Може зошто не. Што и да забележите да смета нема да консумирате повеќе, а претходно да се лишуваш нема потреба.
Додека доиш само алкохол и цигари се забранети. Се друго може ако не му смета на бебето. Јас избегнував многу работи и синко пак имаше страшни грчеви цели три месеци. Откако поминаа, сами од себе и од био гаја, јас почнав да јадам се, почнав кафе да пијам и нема реакција. Како се снаоѓате со доењето?
Досега сме немале проблем со грчеви, може уште е рано, не се сеќавам кога одприлика почнуваа. Јадам како и во бременоста, засега немам приметено нешто да и штети. Инаку уште си висиме на цице по цел ден. Еднаш некогаш и два пати во денот давам ад бидејќи постојано бара а јас осеќам како да немам. Чудно ми е ги осеќам градите празни а таа кога и да цица и протекува млекце и на надвор, значи сепак малку има. Утре сме на контрола за кг. ќе видиме како напреднала овие денови. Не знам дали сите деца на почетокот вака сакаат да дремат на града нон стоп? Мојата раце ќе испоизеде, не сакам дохрана да давам, толку лакомо ја шмука потоа само стенка, едвај дише и мора да поврати и кака, ама пак одма заспива. Ако не дадам ќе си ги изеде прстите, ќе мора да и намалам грамажа
@Monella - јес јес. Сите сакаат да си висат на цице, тоа им е начин да си стимулираат за млекце за утре, задутре. меки гради е одличен знак - и секогаш кога ќе провериш ќе има. Празна града не постои. Дури и кога бебињата ги "празнат" градите останува околу третина од капацитетот на складирање на млеко во градата. Тоа е така во случај бебето да сака да си цицне уште малце за брзо време. Затоа секогаш кога ви пишувам да се "испразни" града душа не ми дава да не ставам наводници.
Конечно и јас со напредок. Навистина беше напорно првите денови, молби и будење за цицање на 2 часа, со брадавки но со успех. Веќе сама цица без брадавка, по секој подој празни града, сигурно околу 30мин цица и после сама се трга. Сеуште ја будам на 3 саати затоа што ми е страв дека сама нема да се разбуди ако е гладна, но помина една вечер со поголемо растојание и притоа и двете наспани и среќни. некогаш по доење не заспива веднаш туку си гледа и набљудува, и тоа ми правеше паника дека детето е гладно чим не спие, ама па си велам чим не плаче и е мирнична може само сака да не гледа
Штом повраќа, не и треба ад. Ако полни пелени, исто така не треба. Имај на ум дека ако дадеш ад, мора да молзеш за да стимулираш подој. На почеток и синко беше залепен на цицка а млеко имав на претек, не се сомневав декае гладен. Смао сакаат близина. Замисли, до пред неколку дена биле во матка, а сега ги оставаш на кревет. Нема ништо посмирувачки од мирисот на мама. Како ке расте, се подолго ке е будна. Бебе што не плаче (а нема жолтица) е среќно и намирено.
Конечно мозам Ние имаме жолтица, но направивме контрола на билирубинот и доста е паднат, педијатарот рече дека е одлично и на добар пат.
Првите две недели на 2 часа преку ден, а ноќе го оставав и по 3, да одморам и јас. Потоа ноќе секогаш на 3, почна и сам да се буди. Битно е првите денови кога ке фати жолтица да е интензивно на цица од повеќе причини. Да добие сила, да не падне на килажа, да стимулира лактација. Потоа ке е малку полесно.
На колку време обично цицаат 5 месечни бебиња? Што е ова будење на 2 саати за цицка? Гроги сум како првиот месец, не можам да се освестам кога плаче. И преку ден почна почесто да цица, ме влече за маица и ја бутка главата кај мене во гради. Скок не е. Да не му е малку моето млеко, па нонстоп да е гладен?
Да не е забче? Мојата на 2-3 саати се будеше до 1 година така да некогаш се е нормално.Бебе е и мора да му удоволуваме
Мојата две вечери на секој саат, пред некоја вечер скоро 10 саати немаше цицано, нервозна е ја чешат жлебињата и ноќе ја мачкам, се става во уста и ми се нафрли со брунки. Со камистад ја мачкам
Па го проверив и мислам дека не е забче. Леле што ми кажа, како бе до 1 година Нормално, ќе удоволуваме што ќе бараат ама едвај функционирам овие денови
Ее и јас мислев гладен е, ама кога почна да јаде 3 оброци по 150-200 грама сфатив дека нема ништо од тоа. Не е до млекото, лесно ќе беше да беше хаха. И јас до година се надевам ќе намали станување, сега 4 пати станува во најдобрите денови
Јас и @Sofi.ja со цицачиве наши што не ни цицаат . Софи почна ли да спие твоето повеќе, годинка ќе прави сега нели
Ima li nekoj iskustvo so mastitis sto se vratil posle 1 ili 2 nedeli? Piev antibiotik i potoa tableti za da mi presusi mlekoto. Se bese vo red se dodeka ne pocna da me boli ednata grada, taa sto bese povlosena prviot pat.