Ве читам и алал да ви е како издржувате со доенчињата. Човек капа да ви симне ! Со ова на цице 24-7 не можам да се замислам. Поготово карактерно не можам да издржам мислам би полудела. Поред коронава, седењево дома цела бременост и уште толку Ај валда со бебе се менуваме и ние... Но секоја чест за издржливост
@Kaetana Неколку пати те читам, и заспивам од твоите совети ми делуваш како книга за доење. И други литератури не читам, само овде советите Толку убави информации, и совети. Бравосекоја чест. За кратко ќе ве дружам овде, сега за сега, само се едуцирам
Јас од дома не сум излегла со мојата, среќна сум кога до порта ја возам. Ќе видиш дека нема ништо поубаво од доењето, мене најубаво ми беше кога по цел ден се гушкавме и доевме
Офф а во стан без тераса? Со двор куќа искрено немаше да ме фаќа паника..ама вака ептен тешко ми паднаа карантиниве. Дај боже да биде така а не нервози
Звучи како клише, ама кога ке го гушнеш тоа мало човече веќе ништо нема да ти е исто. Можеби ке ти биде тешко првите денови, недели, месеци, затоа што доењето не е како на филм. Има многу предизвици, ама ако сакаш да доиш, ке успееш. Зборам ако длабоко од срце сакаш да доиш и на тој начин да бидеш поврзана со бебе. На почеток е монотоно, многу. Или само ке спие и цица или ке цица и ке има грчеви т. е. ке плаче. Ама мене ми беше доволно еден час да излезам од дома, на шопинг терапија и бев препородена. Дојам 13 месеци и не планирам наскоро да го одбијам. Уживам во доењето од прв ден. Болно беше, гради, грб од спинал и лежење, рана од царски, се ме болеше. Ама тие очи ми се се на светот. Среќна сум што можам да мјжу го дадам најдоброто. Мене кочница ми е тоа што немаме услови за доење во јавност. Нема клупи, нема места каде што можеш да доиш на раат. За мене доењето е интимен чин и не би ми било пријатно да ме гледаат во цицка додека синко цица.
Така си е А за доење во јавност секогаш прва охрабрувам. Тетра преку тебе и не треба многу замарање. Ако почнат сите луѓето ќе се навикнат. Секогаш ќе има по некој што се ѕвери ама менталитетот ни е таков А кога ќе се прикриеш не се гледа ништо секако па џабе се ѕвереле
Со тетра може додека е мало бебето, после тоа нема шанси. Кога ке почне да разбира ке ја тегне тетрата. Плус, не е поентата да се криеш, туку да уживаш во доењето без да ѕверат во тебе како да игра мечка. Мене не ми е што ке ми ја видат цицката, туку самиот чин на ѕверење.
Ако не се замараш дека ќе ти ја видат цицката ич да не се замараш што се ѕверат. Јас сакам да дојам само ради тоа што не мораш шишенца да носиш храна..туку седни на клупа и цице на изволте а за ѕверење тоа е кај и да отидеш ќе се најде некој да ѕвери. Не е дека Америка е покултурно или поразлично. И таму ќе се најде будала да ти каже да се покриеш...
Јас сум носела шише со измолзено млеко. Најчесто дојам во кола, па дури и тогаш се ѕверат, замисли. И на други места ке ѕверат, ама има попристојни услови. Кај нас паркови нема, а не пак клупи.
Ич не ми е гајле ако се ѕверат, не ни гледам наоколу. Си го гледам малиот додека цица. А има и едни широки престилки да се купат, околу врат како врвка има. Мислам дека некаде низ интернетов имаше, а и во Ваикики сум гледала.
За доење во јавност си најдов решение. Посебна марама која има врвка за преку врат и како еден венец горе кој се витка и овозможува бебето да не е прекриено ептен и да му влегува воздух.
Има ли кај нас во Скопјево блузи за доење? Ги гледав уште трудна на али ама се мислев и не ги нарачав а сега со коронава тешко и дека ќе стигне нешто..
Јас вчера извадив цицка на клупа во Аеродром. Жешко беше, уште со тетра да го поклопувам Ми е гајле А инаку и јас да се пријавам и мојот е цело време на цицка. Баш сабајле педијатарот ме прашуваше на колку време цица хахха Му викам по цел ден е на цицка Еве и во овој момент он дреме и си влече, си цуца. Јас лежам и си читам Фемина
Со првото дете не успеав да дојам, само 40 дена. Се правев, исхрана, лактил таблети чаеви, нудев града нон стоп, дури и кога спиеше со брадавицата бев залепена кај бебе на уста да се лачело таму нешто за повеќе млеко, па се молзев на 2,5 часа вадев едвај 20мл и еден ден станав од спиење од градите ни капка не излагаше. Сега сум трудна со второ, дај боже сакам пак да пробам со доење, генерално сум информирана и знам како треба, но еве што да правам за да не ми се случи истото, зошто јас сум пример каде млекото буквално ми секна? Дали да купам уште од сега пумпа за одмолзување?
Јас на почетокот кога почнавме да излегуваме ми беше шубе и само се вртев се туфкав каде да седнам, како да се покријам да не се гледа, гледав нркаде подалеку да најдсм некоја клупа и да ја надојам. Ама со тек на време отрпнав и сега вадам цицка и дојам. Никој никогаш не ме погледнал напреку, туку многу луѓе ми се насмевнуваат дури само што ја гледат сликата, неколку ми имаат кажано "браво, многу убава слика". Ако нема клупа, седнувам на тротоар и ја дојам, не дозволувам да плаче, а јас од срам да барам погодно место за доење. До сега не сум имала непријатна сцена од минувачите. И во кафич дојам. И во ресторан кога јадеме дојам, никој ама никој до сега не ми пререкол ништо. Нити се загледуваат во мене, ниту им е непријатно, а мене пак ич
Поголемо кога е, подобро покрива цицка од помало. Јас имам ваква и ја доев ќерката надвор додека беше помала. После кога се поголеми сѐ тргаат, им смета, фаќаат. Ама па добро кријат цицка. Најдете си добра облека која нема да биде апла дека доите. Пример блузи кои се поделени како градите и само малце поткревате без да е цела кичма гола и да е очигледно дека доите. Вам да ви е комотно. За другите ич да не ви е гајле. Ако можат дибеци да мочаат насекаде (чесни исклучоци за зортови кои се случуваат ретко во животот) оти јас да не можам да си го надојам бебето раат. @Alishan30
Пумпа не би. Искрено. Прво почни, па сѐ можеш да купиш во рок од еден саат ако ти треба. Знаеш кој е најдобар почеток. Што побрзо после породување на града да иницирате доење. Што повеќе стимулации во првите денови во болница. Максимален размак меѓу доење да е 2.5 часа (од почеток на подој до почеток). Ако бара бебе порано - секако дека порано. Прави компресии при доење. Ако додаваат формула во болница и те замараат за тоа, нека е почесто по помалце и со шприц. Гледај да ти е бебето со тебе во соба. Да имате многу контакт кожа на кожа. Гледај како оди. И овој пат - ако нешто не оди, побарај помош од стручни лица кои нема да те остават да не знаеш што се случува и што е причината. Чисто да знаеш стварно причина, затоа што млеко од себе не секнува туку така. Ако ти тупнат формула - исто и тоа не е решение на проблемот зошто. Пробај да избегнеш дохранување со шише - барем на почетокот додека е многу мало и не воспоставите доење. Ако треба да дохрануваш, прави го тоа со сет за дохранување директ на града. И не се води по првата приказна. Секое породување и секое бебе се приказна за себе. Само храбро и прашувај сѐ што те интересира...
Здраво мајки, Ве молам за препорака за дезодоранс сега во период на доење, кој, колку е и каде можам да го најдам. Знам дека не смеам од обичните да ставам.