Марина ти предложи да почнеш порано со вкусови? Дека и мене ми спомна од 5ти месец ама мене не ми е јасно ако он има грчеви од мојата исхрана, како би јадел сам? Зошто почнавте порано со дохрана, заради грчевите или?
Јана, кој ти кажал дека килажата што на качува не е во ред? 550 за три недели! Да речеме дека е тоа просек од 170 неделно. И да речеме дека не качувал стварно по 170 туку и тогаш имало денови кога стагнира.. значи може во 4 дена да качи 200. А и воопшто да не качи 550 е сосем ок за четврти месец. Гледај го растот према твоето бебе а не ја гледај бројката. Како мајка на две деца, те уверувам дека никаде во постов погоре што го пиша нема нешто што е проблем. Одма да престанеш со плачење, да си го гушнеш бебето, уживај во овие месеци, брзо летаат - никогаш нема да е вакво малецко како сега. Не си го троши времето на вакви анксиозности кои немаат никаква основа! Супер си кака бебето, биди среќна - тоа е знак дека си има брз метаболизам. Башка е знак дека добива и те како солидна количина на млеко од тебе. Не си барај проблеми каде што ги нема. Ќе ги е криво дека времето кога можеш да си лабава со бебето и да си уживате еден со друг, ти го поминуваш во грижење без никаква потреба. Кај некои бебиња грчевите се поизразени, кај некои преизразени, кај некои скоро ги нема. За тие грчеви верувај дека нема ништо подобро од твоето млеко! Немојте бе жени да си го правите ова! Не одете контра на она што е нормално, природно! Како може твоето млеко да му прави грчеви? Твоето млеко ако е за тоа му помага за грчевите со тоа што е полно лактобацили кои ја регулираат цревната флора. Јас би тргнала пробиотици - ако мене лично ме прашуваш. Не дека штетат, ама очигледно бебето има чувствителен стомак па не би одела со никакви хемии. Вака направив за ќерката оти и таа имаше многу мака со стомакот на почетокот. Од краставица еднаш касната сигурно не е. Зеленикава столица од време на време воопшто не е проблем. И да има гласни црева - и тоа не е страшно. Ти пишав на повеќе постови, за да не испуштам нешто што сакав да ти го кажам. Значи има бебиња што се поподложни на мака со стомакот, ама поминува. И верувај во едно што е многупати научно докажано - твоето млеко не е причината, туку чарето.
Ти благодарам Се надевам дека кога ќе почнеме со дохрана ќе ги снема овие 'проблеми' што ме мачат и ќе се опуштам веќе. Знам дека ниедно само по себе не е некој проблем само се плашам да не се случува нешто, а јас не приметувам. На секое негово плачење скокам и ми се сечат нозете и стомакот, многу време се случува и не можам да си дојдам при себе. Фала ви на сите што ми пишавте
Бебето ми цица само кога сме во лежачка положба и двете. По некогаш чувствувам мн умор едвај се трудам да не заспијам. Дали е безбедно тоа доколку недај боже ми се случи?
Бебето кога пие мајчино млеко многу убилно ми повраќа, за разлика кога давав ад.. Дали нешто не е во ред со млекото или му е стварно од појќе Зашто давам и да цица, а за на вечер имам молзено што го собирам тој ден и е во фрижидер
И ние ја имавме истата мака. Кога цицаше од мене повраќаше а кога му давав АД супер си беше. Прашав др и ми рече да намалам на млечни производи да не јадам и стварно од кога намалив уствари ич не јадам сирење кашкавал не ми се случи да поврати од моето млеко
@Kaetana извини ваќа што ќе те испозамарам но ако може еден совет. Имам синче 3 ипол месеци и последниве два месеци кака само зелено. На мајчино и на ад сме со цицање. Од што би можело да му е таква каката ??? Од храна многу внимавам не јадам ништо зелено заради грчеви.
@Kaetana и јас да се придодадам со едно прашање. Мали знаеш дека е још мало па годинка, цица сабајле кога ќе стане, 2пати преку ден и навечер пред да спие. Веќе цел месец немаме ноќни подои, не се буди воопшто( да не го урочам скраја да е). Со градите до пред 2 3 дена бев ок, млеко само од себе не ми течеше воопшто веќе 5-6 месеци. Овие 2-3дена сум утоп, на чаршави, маици не се знае колку пати во денот ќе сменам, тоа тече како лудо. Не знам зошо вака кога рутината ни е иста немаме ништо сменето?
Додека се мислиш дали е сѐ ок, ќе ти порасне детето, па ќе ти е криво. Јас така правев со првото, од грижа на совест ако навечер сум се успала и не сум станала да ја надојам (јас ѝ давав за да зголемам лактација, таа не се будеше), па ако бевме излезени и не стигнев да цица на 2.5 саати туку на 3, се нервирав и се јадев, и се обвинував.. додека јас се јадев дали бебето е ок и дали доењето ни оди, бебето ми порасна, почна да јаде немлечна дохрана... мислам дека и јас тогаш се опуштив и тек тогаш почнав да уживам во доењето и сфатив колку сум била преоптеретена со бројки и мерења и статистики. Си ветив дека со второто нема да е така, ама на жалост беше. Не по моја вина. Затоа ти викам - еве жени сме, разменуваме искуства, и ако ти е утеха дека сѐ што опишуваш е повеќе или помалку ок, опушти се. Најди мир и утеха и користи го доењето не само како начин на храна за бебето, не брои голтки, туку едноставно нека е љубов и близина. Дали формулата е збогатена со железо? Можно е да е така и од комбинација на формула / мајчино млеко. Се случува.. ама би требало брзо да помине. Моментално хормонално штимање.. не е страшно, освен ако не остане да трае подолго.
@FemmeFatale јас се измолзував. Ставав пешкир или тетра пелена под градите. Имав премногу млеко. А легнев на страна, перницата и креветот беа лом.
@The_Planner те прочитав неколку пати ама мене нешто не ми е јасно баш. Првите два месеци бебето било на ексклузивно доење и кренало по кило, додека третиот месец 500 грама, а во тој месец имало и протести. Бебето нема ноќни подои - но од кога нема? Каква била столицата во вториот и третиот месец кога кренало кило и 500 грама (соодветно)? После викаш четврти месец многу малку напреднало. Дали нешто се смени кај тебе во тој месец? Или кај бебето? На колку време бараше да цица претходно? Дали забележа намалени подои во тој месец? Дали користиш цуцла, силиконски? Дали имаш циклус? Дали примаш некоја хормонална терапија? Дали имаш проблеми со тироидата? Не верувам дека е тоа, ама да си прашам. Нешто мора да се има сменето. Каков е фатот на града? Како напредува бебето со развој? Од последното што си ми го пишала морам одма да ти кажам дека бебето према математиките добива преку 500 мл формула во моментот што сериозно ја загрозува твојата количина на млеко, бидејќи 500 е преку 50% (па и до 70%) од дневната просечна количина на млеко, која твоето бебе ја добива екстра а не од града. Викаш дека осеќаш дека лактацијата се подобрува - ако тоа е на база на тоа што ти се полнат градите и стануваат потешки, верувај дека си правиш контра ефект и уште толку придонесуваш да се намали. Чекање за да се "насобере" млеко во градата прави контра ефект - намалува лактација затоа што праќа сигнал до мозокот да не прави толку млеко затоа што се собира и "нема потреба"! Единствено со турбо стимулации се зголемува лактацијата. Никако со чекање да се наполни градата! Уште едно прашање - кога викаш цица 60 мл.. како знаеш колку цица? Не разбирам како од ексклузивно доење нагло дојде до оваа ситуација. Ако сакаш да се вратиш на доење, овој пат кој си го одбрала е поприлично ризичен.
@Jana06 мене некако не ми стои дека од одредена храна може да има грчеви бебето. Јас моето кога го доев, јадев триста глупости и немаше грчеви. Ниту па докторката ми кажала да припазам на исхрана.
Секогаш кога ќе изедам нешто што 'не треба' има грчеви. Има периоди кај што е мирно, па јас се опуштам со исхрана и пак се враќаат. Мислам дека како што има возрасни со проблематичен метаболизам и 'слаб стомак', така има и бебиња. Затоа некои имаат грчеви, некои не. Мислам дека @dunika беше што јаде се, бебето не пие пробиотик, а поминаа без грчеви. А еве јас една краставица што изедов маки видовме и столицата му се смени. Само чекам да помине време да видам како ќе биде кога сам ќе почне да јаде.
Бебето немаше ноќни подои од 2 месеци. Столицата во 2риот месец беше во ред, во третиот месец почна еднаш на неколку дена но беше жолта. Како што веќе кажав сменет е само мојот начин на исхрана ништо друго. Бебето бараше да цицана саат и пол, два. Бројот на подои не беше намален баш напротов се зголеми, но времетраењето на подојот се намали претходно цицаше околу 30 мин а потоа околу 10 и се тргаше. Развојно бебето е супер не заостанува реагира на зборување, се превртува на стомак крева глава. Цуцла користам од сам почеток силиконски не, немам циклус ни било каква терапија ни прпблем со тиреоидна. Знам дека цица 60 бидејќи дозата и е 150мл на некои од подоите цица па пие ад само 90 па по тоа претпоставувам дека исцицала 60. Инаку пред секој подој е бебетпп на града не чекам да се насобере млеко знам дека најдобра стимулација е бебето. Искрено не верувам дека од оваа ситуација би се вратила пак на ексклузивно но барем се надевам да ја зголемам количината некако.
И јас јадам се, почнав и грав, леќа, наут. И зачини ставам во јадењето, нема проблем никаков. Само прочитав тука не требало нане, а јас ставав во јадење Уште да ми кажете само дали може семе од коприва со мед? Јадев јас ама не ми текнало да прашам дали смее.
До ден денес ставам нане во јадењата. Прв пат слушам дека не може Патем и јас дојам и јадам и пијам се што ми душа сака. Немавме мака никаква од грчеви