Жал ми е за твојата загуба... Тоа ми беше прашањето дали кравјо или со формула продолжуваш после 1вата-2рата година.
Ќе се пишеме во порака. Во принцип имаш и варијанта да дохрануваш со сетот и постепено да намалуваш од количината на молзење, па на тој начин да прејдете во доење, ама јас како паталец поддржувам што ќе си побараш второ мислење. Во секој случај, доењето со сетот е многу едноставно и корисно, што ми доаѓа на секој трет пост да пишувам за ова, за да ја сменам "славата" и навиката за шишето. (Зборувам кај мајки кои сакаат да дојдат и сакаат да исклучат секаков ризик од проблеми во доењето). Муабетот ми беше дека можеш да разгледаш за готов, а можеш и да си направиш сама. Ќе ти пратам во порака видеа и инфо ако сакаш. Да бе го заборавам она што сакав да ги кажам - сега бебуш е веќе над 3 кила.. претпоставувам дека уште нема месец по муабетот или сте тука некаде. Ако е така - тоа е супер. Ослободи малку душа, одлично терате... за сѐ има решение.
После првата година може да се даде и кравјо млеко, до година не се препорачува (пред сѐ мислам дека се смета за алергено). До година се дава формула доколку не се дои. Некои педијатри препорачуваат и со година и пол да се продолжи со формула. Јас зборував со нутриционист, и муабетот со неа беше дека доколку се даваат млечни производи, нема воопшто потреба да се дава млеко. Така терав со ќерката. На доев и после година, и си добиваше млечни производи како кисело млеко, јогурт... Ќе прави 6 години и воопшто не пие млеко. Истото го планирам со синот.
За до 1 год читав за медот и млекото дека не се препорачуваат. Но за после 1г бар тука во МК сите си тераат сл кравјото некои продолжуваат со ад. Секако и зависи од дете. Внук ми конкретно до 2ипол некаде си се успиваше со млеко навечер.
Абе.. не знам. Дискутабилно е. И од аспект на млечни заби, кариес и сл. Јас не би давала млеко за заспивање кај дете кое веќе има заби и ги мие доколку не е со цицање. Ама тоа е мое мислење.
Не сум веган но не давам кравјо млеко,првото го доев до 14месеци и понатака не продолжи да пие никакво млеко,си јаде млечни производи.Формула е ок но ова купечково е се само не млеко.Имам внука која премногу пиеше млеко па стана анемична.
Уште памтам како мала со плачење како пиев млеко, го мразев уште тогаш и до ден денешен не пијам млеко. А морав секое сабајле пред градинка и пред школо чаша топло млеко и стомак ме болеше цел ден. Само моите не ми веруваа мислеа дека се лигавам.
@Jana06 исто. Само среќа не ме тераа. Мразев во забавиште кога имаше млеко, уште па кога на сред турање ќе шлапнеше кајмак... мислам дека ми се згрозуваше и јадење и се... На крај најдовме консензус - носев цедилка и какао во градинка. Патем ниту ко дете пиев, ниту сега пијам, ниту на деца давам. Ниту едни цицачи не го прават ова ние што го правиме - престануваме со доење, значи престануваме да даваме млеко од нашиот вид само за да го смениме со млеко од друг вид. Нема баш логика.
Ете тоа сакав да го објаснам и јас на членката која се побуни за млекото, ама не сакаше Браво за извадениов фајл, се е точно Јас не пијам млеко, никогаш не сум пиела, мајка ми викаше оти со чај ме параснала оти сум го плукала Ете ме жива и здрава и ни калциум не ми треба плус, во граница на нормала ми е и пред бременост и во бременост и после тоа во доење го проверувам секогаш и ниту малку да ми е под граници, па сега ти види. А млечни производи исто не јадам освен јогурт чат пат пијам или кисело млеко, сирење не јадам, не ми е убаво. Кашкавал понекогаш во тост, значи секојдневно никако не примам млечни производи за калциум нели оти има во млекото
Женски, пред некој ден имав блистер, успешно изваден. Пијам и цефалексин. Ама градава како болна ми е, внатрешно ме боли многу, како гној да имам, така осеќам. Кога цица бебе, абе мислам позади ме удира болка и на грбот. И пишв на докторката, ама да слушнам искуство од Вас. Кога се одмолзувам,помалце боли
Женски да ве прашам едно можеби глупаво прашање. Бебка утре прави 2 месеци, само на доење е. Е сега таа е нон стоп на града.Ајде преку ден океј, ама и навечер, спие стуткана во мене, спие и цица. Спијам со едната гола града и најчесто е кај неа во уста. Кога не цица си ја користи ко лажовна. Сега да прашам нормално е вака нон стоп што прави? Кога ќе можам да ја надојам на пример и да си легне нормално саат два да преспие или јас сум утнала што сум ја навикнала вака и ако е така како да ја оправам работата?
Најубавото и најслаткото нешто на свет. Јас можам само да ти кажам уживај додека е така оти покасно ќе го бараш ова ама ќе го нема. Се си е во најдобар ред нема никаква утка, верувај
Додека тебе не ти здосади и и дадеш формула. Кој како сака нека сфати и рече, мене ова не ми е доење, залажување ми е. А и јас имам потреби, да јадам, да сработам нешто, не можам 24 саата бебе на цицка да држам.
@Sesil @Kallias2 Јас мислев дека нормално му даваш да цица, се најадува, го легнуваш и спие. Мене ми е многу убаво вака, поготово кога спие во мене стуткана, ако се померам и таа со главчето оди накај мене. Ама како што вика Сесил, не можам низ дома да фатам ништо. Еден ручек не можам да направам. Туширањето ми е 5 минутки. Јадам ко на трка да сум Јас мислев дека јас сум ја навикнала лошо. Пошто сите ми велеа дека јас така сум ја навикнала. Ама ако е нормално вака кај сите што дојат, тогаш ќе си тераме вака.
Како минува време, ќе те "ослободува". Бебе ќе почне да учи наоколу, да набљудува, па кога ќе почне да ги забележува предметите, на подлога со играчки ќе си игра, цицката нема да ѝ биде преокупација. Ќе те вика повеќе навечер, кога ќе почнат скоковите. А можеби и ќе си спие со еднаш цицање. Без гајле, ќе помине тој период. А за работа низ дома, точно фаќа нервоза од иста поза , ама пак и бебево ми е работа, тоа е вистината.
Бебе ти е многу малечко и сега ја има потребата од тебе, до 3 месец најкасно ќе се регулира тоа, ќе видиш. Сеуште немате воспоставено лактација и нормално е нон стоп да е на града бебе од раѓање до 2-3 месев од животот. Истото скроз го поминав и ни малку не ми беше важно дали има ручек дали треба да чистам дали да се бањам, ма ич не се ни замарав со тоа. Ќе дојде и тој ден кога ќе се регулира и цицањето и ќе имаш време и за тебе и за дома и за ред другивработи. Јас уживав во тие моменти, да, исцрпувачки е да ти е бебе 24 часа обесено на града, ама верувај, нема ништо поубаво на свет од тие рачиња кои те галат, тињ ситни очиња коивте гледаат толку невино и слатко додека пијат млекце......јаа се топам, искрено. Сега мојата е 5+ месеци и имаме ред за се, од 2.5 месеца почнав да имам време и за мене и за дома. Преку ноќ си се намести се како што треба, имаше ноќи кои спиеше по 4-5 часа без да мрдне, сум се будела со тешки болни гради и наметно и давав да цица да ми олесни. Се си е со време, ќе се среди се полека. Уживај додека можеш
Моето утре прави 3 месеци бетер е од новороденче овие денови цел ден е на града на пола саат бара период е ќе помине
@Kate Rina 93 мојата уште прави вака,или ке се тргнам од неа и се буди.Неќе цуцла,ме користи мене) Слатко е,но на моменти напорно,едноставно ти треба твоето тело само за тебе. Од друга страна,не би и го скратила тоа задоволство,ке издржам уште некој месец.Очекувам со вооброчување да намали интерес за цицка.Инаку,добро ти кажаа,после 3тиот месец се намалуваат подоите,но скокови во развој и регресии во спиење си го прават своето
Мали 4 месеци ќе прави и уште дење не спие без да му е цице во уста. Ќе плаче од што му се спие, но нема да затвори очиња и да заспие. Последниот скок кога беше, ќе полудев, си мислев што да правам за да не е така постојано, не можев да се мрднам инаку одма отвораше очи. Но решив да не го одвојувам, убаво му е, љуби га мајка