Колку време сте само на доење? Дали имаш репер тежина од која почнуваш? Какви се пелените во овие три дена? Дали продолжува да моча / кака како претходно? Колку формула скрати (мислам беше малце, ама да бидеме сигурни). Дали правиш компресии на секој подој? На колку често бара сам да цица преку ден? Навечер се буди на секој саат за 5 минути да цица? Дали нудиш една или две гради по подој? Сега сте мислам околу месец и недела, ако да - мислам дека има скок во тој период.
Да да, обична, рендген снимка, да имам основа за физикална, не би можеле да ме масираат на слепо. Всушност сакам медицинска масажа, имам болки, не ми треба релакс масажа, затоа.
@Kaetana да те прашам и јас нешто. Бебе ми е 2ипол месеци, само на доење е. По мое мислам дека супер си напредува. Се роди 2800, вчера ја меревме 4950. За две недели ми има качено 690гр. По ова што го читам овде, чудно ми е зашто уште ми се тврди градите кога не цица бебе. Не треба веќе да имаме воспоставено лактација? На почеток нон стоп беше на града, сега не е толку многу. Цица 5,10 мин и се трга сама. И уште нешто што ме загрижува, навечер слабо цица. Спие до мене, веднаш штом се подразбуди и нудам града, ќе цица 2,3 мин и толку и тоа така во сон. Во текот на ноќта 2,3 пати така прави. Некогаш јас и нудам и се трга и си продолжува да спие. Треба да инсистирам повеќе? Да ја будам навечер? Цела вечер ја преспива. Во 21часот заспива ,во 7 сабајле се буди. Се извинувам на замарање
Денес добив менструација прва од послем пораѓам. Сакам да прашам дали можно е да има некоја промена во млекото и да не сака да цица бебушов мој ???
Па 10дена од прилика сме на доење, формула скрос скратив. Тежина на медец дена поточно на 35ден имаше 4,320 но нели пред тоа бевме на комбинирана па точно од кога сме на доење незнам колку има качено,педијатар ми рече да продолжам само со доење дека доволно му е. Се молзам не баш по секој подој, а кога ќе се измолзам послем подој вадам 30мл од двете, а пред подој 60мл. Преку ден си спие по 3 часа и се буди за јадење. Но на вечер се буди на 1 час за да цица 5 до 10мин. Нудам две гради постојано но на вечер цица од едната а за другата веќе е заспан
Здраво. Бебе има 8 ипол месеци и три оброка. На доење е, но во текот на денот можам да кажам дека не цица. Многу е активен и не го интересира цице, може малку да пивне и толку. Навечер за заспивање и 100 пати презаспивање се лаже со цице. Околу дневните подои, не внесува доволно млеко, едноставно не цица се врти наназад и се трга. Гледам и ужинка му давам, но страв ми е да не е гладен, да не е мал за две ужинки. Адаптирано млеко не пиел, дали да му внесам во текот на денот? Не знам дали ќе го сака. Ама тоа би значело дека најверојатно ќе се одбие. После година секако не планирам веќе да го дојам, ама немам памет за дневниве подои.
Мала помош од поискусните бидејќи сум царски веќе 4 ден имам само колострум и тоа на стискање,бебе ми го носат по 5-6 пати за цицање по пола саат али сеуште не надоаѓа млеко. Денес прв пат со пумпа пробав искочи малце колострум, прашањето ми е на колку време пумпата може да се користи како стимулација за да надојде млеко?
За да надојде млеко треба бебе постојано да е на града. Пумпа не може да стимулира толку колку што бебе може. Бебето ги активира хормоните, пумпата работи механички. Пумпа се користи откако бебе ке заврши со влечење. Наместо да се нервираш и да чекаш да надојде млеко, ставај бебе на града и опушти се.