Можно ли е гладно бебе да не плаче и бара цице туку да си спие мирно? Чудно ми е бидејќи денес на преглед кај педијатарот ја измери за 40 гр. помалку од пред два дена кога ја мереа пред испуштување од болница. Да напоменам, бебла сака нон стоп на цице, и давам со силиконски брадавици и кога ја вадам брадавицата внатре е полна со млеко, сега малку ме замисли док. Не знам колку има можност две различни ваги да измерат различно Исто многу плачеше па 2,3 пати ја премери за да заклучи дека нема покачено. Ми предложи ако сакам да давам дохрана, и реков сепак ќе почекам до петок до контролата. Дома ја мерев пред и после цицање, ја покажа за 30гр. потешка, не знам колку би требало одприлика да цицаат (таа утре прави една недела). Редовно си полни пелени, вчера само 6,7 каки, еве и денес на секое јадење се празни.
Не, се работи за две различни места, доктори и ваги. @IRBBB во понеделникот го проверуваа билирубинот бидејќи беше малку жолта ама рекоа ок е вредноста, освен изложеност на светлина друго не ми препорачаа. Останува да нудам цице почесто и да чекам до петок а само што ги средив градите, првите денови ми беа хорор.
@Monella и јас мислам дека е заради 2-3 различни ваги. На една кога се мере, најрелевантни би биле тие вредности. Плус испитано ви е за жолтица, немој да се нервираш. Еве каде е петок, баш ќе видиш како ќе биде
Можно е да не плаче, уште е мало, па може да спие иако е гладно. Но, на почетокот е и нормално по пуштањето од болница, бебето и дома да продолжи да губи на тежина, уште се адаптирате една на друга. На колку време ја доиш? Јас го мразев ова прашање, бидејќи доев 24/7 ми се чини, ама те прашувам за да немаш долги интервали меѓу подои. Знам дека ти е второ, ама потсетување само... Компресии, будење и обавезно ноќни подои. Јас и ноќе будев на 2 саати. Син ми за една недела дома стави само 50 грама ( а требаше најмалку 150). Со постојано доење и ноќе ја решивме работата. Ако жолтицата е ок, столиците гледам супер бројка и ако добро мочка, бебето не ти е гладно, само се адаптирате се уште. Продолжи со ексклузивно доење, најмногу на 2 саати, дои и ноќе, буди ако треба, прави компресии и еднаш дневно барем измолзувај после подој. Каетана ми рече количината која би требало да се измолзи после подој е отприлика 20 мл. Не користи шише и по можност ни силиконски брадавици. И честитки, да не заборавам, здрава и жива да е
@Monella бебе треба најдоцна до две недели да ја врати родилната тежина. Има уште фора, и јас би те советувала да не брзаш со адаптирано. Ако е жолто бебето, можно е да е успиено заради жолтицата а со тоа да преспива подои и да паѓа на килажа. Давај да цица на 2 часа. Аларми мести и буди по секоја цена. Пиши како ке биде за една недела.
@BirMelek @MilaSs12 некогаш не издржува ниту 2 часа без цице, давам кога сака иако педијатарот вели на 3,3 ипол часа. Не знам само дали имам толку млеко како првите денови во болница, сега веќе не се толку болни како на почетокот кога морав да си помагам со измолзување и топли облоги. На син ми давав измолзено млеко со месеци и знам колку е тешко молзењето, складирањето, будењето преку ноќта... овој пат сакав да имам малку поинаква судбина, ќе видиме.
Синко беше жолтеникав, билирубинот на горна граница му беше. Нагласија дека мора да го будам на 2 часа, затоа што знаат да се успијат. Самата жолтица ги прави омалаксани, успиени, па наместо да напредуваат, тие паѓаат на тежина и цицањето им е се потешко и потешко. Ако бебе полни пелени, имаш млеко. Ако после подој не плаче, не е гладно. Сепак пелени се најдобар репер. Некои жени со месеци имаат тврди гради, јас 14 месеци дојам и ми се стврднуваат. Нај некои брзо се регулира. Мој совет е да пробаш да ја тргнеш силиконската брадавица.
Здраво феминки, се породив царски во понеделникот сабајле, еве денес немам уште млеко. Бебе ми го носат кога ќе фати кога не и се нервира што влече а нема ништо. Сега си одам дома, ми рекоа прво на града па после АД млеко додека да дојде моето. Ве молам за совет, освен на града да го ставам кој чај за доилки е добар да убрзам и зголемам лактација. Фала
Јас од Хумана сум задоволна, откако почнав со него, ми дојде повеќе млеко. Претходно користев на Хип и немаше резултат. Пиј многу течности.
Како поминавте? Ве мислам. Ма каква осуда, да можам да летнам кај и да си и да те изгушкам... Без нервози, слушаш доктори што ти кажуваат, ништо погрешно не си направила. Советот на докторката е за осуда. Лактација може да се врати. Не постои сигурна гаранција, но шансите се големи бидејќи уште сте тука некаде. Во старт да ти кажам дека процесот бара трпение и работа. Но, не е невозможно. Јас лично баш гледам бенефит иако сте 4 месеци, со оглед на тоа што доењето може да трае година, две.. затоа многу судам на доктори кои на некој начин ја одземаат шансата на мајката за вакво поврзување. Знам - ќе речете, што ако нема мајката доволно млеко. Тогаш ќе седнете со мајката и ќе видите зошто е тоа така. И ќе помогнете на секој начин. На крај, ако ептен се воспостави дека мора, не значи дека решението е престани. Па има мајки капка што се вика немаат, па формулата на бебињата им ја даваат директно на града. И тоа се вика breastfeeding. Ај.. да не пишувам оти многу се нервирам. Ама стварно... Ако сакаш стварно да пробаш, има начини. И повеќе варијанти. Пиши ми како сте сега со формула, дали добива само од шише, дали би фатило бебето да цица, дали би се нафатила на интензивно молзење / доење.. Затоа што начинот е тој - најдобро е бебе да почне да фаќа повторно града. После да направиш транзиција -формулата да почне да на добива преку лактациски сет на града. После секој подој мозење (дење и ноќе) на околу 2 часа + неколку пати во денот power pumping. Има апчиња кои зголемуваат пролактин. И тие доаѓаат во предвид. Чаеви течности, стандард. Многу контакт со бебето кожа на кожа. И многу трпение. Ако фати со сетот, за некое време ќе зголемиш количина на млеко, и големи се шансите кога ќе почнете со дохрана да остане на доење и дохрана, без формула. Пиши ми размислувања. Од старт да ти кажам дека е захтевна работа. Ама од мене имаш поддршка ако сакаш да пробаш. И ок е ако не пробаш. Ок е ако пробаш и се откажеш. Нема осуди никакви. Ти најдобро си знаеш до каде можеш да "одиш". Монела, жива и здрава нека е, голема да расте!! Према ова што го пишуваш, бебето е ок, му треба само малце време да се адаптирате. Со ќерката истите "проблеми" ги минев. Носи ја - 40 грама симнала. После 3 дена - 100 качила. Па пак симнала 10.. Мила пишала за враќање на родилна за две недели. До 2 недели би требало да качи до родилна, но има многу бебиња на кои им треба мааалку повеќе време. Ќерката моја врати на 27 ден. Чекавме со педијатарот и не нудев формула затоа што полнеше пелени цело време. Зголемив само интензитет на подои кога не врати до 14 ден. Не слушај педијатар, какви 3 часа. Ќе си пукнам со тие совети. Следи го бебето, давај да цица, интензивирај подои доколку гледаш дека е успана подолги интервали, и дај шанса на доењето. Сепак е многу рано да се суди сега во поглед на тоа како оди. Ама ако пелените се така полни со преку 4 столици.. значи дека е ок. Дајте си време, и пиши како оди. Бебе мора нон стоп на града. На секој час да стимулира. Јас на твое место дохраната би ја давала директ на града. Ем бебето ќе се научи да цица, и плус ќе стимулира млеко кај тебе, и намален е ризикот од bottle preference. Чаеви стандард - чај за доилки - јас користев Лактамикс. Течности - ама да не се препиваш, тоа прави контраефект. Многу контакт кожа на кожа со бебето, и секако - дохранување на града со лактациски сет.
Бевме на педијатар има золтица затоа е поспана؛ Ја мерев во вторникот 2890гр пред подој а вчера пред подој 2967гр по подој 3000гр (растојание 24 часа), кога ќе почне да цица, цица активно 20мин но мн тешко иде будењето а навечер изгледа има ггрчеви мн плаче и никако не сака да фати؛ Мене млеко само ми тече и мн фрустрира што не знам како да ја заучам да цица
Лактацискиот сет на Медела каде може да се купи ве молам. Дали го има во секоја аптека?! Инаку и јас проблем имам со будењето навечер, како во кома е не можам никако да ја разбудам. 3 недели има, се роди 2.820, кога излеговме од болница 2.600, а после една недела падна на 2.500. Нашиот педијатар ни предложи АД после секој подој по 30 мл, а јас и давав само 3 пати по 30 мл. После една недела мерење покачи 500 гр. Педијатарот повторно ми предложи АД 2 пати по 30 мл, па после 2 недели ми рече да намалиме на 1 по 30 мл на ден и ако напредува да поминеме на екслузивно доење. Дали да престанам со АД и да не ја послушам педијатарот ве молам, совет од поискусните?!
Првиот ден дома Цел ден спиење, ваљда заради добро нахрането бебе во болница со дохрана. Дома се во ред, додека не почна ноќта. Потоа..... Ни ноќ се виде, ни ништо. Вриштење, гасови, прдкања, без каки, само мочки, стегање на ноџиња, пак плачење, цице фатено 15 мин, потоа 30мин плачење, па спиење 15мин па пак цицање 15 мин. @Kaetana колку и влијае преминот од повеќе вештачка кон мајчина храна? Смиреност, да. Бев смирена и и зборев и се', до кај 4ч, пукнав и јас си поплакав, маж и правеше вежби на меше, и колепка манав и креветче, ја легнавме до нас на спална а реков дека сум против тоа. Тежок почеток имавме. Незнам ни што да ја прашам Каетана веќе, се надевам дека ќе успееме, на крај. Шише и цуцла немам дома, вештачка храна немам дома. Да ги имав синоќа сигурно ќе пробав се да дадам. Од 4-8ч спиевме и таа и јас, сонував бебе што вриште Кажете ми дека ова ќе помине
Секако дека ќе помине, полека ќе биде подобро, и на двете ви треба прилагодување. Излезено е од внатре, треба да се прилагоди на надворешниот свет, на тебе. Цице е сè. Лесно не е, но е убаво
Ќе помине мајка, нормално дека ќе помине. И ние кога се вративме од болница 3 саати вриштеше, со маж ми не знаевме што попрво. На доење и дохрана бевме, првото шише го купивме по пат накај дома и немавме стерилизирано ни цуцла за да го смирам малку. Хаос беше првиот ден, хормони пукаат, јас со болки, двајцата без искуство. Од денеска полека ќе си дојдете при себе и ќе се организирате. Сега и евентуалните грчеви ќе дојдат, ќе цица 24/7. Само опуштено, се ќе биде во ред
Јас со првото кога се вративме дома беше 24х на цицање, додека надојде убаво млеко и фати некој ред.Сега си земав дохрана и шприц, како во болница.Кога си дојдовме, дента цицање, пред спиење шприц, така два -три дена, секако пред шприцот си седеше убаво на града ама гледам дека не најадена, или млекото не беше надојдено или таа уште немаше сила убаво да влече.Дохраната ми остана повеќе од пола ја фрлив, но ми помогна шприцот првите денови. Сега само цица и е мала буцка направена.