку или повеќе низ истите, но дека најважно е да најдеме механизам за справување со истите. Пред сѐ, добро е дека кај тебе према пишаното нема проблем со количина на млеко. Ама како што пишуваш дека со молзено крева, а само со доење намалува во интензитетот, морници ми поминуваат и се враќам пред 5-6 месеци. Истото. Буквално истото. Зборувам од аспект на мојата приказна. Кај тебе работата е што проба само еднаш 8 дена. На база на тоа е потешко да се извлече дефинитивно решение и дијагноза. Тука би позборувала за нелинеарното качување на тежина кај бебињата. Кој мерел секој ден, знае. (Затоа не треба да се мери често!) Четири дена нула напредок. Во следните четири 200. И тоа е сосем во ред. Па затоа се мислам како прва опција, дека можеш да дадеш уште една шанса и обид да видиш како ќе тера работата - да не случајно е баш тоа во прашање. Ако се одлучиш за ова - пристапот е интензивно доење, на не помалку од 2 часа (од почеток до почеток на подој). Навечер на максимално растојание од 3 часа. Ти лежиш, лежиш и преку ден со бебето заедно и одмараш. И многу контакт. (Тоа веќе си го знаеш). Чисто како забелешка, напредок од 180 грама за 8 дена е сосем во ред. Знам дека не е 300 или 600 како што било претходно, но е стварно сосем во ред и не е алармантно. Какви биле пелените во тој период. Дали подеднакво биле мочани и какани. И тоа е важно да се земе во предвид. А бебе од шише ќе пие и кога не е толку гладно. Верувај. Особено што му тече брзо, и не може да застане. Голема количина на млеко (и молзено, а особено формула) директ во желудник дава чувство на бебето дека е прејадено, па кога ќе застане со шишето, делува ко пијано. Затоа нека не те обесхрабрува толку лесно моментот дека од шише е позадоволно. Само на тој начин ќе видиш дали е моментално нешто, или дефинитивно бебето на града не успева да го направи трансферот на млеко и да го добие млекото што му треба. Јас не знаев за проблемот дека постои шанса бебето да не може да го извади млекото од мајката во целост (моето креваше просек 400-500 месечно) и да добива само колку да си задоволи глад и да си крене сепак нели. А толку интензивно беше доен, на саат време речиси. Што мене ми беше нејасно како е можно бебе кое толку седи на града, активно цица (го слушав, го гледав) и да не крене уште барем оние 100-200 грама што "фалеа" за да биде во рамките на препораките. Знаев дека цуца затоа што и бљуцкаше многу после тоа. Да се вратам сега назад - би го активирала сетот кој ќе биде следен предлог за тебе, и би давала мааалку екстра како што почнав да давам. Околу 100-150 мл на ден. Но, за да знаеш дека е дефинитивно тоа, мораш да пробаш. Мислам ако се чувствуваш "удобно". Ако не се чувствуваш ок со тоа, тогаш опција два: да продолжиш со молзење ама да дохрануваш со сет за дохранување на града. Ова е во принцип одличен начин бебето да добива екстра а да е само на града, особено од следните причини: фатот на града останува длабок или доколку е плиток е одлична метода за да се коригира и драстично да се подобри, бебето е стимулирано да е на града, и нема никакво влијание од силикони ниту влијание од цуцлата од шише која во многу случаи влијае на фатот да стане со тек на време сѐ поплиток а со тоа да предизвика разноразни проблеми. И секако, количината на мајката останува таман и нема проблеми со намалување заради редовни стимулации. На твое место (а воопшто не мораш) би побарала и второ мислење за јазикот. Мислам не за друго, дека кај нас дијагнозата испадна од петто мислење. И тоа сум во Германија со демек подобро здравство и подобра поддршка од овој аспект. Тоа ме прави огромен скептик за дијагнози од типот "го видов и не е". Ако случајно сакаш - во контакт сум со лактациски консултант од МК која стручно проверува дали има ал не, па пиши ми лична порака ако сакаш контакт. Во секој случај, сѐ што правиш за твоето бебе е одраз на жена која се бори и се информира! Браво за тоа. И затоа треба да престанеш да се обвинуваш, и тоа под итно! И уште еден момент кој е важен за кој ми е највеќе криво - уживај во гушкањето со бебето, уживај го времето со него. Мене ми е криво што за првите 6 месеци од неговиот живот кај мене преовладуваат тажните спомени отколку убавите мигови. Имај го и тоа на ум. Направи план за акција, нека ти даде сигурност и начелно решение, и другото време посвети го на многу љубов и гушкање со бебето.
Ја начнавме темата, да. Сега се осеќам подобро, кога ќе ме фати пак тој период пак ќе се 'истресам'. Многу страшно изгледа кога размислуваш во себе. Јас се плашам некои ствари да ги кажам на глас, пробав еднаш со маж ми ама многу плачам кога зборам. Откако споделив дел од мислите тука подобро е. Сега сум во некој период кај што сум силна и се осеќам способна, но уморот ме стигнува. Ќе видиме. Ќе дојдам во Мајчински некој ден.
Woow, фала ти најмногу! Советите ти се супер, камо вака и педијатрите и сестрите да советуваа, немаше толку - "немам млеко" и "не влече" ситуации да има. Ти се восхитувам на информираноста и на начинот на кој го пренесуваш знаењето. Ах тој страв, ДА, за карање сум, уште од бременоста си го носам и ќе се потрудам да го надвладеам. Си викам да родев три килашче, дали исто вака ќе ми беше или ќе бев поопуштена да пробувам макар не качило бебето со денови килажа. И јас сум за тоа да пробам - ме чеша мислата за нелинеарното качување али ко ќе ми текне дека и тогаш ноќните подои и беа од шише - си викам тие 180 може од нив се. А пелените си беа топ, следев. Морам, за да сум сигурна дека од града не качува и да најдам решение. Решението би било повторно оваа комбинација на молзење - али би го прифатила и сетот со тоа што се надевам дека би го поправиле и фатот - ако тоа е проблемот. Сакам и јас да го отфлам јазикот сепак - да сум на чисто. Јас веќе стапив во контакт со лактациски консултат тука едвај чекам. Дали е истата не знам - ќе ти пишам порака. Ајде да речеме вака ако продолжам - не ми е тешко, ме брине само одржувањето лактација - си планирам и си сакам долг стаж. И во право си - се трудам да не го заборавам уживањето. Убаво ми е и покрај све. Едвај чекам да си ја земам да цица
Ете тоа сакав да го слушнам. Си го одбила од мајчино млеко, а си уфрлила кравјо и козјо, од една страна викаш до 6 месец е доволно само доење после не гледаш реална потреба од млеко, а од друга страна уфрлаш други млека....па уште и го прекинуваш намерно со чај....... Нема веза, секој со своето размислување, не ми држеше вода твојот пост затоа и те прашав. Убав ден имај.
Ти веган да не си. Секое дете треба да пие млеко првите 10тина години од животот, што не значи дека ќе го доиш до 10 години. Јас толкава па секој ден пијам чаша млеко. Не разбирам, треба ли мајка ми да ме дои. Свашта.
Не е битно јас што сум, битно е што се информирам секојдневно и поготово за млекото те молам немој да ми кажуваш колку е "добро", Можеш да побараш статии за млекото и ќе сфатиш некои работи дека џабе го пиеш. Кравата пие ли млеко за да дава млеко? Нејзиното доенче штом престане со цицање му дава друго млеко или си јаде само храна? Можеш да побараш на google и ќе видиш што сакам да кажам, конкретно за млекото. За другата храна не дискутирам....
Па вака само веган дискутира. И тоа од оние што сакаат агресивно да се наметнат кај другите. Секој ден јадам млечни производи, млеко и месо. Ти што сакаш јади, твое си е, ама немој да ми подвалуваш вегански причици, те молам.
Втората ќерка ја доев 18 месеци, до последен ден кога ми почина.... Сега третата ми е уште мала, 5 месеца е и ќе ја дојам до колку сака. После кога сама ќе се одбие млеко не планирам да и давам, затоа што е алергична на казеин, состојка што го има кравјото млеко на пример.