Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Мoже ама бебешки прoпoлис вo пoмала дoза.
     
    На stoimanovskamarija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macufce

    macufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Женски
    И јас го иам тој проблем... 5350 (скроз голо) беше на 15ти август... денеска е 5800 со боди и пелена.
    Загрижена сум веќе премн.
    Во 18:30 се измолзив 160ml , го капев и пред спиење во 20:00 испи уште 100ml ад, и си ждригна , ни да бљуцне ни ништо.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Девојки, може прашањево е веќе поставено но со бебе не можам баш да се навраќам..
    Има 3 недели, од старт брадавиците не ми ги прифати, а може и не бев многу упорна имав болки и немав енергија. Па го дојам со силиконски. Ама некако ми е мрзливо бебево или и за тоа се лажам?! 2 пати се напи од шише и тука како пресврт...цица само ако додека спие пред да се разбуди (по моја претпоставка) ги ставам на гради ама не секогаш. Некогаш нема шанси да се разбуди, некогаш ќе цицне, некогаш многу се распискува бутка гребе плаче и му давам од шише. Да скратам еднаш или два пати во денот да цица, се друго е мое молзено и еднаш преку ноќ му давам АД кога немам сила да се молзам.
    Некој совет и дали да бидам упорна бидејќи станат е мнооогу мрзлив. Дали ако не цица ќе имам млеко бар да молзам? И дали е во ред да пие и мое и АД?
    Извинете на долгиот пост
     
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Тука има мајки со повеќе знаење од мене кои можат да ти дадат корисни совети, јас само ќе ти кажам од искуство дека мрзливо бебе и те како може да се научи да цица. Кога мојот најголем мрзливко стана најстравствен цицач, може секое. И јас доев со силиконски до 3ти месец зашто брадавиците не можеше да ги извлече од мрза. Паѓаше на килажа, плачеше од глад и не сакаше да цица, станав агресивна и лута, ужас беше. На почетокот и јас давав ад неколку пати на ден после доење зашто падна 300гр во тежина и ептен споро ја качуваше и еве го сеа буцко е, рика на цел глас ако не добие цице одма, цица без силиконски и се чудам како ли ќе го одбивам кога ќе дојде време.
    Упорност, упорност, упорност. Тоа е решението. И многу трпение.
     
    На eta, dunika, Brpbrp и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Немам многу доеничко искуство, но од овие три месеци со бебе можам да споделам она што научив.
    За да имаш млеко, единствен начин е бебе да цица за да стимулира, колку и да молзиш,не можеш да извадиш онолку колку што бебе може да извлече со цицање... Лактацијата се воспоставува во првите месец-два затоа ако сакаш да го доиш и да исфрлиш ад, мора да ставаш бебе почесто на града, дење на 1,5-2 часа, ноќе најмногу на 3 часа (се смета од почеток на еден подој до друг).
    Ако е мрзливо или поспано можеби има жолтица, ако задреме на града, чепкај го штипкај го да се разбуди за да продолжи да цица, жолтицата се исфрла преку мочките затоа мора да јаде.
    Давајќи шише бебињата се одвикнуваат од града бидејќи им е полесно, млекото само им иде не мора да се трудат многу за да добијат храна. Затоа како што ти кажа и @Jana06 многу упорност, трпение и најмногу љубов.
    И заследи ја на инста Доење со љубов на @Kaetana ќе најдеш многу корисни совети и одговори на многу прашања поврзани со доењето.
     
    На eta, dunika, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  6. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    @Jana06 @Thallia
    Фала ви. Бев коа имаше 2 недели на педијатар не спомна жолтица, му даде 10ка оцена и имаше напредувано и килажа и должина.
    Исто и он, не ја извлече брадавицата тешко му е. И ја еден ден мислам нервен слом доживеав, жал ми е имам млеко а кога е гладен ко ќе се разлути нема шанси да цица многу плаче и го смирувам па пак пробувам па пак урлање и на крај со шише завршуем пошто почнува да липа и не можам да го гледам така :(
    Не можам АД да исфрлам преку ноќ немам толку енергија да пробувам и да се молиме за цице и после се уплакува, ако немам измолзено како да го оставам? И ја мислев ќе огладне ќе мора да цица, ама не било баш така....
    Баш ми е криво што не знам како да го научам...ми дадоа број некоја Јасна од Идадија советник за доење, она ми е задна надеж...
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Најголема грешка е да оставаш новороденче да изгладне, па да го надоиш. Верувам дека не го правиш тоа намерно, но не можеш правила да му наметнеш. Ти уште се немаш навикнато на улогата мајка, а не тоа на надворешниот свет. Не мораш преку ноќ да исфрлаш ад ама тоа нека биде поретко и секогаш после цицање. Некој мора да се грижи за тебе, а ти за бебето. Значи течности секогаш до тебе, убава и редовна исхрана, се да ти биде како што треба, а ти соблечи се нагоре гола и лежи си со бебенце. Пробувај нонстоп да му даваш да цица и биди упорна. На еден саат по малку да цица успех е. После тоа само ќе си добие сила, ќе влече повеќе и со самото тоа подоите ќе станат пократки и поретки. Ама не го очекувај ова во првите 3 месеци. И не се фрустрирај, биди смирена и самоуверена.
     
    На eta, dunika, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    16.392
    Мајки дали ставате лук во јадењето и дали може да се јаде пинџур на пр.? Некаде прочитав дека не требало да се јаде оти ќе влијаел негативно на вкусот на млекото и можно било бебето да одбива да цица...
     
  9. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Фала, баш убаво напишано. Не го оставам да огладне, спие 3 саати и некаде после вториот саат почнувам да му давам да цица. Некад ми успева, некад нема шанси да се рабуди и кога ќе стане сам веријатно е изгладнет и тогаш нрма баш простор...инаку ср слушнав со таа Јасна и во сабота ќе дојде дома кај мене. Рече ќе видела што правам и до каде сме. Ср надевам ќе ми помогне.
    Инаку преку ноќ сум сама маж ми е на пат, дојде на 3 дена и пак замина. Баш е тешко...
     
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Те разбирам и мм ретко е дома ама на почетокот не мрдаше од дома и се менувавме ноќе за спиење, тој правеше се по дома и ад за бебето. Ако не се снаоѓаш сама нека спие некој близок кај тебе додека се навикнеш. За некој месец сите овие маки ќе ги заборавиш и ќе се присетуваш на убави моменти само :)
    Ќе ми дојдеше некој од блиските на гости и само коментираа зошто толку често цица, зошто плаче, само игнорирав и уште толку ми се креваше самодовербата. За многу брзо исфрлив ад. Ќе успеете, само гушкање повеќе :*
     
    На eta, Kaetana и lemon8ejt им се допаѓа ова.
  11. Sjmsas

    Sjmsas Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Мајки тие што доите само наутро и на вечер, дали преку денот давате друго млеко во шише. Синко има скоро една год, цица само наутро и на вечер но не знам за преку ден што е правилно.
     
  12. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Сиров лук немам јадено ама во јадење го ставам, немам приметено разлика. Исто и за кромид.
    Мене ме интересира за спирулина, ставам спирулина во прав во смуди и приметив дека млекото ми има сега таков мирис на алга :) Бебето цица нема проблем со тоа, башка и каките му удираат по малце накај темно зелено. Матичната вика немало врска со спирулината. Ама баш ќе видиме на крвната слика како ќе му биде хемоглобинот.
     
  13. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Дали некои знае каде во Скопје можам да најдам блуза со отвори за доење?
     
  14. new-mom

    new-mom Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Jas imam kupuvano od waikiki, imaat maternity kolekcija
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. The_Planner

    The_Planner Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Искрено по мое не знам дали има смисла но не било одеднаш сигурно туку претпоставувсм дека како млакото се намалувало постепено во текот на последниот медец така бебето се навикнувало на помалку па цицало помалку и стимулирало помалку тос е мојата теорија. Инаку мислам дека нема шанси да сум бремена пак ама ќе проверам бидејќи ме замисли
    Во врска до фатот на бебето, ако е плиток ичи неправилен нели би имале проблем уште на почеток... Или може и покасно да се јави проблемот? Иначе сега стигнавме до 2 оброци денот само доење (ноќен и еден преку ден) само гледам дека малата полека губи интерес... Цица додека и е полесно а потоа се трга и плачи бидејќи од шише и е полесно.
     
  16. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Не се бубачки мајка. Нормално е. Моево на 1,5-2 часа цицаше. Само ноќе спиеше скоро целото време, но се измолзував. Некогаш цицаат некогаш близина бараат. Мојава скоро 13+ е и на 2-3 часа цица. Уживај ако имаш млеко веднаш растат, а ова е најубав период.
     
    На rainbowmama, Kaetana и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е набрзо. Видов за тежината - пиши ми ако сакаш во приватна порака детали.

    Ако осетиш тензија да. Ако не - остави бебе да си диктира темпо. Веќе сте поголеми 3+ па ако си продолжи со напредок - спиј жено, може и ќе стигнеш сон да досонуваш. :)

    Бебето си кажува колку сака. Нема што доктор да каже колку треба. Многу е важно дали ефективно цица, колку млеко добива при цицање. А инаку подој може да трае 5 минути, може да трае и 45. Гледај дали голта, следи како се одвива подојот, дали е нутритивно цицање или не, прави компресии. Дали пие формула не е меродавно. Меродавни се пелените и напредокот.

    Лоратадин оди со доење без проблем.

    Сѐ е во ред ама вака брзински би ти кажала дека ако сакаш да цица мораш да дохрануваш на града. Молзењето е многу потешко и со тек на време лактацијата може да се намали заради ваков вид на стимулација (не мора да значи). Пожелно е многу контакт кожа на кожа, ама многу, да даваш да цица кога не е прегладнето, да пробаш да тргнеш силиконски бидејќи бебето е збунето и не сфаќа дека од града се цица. И секако - компресии и дохранување со сет.

    Ама за поконкретно - ќе ми требаат повеќе податоци. Сакаш пиши ми ЛП. И биди најдетална што можеш за сѐ. Од тежина, пелени, до како ви изгледа секојдневие.

    Јади си лук и види како ќе реагира. Некои бебиња си сакаат лукче преку млеко. Сериозно.

    Моето бебе имаше нешто поплиток фат ама заради анатомски проблем со јазикот. Никогаш немав болни брадавици - ама ми беше малку деформирана после доење (како кармин). Сакам да речам - има некакви шанси..не дека не. И мене ми се намали млекото, па удрив турбо на апчиња домперидон, дохранував на града со мое молзено / формула.. сѐ со цел да зголемам лактација.
    Кај вас и тоа е следно - bottle preference. Затоа дохранување само со сет. Макар било формула, нема врска тоа.
     
    На The_Planner, mKdevojce, Jana06 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    @Kaetana фала ти ама не може да ти се прати порака...
     
  19. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    @Kaetana извини ако ти пречам. Го послушав твојот совет и сме само на цицање.. Сега ми треба пак твоја помош и совет. Еве веќе три дена бебе на вечер станува на секој час го ставам на града ќе цица 5мин и заспива се трудам го будам нема шанси и го оставам да спие дали бебето е гладно што се буди толку често? Многу е лакомо преку ден ќе цица се нормално па пола сат е океј и послем пак му нудам пак цица има периоди се турка плаче на града ќе ја фати па ќе ја пуште со плачење се плашам да не не му стигнува млеко ради таа реакција.. Никогаш да се најади па сам да се тргне од града
     
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    @Kaetana дали за време на доење е дозволено снимање на врат?
    Имам грпка и ме боли, би сакала да направам снимка и да одам на физикална терапија ама не знам дали влијае на млекото?