Јас сум задоволна од Нивеа синиот без алуминиум. Но сакам да го пробам ролонот од Веледа, @dunika го пофали.
Сода бикарбона. Од алкалоид ја користам јас. Ставаш на рака сода, ја мокриш со вода и ставаш под пазуви. Скоро 8 години тоа го правам. Не замирисуваш 100%
Женскии хелп.. Значи незнам како да се понашам почнав да сум збунета да се губам во тоа што претходно бев сигурна.. Вака бебуш е 25дена почнавме со доење и комбинација на ад млеко.,додека да ми надојде убаво млеко.. Е сега веќе имам доволно на секои два сати се молзам и вадам по 60ml. Сето тоа океј али бебе не најадено покрај тоа што седи на града и цица по цели два часа значи со пумпа никогаш не ги празнам целосно, а кога влече тој цели два часа ми ги омекнува и заспива на града али колку 20мин се додека не го ставам во кревече и одма се расонува и пак бара да цица и пак го ставам и пак не е најаден се додека не му направам ад млеко му правам 90ml пие 60ml и заспива. А исто така ако му дадам молзено млекце пр. 80ml или 60ml си ги пие и си заспива најаден.. Прашањето ми е како може да не е најаден од града по цели два часа цицање? И се мислам дека некогаш му е многу по моја препоставка пример ако влечи 60ml i 60mlад млеко пие тоа е 120ml и тоа е многу.. Стварно сум збунета
А дали плаче кога ќе го тргнеш од града? Зошто мојот е скоро 3 месеци и цел ден да го оставам цел ден ќе биде на града. Ама знам дека не е гладен туку си бара блискост. А за спиење не спие ни мојот, по 15/20мин сврзува еднаш на ден
Ако нема задремено на града сам си се трга и така си гледа 5-10мин и послем пак бара или со плачење или со отворање на уста и барање на градата ставање раце во уста..
Дали нането е целосно непрепорачливо за време на доење. Дали може да се користи во ептен мали количини како зачин во јадење?
Можно е да е многу, и да заспива од брзото добивање поголема количина млеко. А генерално можно е да не добива од града доволно но тоа се ретки и изолирани случаи што не верувам дека е тоа така кај вас. Ама едно мораш да пробаш - да е само на доење, без шише, без цуцла, без формула или молзено. Према тоа што молзиш - имаш доволно. Две гради по подој и строго со компесии. И ако - давај му да цица макар киснел на града (жени тоа е очекувано во првите 3 месеци!). Ноќни подои исто. Барем еден до два. И види пелените како ќе се и како ќе е напредокот. Тоа ќе ти даде одговор за што понатаму. Може. Не е толку фрка. @elenaklasik it is I, Leclear. Глупо ми е да преќутам, а глупо ми е и да кажам.
Само што го видов профилот знаев дека си ти. се надевам ќе помогнеш на многу мајки. Туку гледам прашувате за стикови безбедни за време на доење и само што ми се појави на фб ова СОСТОЈКИ (INCI): SODIUM BICARBONATE, MARANTA ARUNDINACEA ROOT POWDER*, ZEA MAYS STARCH, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, CETYL ALCOHOL, STEARYL ALCOHOL, COCOS NUCIFERA OIL*, HELIANTHUS ANNUUS SEED CERA, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, RICINUS COMMUNIS SEED OIL, RHUS VERNICIFLUA PEEL CERA, SHOREA ROBUSTA RESIN, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, SIMMONDSIA CHINENSIS SEED OIL*, DAUCUS CAROTA SATIVA ROOT EXTRACT*, ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF EXTRACT*, CITRUS AURANTIUM BERGAMIA PEEL OIL, CITRUS LIMON PEEL OIL, CITRUS RETICULATA PEEL OIL, CYMBOPOGON FLEXUOSUS HERB OIL, TOCOPHEROL, ASCORBYL PALMITATE***, LIMONENE**, CITRAL**, LINALOOL**, GERANIOL** А јас го користам и на алверде овој @Biodevojka ако може да го погледне составот и да каже свое мислење.
Здраво мајки пак јас. Денес бевме на вакцина... За 3 недели бебето качило само 150г. Жива се потресив. Докторката предложи АД ама не сакам да и давам. Утре ќе одам кај матичната на второ мислење но се плашам дека ќе го добијам истото. Иначе бебето не полни ни пелени, кака еднаш на неколку дена, мочкаше мн слабо и мокрачата мирисаше јако па почнав после подој да давам по една две голтки вода и почна да мочка повеќе а и да кака почесто. Откако се вратив од вакцина цицаше пола сат и цицањето го заврши со смеење и гугање, пробав со Ад и испи 120мл. Мислам дека паднав во депресија во истиот момент. Инаку бебето е 4 месеци имаше малку штрајкување но сето тоа го препишав на скокот. И сега со напредувањево тотално се разочарав. Веднаш почнав да пијам чај а се мислам дали да земам и лактил или истата функција ја имаат? Градите се меки, ако ги стегнам има млеко а на допир не се многу тешки. Иначе ја сменив исхраната (пропишано од нутриционист) но сега јадам повеќе и подобро од претходно. Иначе бебето е генерално весело освен кога ќе го ставам да цица, цицнува 2 3 пати и се трга и плачи и тоа го правам се дури е подносливо. Ве молам за совет како да си го вратам млекото???
Драга и двата се природни и убави ако ме прашуваш тоа. Kој и да го одбереш нема да згрешиш. Јас лично за мајки кои дојат би одела со првиот Ben & Ana со оглед на тоа што е многу природен. Базата е сода бикарбона која го има главното дејсто, во комбинација со шеа путер, каолин и етерични масла. Е сега додека доите на пример не го препорачувам тој со лаванда затоа што има жалфија, ама другите три се одлични. Оној со ќедрово дрво ми е лично фаворит иако и оној розев грепфрут мириcа прекрасно. Поздрав
Благодарам се надевам ќе им помогне во изборот на мајките кои дојат. Јас завршив за сега со тоа. Го користам овој на алверде како прв нивен производ кој ми одговара. Претходно сум ги пробала тие ролоните, ама искрено не ми пријаше мирисот, а овој засега ми е одличен. Како и да е ќе го имам во предвид и овој другиов, за ако стигнам пак до доење да биде најбезбедно.
@Kaetana Леклер бе,кај ти текна И јас за 2 секунди знаев,ама знаев дека си ти.Кој друг иначе би губел време за да пишува толку издржани едукативни постови гратис,во време кога и на педијатрите им е од интерес да препорачаат АД. Иначе, одамна сакав да ти предложам да напишеш книга/прирачник на Македонски,ке ти бидат благодарни многу мајки и деца
Драга како билка или чај е ок само избегнувај го во вид на етерично масло бидејќи концентрацијата е доста поголема и има потенцијално иритантно дејство. Драга немој чиста под пазуви направи солуција со вода (во дестилирана вода раствори сода бикарбона) и мешај се додека да се раствори. Кога содата ќе се наталожи на дното значи дека веќе водата примила онолку сода колку и е потребно и нема повеќе потреба. Остави 5 до 10 мин. убаво да се наталожи и течноста (без талогот) префрли ја во едно чисто шишенце додади 5 капки етерично масло од лаванда и 5 од лимон за 100 гр. солуција на сода бикарбон и вода. Ова ќе ти трае околу месец дена без конзерванси со оглед на тоа што содата прави еден амбиент каде го оневозможува бакртерискиот развој и дејство.
Мислам дека имам запушен канал. Имам болка само во една линија од самиот почеток на градата па се до ареолата. Кога ќе притиснам страшно боли, а нема ништо тврдо. Поминувам со топол туш и правам масажи, ставам топли облоги,бебе редовно цица, ама еве втор ден боли. Што друго би можела да пробам? Плус сум малаксана и имам треска,температура немам.