Има ли знаци на губење на млеко постепено? Бебево се корне од плачење (како ненајадено) .. и десната града не боли ми се плаче коа цица.
Колку трае тоа одбивање? Прееска цицаше и му дадов 135 мл формула..пошо беше ненајадено претходно и рикаше. Сеа е цар ни а ни б. Полно меше.
Кај нас траеше околу една недела. Преку ден цицаше само од лева града, десната како боцки да има. Само преку ноќ цицаше убаво, па форсирав ноќни подои. Тој месец качи значително помалку на килажа и бев загрижена, помислував на ад ама издржавме некако. Еве го и овие денови цица цело време и плаче, сабајле ми ја одби десната града пак ама сега не се нервирам, ќе помине.
По колку време е нормално да цица бебето од една града? 1 месец сме и цица по еден час. Др вели макс пола саат требало. Инаку и го дохранувам, секогаш после доење е гладно
Цица активно, влече 1 час или спие на цицка? Треба да слушаш како голта, а сигурна сум дека толку време не голта. Буди го, тапкај го по обравче, гали го да се разбуди и да цица активно. Вака може цел ден да преспие на цицка. Зошто даваш дохрана? Од каде знаеш дека е гладно?
Го будам кога заспие. После цицање ја пушта градата и почнува да плаче. Му правам 60 мл и го пие лакомо како воопшто да не јадело. Инаку кога се молзам мн малку измолзувам. Максимум до сега 50мл заедно од двете гради..
Се познава дека е гладно. Ги става рацете во уста, нервозно е, го јаде лигарникот, а и на килажа слабо качува.
Веројатно си е лакомче како и мојов. Речиси 2м. е синко и исто така цица на 2 часа, па некогаш дури и на час и половина. Така се навикна отпочеток со жолтицата, требаше да има чести подои и да го будам ако спие, но тој и онака сам си бараше на 2h, точен ко швајцарски саат.
Можно ли е да ми намали млекото од висока температура? Сношти имав тт до 39°C и сега цел ден помалку од 37.5°C не се спушта. Обично имав околу 300мл на секои 3 часа а сега одвај 200мл. Го одмолзувам млекото со електрична пумпа.
Зборевме за доење во јавност еве еден интересен цитат. Инаку профилов на инста е ептен интересен на девојкава
Син ми има 3ипол месеци и исто така цело време рачињата му се во уста и лигавче ако има и него го пика во уста. Понекогаш дури и маичката ја става во уста. Раце во уста не значи гладно дете
Имала ли некоја алергија додека добила? Знам дека лоратидин не се пие бидејки се излачува низ млекото, ужасно ме чеше цело тело ставив само течна пудра
Сите бебиња прават така. Колку е тоа слабо на килажа? Колку е дневниот просек? Бљуцка ли после ад? Наместо ад, треба да пробаш со твое измолзувано. Ама шише може да биде причина за намалување на млекото.