Нане викаат може да го намали млекото. Ама претпоставувам треба да се изеде во поголеми количини за да има таков ефект.
Не се оптеретувајте со нането. Треба да се внесува огромна количина дневно за да почне да делува на млекото. Јас пиев чај од нане по една шоља дневно, на една познаничка и' помогнало да се намалат грчевите кај бебето, а втората ќерка имаше премногу грчеви и си реков па ај да пробам. Навистина бебето беше посмирено, млекото во никој случај не се намали, а никакви додатоци за зголемување на лактација немав пиено со второво дете.
Женски, а дали смеам да си потгрицнувам луто? Мхм шо мераклика сум на лути пиперчиња, ама пусто ради млекото ми е страв да не му направам некоја беља на бебе. Мислење можиТ?
Јас јадам, не нешто ептен ептен луто ама да подлутнува. Читав дека жени што во бременоста јаделе може и кога дојат немам приметено никаква реакција кај син ми
Јана, беба од 4 месец до 7ми само кг качи, млеко имам, беба цица ама не качува кг., памтам дека твоето е исто долго за месеците, нас тоа ни го даваа за објаснување, на страна тоа што не сака каши да јаде ( 190г кашичка на 2-3 дена) и само цица упорно, продолжи да го доиш без лоши мисли.
Повторно ги препрочитав сите твои мислења. Како што сфатив, со формула сте почнале скоро - пред 10 дена. Морам да кажам дека релативно турбо сте почнале со формула, и со големи количини наеднаш. Обично се почнува со помали, почести, и со метод - дохранување на града. Се прави план како да се зголеми лактација и како да се даде дохраната без да се загрози доењето. Никогаш не можеш да знаеш колку стварно исцицало. Не значи дека секој оброк ѝ е 150 - не е програмирана по толку да јаде. Многу се мислам околу тоа како од ексклузивно доење дошло до ова. Обично се работи за намалена лактација како резултат на лош фат на града (плиток фат) кој е резултат на лошо местење на града или на анатомски момент - подврзан јазик. Дали е тоа исклучено кај вас? Последно прашање - дали има шанси да си бремена? Не ми одговарај, ова е приватна работа, ама доколку не сте се пазеле - провери (иако си немала циклус). За доењето - планот ти е да зголемиш лактација. Тоа се постигнува со дохранување со формула ама на града, чести стимулации, помалку формула почесто, ноќни подои, пумпање... Има и други методи - терапија со домперидон. И секако - наоѓање на причината зошто е тоа така. Затоа што има и од твоето враќање, (никогаш нема 100% гаранција) ама има многу жени кои успеале. Зависи колку време имаш и нерви. Размисли и пиши ми. Ако сакаш и лп може.
@The_Planner јас сум пример за мајка што првите 2 месеца давав дохрана, па се вратив на ексклузивно доење, до 6 месеци и еве скоро 13 месеци имам бебе страствен цицач. Многу упорност и голема самодоверба. Првите недели беше само на доење, имав многу млеко и направив и залихи во фрижидер. Но после почна да плачи како да не му стига. Па со препорака на педијатар почнав после еден подој да и давам по 15-30 мл и го користев моето млеко. На почетокот ги пиеше, но бев решена да дојам и мразев кога требаше да дадеме АД, а морав. Почнав бебе да ставам нон стоп на града, кожа на кожа. Ноќе не ми стануваше па по 3-4 пати се молзев заради лактација. Па некогаш и денски после подој се измолзував. После 2-3 недели успеав да намалам ад и на неколку дена да давам ептен кога не и стигнаше моето, па така упорно престанав и фрлив ад. Бев многу оптеретена дека немам млеко, а бебе убаво си напредуваше. Да нагласам дека никогаш не измолзував некоја количина и никогаш не ми течело млекото додека цицаше бебе( сега тоа на големост го доживувам). Некако си ја вратив самодовербата и Еве кај сме. Макар што и да треба дохрана не е нешто страшно, бебе треба да напредува и многу деца израснале со ад. И многу смиреност и посветеност бара млекото. Мислам когсе опуштив се среди кај мене лактацијата. Ете и @Kaetana се стручно ти објасни. Поздрав
Бебево почна помалку да се буди навечер, а кога се буди цица по 5 мин од една града. Прашањето ми е дали треба да се одмолзувам за да не ми се намали млекото? Зошто искрено многу сум среќна што почнав да поспивам малку повеќе.
Како што расте нормално е да спие подолго ноќе, и во тие 5 минути што цица (за ефективно цицање е муабетот, да го слушаш да голта) тоа веројатно си цица доволна количина до наредниот подој кој сигурно ќе биде за 2-3 часа. Мислам дека нема потреба од одмолзување, бебето веќе си воспоставува ритам и количината на млеко се пролагодува на неговите потреби. Мислам дека твоето е околу 3 месеци, како што читав, доволно е еден ноќен подој во оваа возраст. @Kaetana нека ни каже најдобро
Јас не се одмолзував. Исто беше цицаше 2-3 пати ноќе по 3-4мин ама не ми се намали млекото. Овие 3 дена цица на 1 саат и не ми се зголеми. Мислам дека немаш потреба.
На колку време цицаше? Мојата цело време на саат ипол најмногу, кога ќе побара на два часа сум среќна