Ова искуство го имавме со првото. Имаш ли доволно млеко? Ако немаш, гладна е. Јас немав првиот пат т.е. имав мн малку, а ме испуштија со совет никако да не ја дохранувам, да си цица. И секако дека се држев до советот затоа што ме испушти Фидановски, врвен доктор. Никако да се смири! Утрото бев договорена со патронажната од Систина и со душа ја чекав да каже зошто кај нив не плачеше, а мене дома ми се откорна. Неколку дена почнав да и давам ад и така теравме до кај 3ти месец. Купи си ад и чим добиеш доволно млеко отфрли го. Секако прво ја ставаш да цица. Јас давав ад само 2 пати на ден - попладне и пред спиење. Ќе биде полесно За мајката со бебе со жолтица. Да го носиш на фототерапија?! Јас инсистирав да ја сончаат во болница за да немам мака дома. И многу помага реално. За многу кратко се окори бебе @Kitten те паметам дека имаше мака со блистери. Изгледа имам на едната града. Исчитав се на темава, фротирки, тушеви, статии и сл, ама де кажи што е најефикасно. Умирам дур фати цице Прво мислев не и е добар фатот, ама ми текна дека на времето те имам читано и тоа е тоа. Како плускавче. После цицање е потранспарентно, а еве сега пожолто, како плускавец. Она не одбива да цица н тоа цице.
Мила не те сфатив убаво со мерењата. Може да појасниш подобро? Во вторникот била 2890 а во четврток 2967? И меревте вчера после подој 3000? Не го сфаќам тие 24 часа. Една недела 500? Супер е тоа. Иако е со дохрана. Јас би доење на барање - интензивно да удриш. Мислам дека можеш да престанеш со АД. Ако ептен ти е шубе давај еднаш ама со шприц. Причекај со сетот, мислам дека нема да ти треба. Сега за сега доволно е да пробаш со шприц или со чашка ракија. И искрена да бидам - наместо формула, јас би пробала преку ден да се измолзам после подоите. Сигурно ќе собереш некои 50-60 мл кои можеш да ги дадеш екстра. Ако ги собереш од одма - не молзи и не давај формула. Ако ти е утеха - ова беше првата наша ноќ дома. Во болница беше будна до кај 12. маж ми дојде и нѐ зема, таа веќе спиеше уште скафандер кога ѝ облекуваа. Цел пат спиеше. Дома спиеше до кај 18.30 кога решив да ја разбудам оти испадна дека немаме бебе дома. Башка си велам - треба да цица ваљда. Изгубена бев максимално. Леле кога ја разбудив.. ауууу.. до 1 и кусур сабајле не престана да плаче. Јас не знам, оти искрено си легнав во 00.30. не можев веќе. Маж ми ја играл, ѝ пеел, и се откажала после саат време. После стана во 3-4... И пак до 7 беше хорор. Со пиштење. Те разбирам - и јас веќе се откажав и дадов формула. Проблемот беше што ја плукаше. Не сакаше да пие. Ќе биде подобро. Сега си уплашена, прва ноќ е (не знам зошто ама обично така навечер е најпанично). Ќе биде многу подобро. Само треба време. Ретко кој има "глатко" искуство првата вечер. Како сте денес преку ден? Како е со цицање и со пелени?
@Kaetana Конечно се искака денес, и си имаше добри подои. Си цицаше одприлика на 2-3 часа. Со мокрење имаше 3 пеленки. Со каки една само ама обилна. Ќе видиме вечер како ќе биде, ќе ти пишам пак. Не купив ниту денес формула, ниту шише, ниту цуцла. За вечер се напив лактамикс, веќе ја надоив, сега спие. Да се надеваме на помирна вечер од синоќешната
Точно. Стационирај се во кревет, и со неа цел ден овие неколку дена. Цел ден гушкање и доење. Стварно не се замарај со други работи. Пиши ми кога можеш.
Добро се сеќаваш. Јас дека доста пропатив од тие блистери знам која мака причинуваат а многу често неможат да се приметат и жениве не се сигурни зошто имаат болка. Ете кај тебе среќа се гледа штом викаш како плускавец. Земи пешкирче и натопи го со најжешка вода што можеш после тоа со раце да ја исцедиш а да не се изгориш Стави го како облога врз блистерот и цела града да стои додека не се олади. Потоа со самото пешкирче помини погрубо преку блистерот 2-3 пати, би требало да се отстрани ципата од блистерот и да се отвори каналот. Потоа кратко одмолзи да бидеш сигурна дека искача млеко од тоа каналче. Толку. После можеш директно да му дадеш на бебуш да те испразни, зашто се насобирало млеко во тој канал (не ми спомна дали веќе осеќаш некаде топче во градата). Кога и по неколку пати не успева оваа техника, крајна опција е бушење со стерилна игла, не е страшно ни тоа, иглата влегува само површински, 2 милиметра. Но исклучиво нова и стерилна игла од аптека Знам дека ти си одговорна личност, но и други читаат, мора да нагласам
Денес бевме на мерење кај педијатарот. За 3 дена има качено 70гр, со тоа што ја будам а од денес и веќе сама се буди на 2.5часа. Педијатарот инсистира на подој да биде од двете гради, она упорно влече и голта може 30-40мин, но ако ја прекинам бара уште. Проблемот е што мислам дека е лакома, затоа што ако продолжиме со доење и после 40мин повраќа. Цело време форсирам, не давам дохрана, но мн тешко ги фаќа брадавките, рамни ми се, и се нервира.
70 грама за 3 дена е сосем ок. Само продолжи така, мислам дека ќе почне повеќе да добива сила и почесто да е будна. Давај колку сака и од колку гради сака. Цица без силиконски или со? Ако фаќа без, колку и да е нервира, јас би инсистирала да остане без.
@kukla21 јас овој проблем го имав уште на 3-от ден во болница, не сум знаела дека овие грутки уствари се викаат блистери. Многу болна работа, па и една сестра што ми се падна првиот пат почна да ме измолзува на суво, без топли облоги, мислам притисок кренав од неа. Среќа потоа дојде друга сестра, ми стави топли облоги, омекнаа малку градите и со крем ми правеше масажи прво да се разнесат грутките па молзење. Како и да е многу болна работа. Најлесно си ги средив јас, кога ме пуштија дома одма влегов под врел туш, стоев долго време и само што ја стиснав градата млекото само си течеше, многу помага и крем од мадела, со кружни движење ги разнесуваш топчињата, нормално и беба почесто да цица. Ние бевме кај педијатарот. За 2 дена качила 40гр. рече на прав пат сме, арно ама јас овие денови освен што дојам друго и не правам, и нема да ми е мака беба да е задоволна. Дреме на цице на секои 15мин. на вечер правев аларм на 2 часа а таа не издржува ни еден, ги менува двете гради се така во круг некогаш и со часови за на крај ни јас да имам веќе сила а и млеко, осеќам дека се празни а и таа продолжува да бара со устата, ја врти главата, шмука прсти, што е најважно не спие. Издржав да не дадам дохрана се до синоќа кога во 12 веќе немав ниту сила ниту млеко, дремеше на цице од 8 само ги менувавме и никаков резултат, на крај реков ќе пробам (имав дома по препорака на педијатарот) понудив и мислам ќе го голтнеше со се шише Испи 40мл без проблем и одма заспа. Не знам колку е паметно да и давам дохрана само навечер пред спиење? Не за друго, ем таа ќе биде сита и наспиена, ем ќе има време да се насобере малку млеко за следниот подој, вака напорно е и за двете.
Давај дохрана а ти молзи се. Одмори се и опушти се. Не е страшно и да дадеш дохрана. Ама не ги оставај градите да се наполнат, туку молзи за да дадеш команда да се произведе уште млеко. Ако ги оставиш да одморат, тоа ке биде знак дека произведеното млеко е доволно. Плус после подој молзи. Со лесно.
@Alishan30 кога малата ја фатија грчеви , јас почнав со капки секој ден давав и до 40 дена и ги снема.Гледам во мк ги препорачуваат по 40 дена Пробај со топла пеленка на меше врз боди или најмногу помагаше да ја држиме обрната на меше кога не се смируваше и фен пуштавме да дува Кога викам бебе е најмачно не го кажувам за џабеНема превод на плакањето се пробуваш и ништо.Се потиш и нема смиреност таму. Едноставно е стресноМа и 100 баби да имаш пак ќе трчеш ти да ја смириш Ама знај многу брзу ќе помине . Мислам првите 40 дена е најмачно
Почнавме со пробиотик веќе. Нема да чекам по 40 дена да ги дадам. По 5 капки и давам секој ден. Мачно е, се грчи нонстоп и има гасови. Подоите и се одприлика на 2,5-3 часа. И цица и од двете гради. Ова гасовите, ќе не помачат, и меше и масираме и затоплуваме. Се надевам дека ќе се среди набрзо
И кај мене од пробиотик се грчи цел ден е супер ама од нив урла вика додека не се покака кога ќе се покака штама е низ куќа мислев дека не е од нив али намерно два три дена менував саат да видам дали е од нив и испадна така денес дадов еспумисан па му се смирија грчевите и со цицање исто се смирува
Само од нив се смирува, кога ќе и ги дадам е подобра и се кака со нивна помош. Без нив нема шанси. Не би ги сменила биогаја само 3 дена ги користи, ќе се среди мислам, со нив
Кај нас па обратен ефект имаат точно после пола час од кога се дадени вришти зајдува дури,а инаку си е баш среќно бебе што цело време се смее и си јаде
Мајки, Дали смее прополис да се користи? И дали сте задоволни од капсулите лактил (ако некоја мама користи да сподели мислење)?
Од лактил сум задоволна пиев скоро два месеци сабајле и навечер, ми помогнаа за да бидеме само на доење. Ми останала една лента па зедов да ја допијам количината на млеко од нив ми се зголемува
@Monella сѐ што пиша во претходниот пост е скроз нормално однесување на новороденче на доење. И честото барање, и нервоза и нон стоп цицање во попладневните часови, тежина од 40 грама за два дена е ок,... Во врска со прашањето - не чекај да се почнат градите. Полна града намалува лактација. Само со редовно празнење се забрзува производството на млеко. Формула можеш да дадеш ако си исцрпена и да здивнеш малце, но прво нека цица, па после.. а инаку за да знаеш - тоа што бебето ја пие "ко на екс" и делува после тоа задоволно и заспива, воопшто не мора да значи дека ти немаш млеко. Сите бебиња се такви. Следи ги пелените да се полни. И секако, да напредува како што треба.