Не се секирај, истото и јас го правев и моето беше со золтица и поспано, ја будев на 2 ипол часа и сега сама ми се буди и си цица и нашредува а не даов ад воопшто
Вода со лимон,зелен чај, цимет секој ден да се конзумира дали смее во доење бебе за неколку дена 4 месеци.
Забавни и вистинити цитати за доењето и мајчиното млеко. Еве еден од Институто Ла Лече и одма ми текна на @Kaetana . А еве и од целата страница да ги прочитате останатите. Да ти се припие мајчино млеко од описите https://milkology.org/content/breastfeeding-quotes-funny
Да, особено за толку малечко треба да бидеш поупорна, затоа што инаку ќе си има мака со гасови. Тоа што нема да го ждригне ќе мора да го прдне, икне... Некако мора да излезе воздухот кој го голта Исправено и на рамо потпрено кај тебе е најдобра положба според мене, држи го под газето и со благо потчукнување по горниот дел на грпчето треба да ждригне. Или пак, ако не успева така, со лицето надолу свртено, придржувај го под градите. 5-10мин. е доволно, потоа како што растат така и поретко ќе подригнува, желудничето се навикнува, еве синко и во лежечка позиција успева да подригне.
Зелениот чај освен што има кофеин, нема зошто да не смее. Ако не претераш, ОК е. Мислам да си пиеш и прати дали има некаква реакција.
Апсолутно немаш потреба од ад. Терај со цице И јас купив ад и не дадов. Ќе го чувам за кашички кога ќе треба. Јас не ги кревам. Нит првото подригнуваше, нит ова. Баш напротив. Ако ја кренам почнува да ика.
Исто @kukla21 Секој можен обид да ја кренам или тапкам да ждригне таа икаше. Си ја истренирав да прди
Е добра ти е идејата - да го чувам за кашички Иначе од вчера почнав да го кревам, еднаш ждригна, сите други пати почнува да ика... Го држам полуисправен, па го легнувам на страна и нема проблем сега за сега.. Инаку од кога ви почнаа грчевите?
Бебе фати града, млеко дојде ама дете со жолтица едвај го будам. Свашта пробувам, џабе. Успевам шише да дадам со тешки маки, ама дете пак на града јок. И што да правам сега, а морам бар ма 3 часа да давам млеко да се намалува жутицата. Леле ќе пукнам значи!
Јас ја расоблекував, лицето со вода и штипкање по грб؛ Тешко е знам ама по 2 дена почна без проблем да цица и сама се буди؛ Издрзи само
Со електронската на медела. Јас ја позајмив бидејќи не знаев дали ќе ми треба. Би купила можеби рачна ако купувам, ама немам искуство со рачни. Има таква тема тука, читав дека има задоволни мајки од рачни пумпи, види точно која..
Не мора задолжително да ждригне после секој оброк,но убаво е да го "понудиш" Јас прво ја држам полуисправена 10-15мин а после ја вртам и ја ставам на рамо, нејзините гради на моето рамо, не мора многу високо да е наместено,и нежно тапкам по грбчето... Во последно време многу брзо ждригнува вака, дури како голема
A вчера баш слушав предавање од педијатриска сестра, вика никако ставање бебе на рамо за да подригнува, така може да исповрати. Најдобро било исправено бебето и потпрено на гради на мајката..И дека не е задолжително да ждригне, ако не ждригне после 10-15мин да се спушти бебе во креветче.Е сега не знам вие сте поискусни, сигурно се сте пробале