Хумана го пијам и јас, мислам дека во тоа време кога бев очајна за млеко, пиев од апчињата, па чај од Хип. Баш тогаш те читав дека го пиеш и дека ти помага, па почнав да го купувам тој. И навистина ми помогна, па фала ти за тоа Трипати на ден пијам, но не ставам многу.
Супер штом ти се погодил И јас мислам дека ми помага, само читам и за лакта микс па се двоумам дали да го сменам да пробам. Инаку од хумана ставам две кафени лажички во една чаша (после ручек и навечер пијам).
Сте пробале без овие чаеви? Јас на почеток сакав да земам , педијатарот ме предомисли, вика природата си дала се што треба, ова само индустријата што сака да печали на нас, и така си терам природно
Секако дека сум пробала, но немав млеко, морав да пробам на секаков начин да си го вратам млекото. Не велам дека чајот беше пресуден, но можеби имал некаква улога бидејќи почнав да имам млеко.
Мајки ќе ве молам за совет. Малиот ми е на мое млеко кое го измолзувам и плус ад. Од вчера брадавицата ми се разрани(од вакумот ми се направија мали плици-плускавци полни со водичка) тие пукнаа и сега од тоа место при измолзување ми тече по малку крв. Што да правам? Иако е малку ќе отиде во млекото,како да му давам такво млеко? Совет!
Некои билки ја подобруваат лактацијата, некои ја прекинуваат. Чаевите се од тие билки и влијаат позитивно, се покажало кај многу членки. Јас добив млеко во болница, а дома почнав со чаеви. Уште пијам затоа што ми се вкусни, синко е 14 м. Чај од жалфија (99% сум сигурна дека беше од жалфија) го стопира создавањето на млеко, не би ризикувала да се напијам пред да го одбијам синко. И без чај би имала млеко, ама јогурт, чаеви, вода, овесни снегулки, влијаат на создавање млеко, научно е докажано.
Haakaa го викаат. Одлично е за собирање млеко особено кога доиш од едната да си го собереш тоа што ти тече од другата. Убаво направи вакуум, градата внатре, и си го собираш млекото да не ти оди "фира". Особено е супер кај нови мајки кај кои апла тече од градите додека бебето цица. За хаакаа-ва имам само позитивни искуства читано. Крв во млеко не е страшно, слободно може бебето да го пие тоа млеко.
@Dana31 и јас се молзам и исто комбинација со ад давам... И кога ќе почнат да ме болат брадавиците ги мачкам со ланолин и ми поминува... Неколку пати досега ме болеле.
Од мене едно споделување: бебево три дена е со растечено носе, има течни мрсулчиња, без температура и со умерено кивање. Претходно, млекото нормално си течеше. Ќе влече неколкупати и надоаѓа млазот, а од другата града по неколку капки протекуваа. Овие дена дури е преладен, аууу утоп се направив и пред и за време на цицање. И ќе цица и градата како повторно полна. Дури цица, од другата чешма, жива вода се правев, би рекла во случајов живо млеко се сторив. Многу се зачудив, наеднаш така што бидна, ама еве по малку се нормализира. Којзнае дали од настинката или пак онака мала промена ?
Мене редовно ми се дешава еднаш на неколку недели преполнување и болка. А од друга страна, исто така редовно, се случува и да ми тече поспоро и потешко. Така заклучив дека лактацијата се регулира. Ова не е стручен заклучок, мој е Инаку, еве скоро 10 месеци е бебо, речиси редовно едната града си прокапува, ама го пуштам, нека оди фира Секако се борам ко со мечка дури цица, уште и да собирам
Медот додека доиме. Може? Не може? Сакав да земам по едно лажиче на сабајле со семе од коприва, не знам дали би можел нешто да штети? Инаку, храната ми е иста како и претходно, јадам се што јадев прво само додавам повеќе овошје и течности.