Ќерка ми е 3+ месеци и така правам од почеток јас, споделив лично искуство. Баш на еден вебинар за доење од Ремедика, др. Марина Поп-Лазарова советуваше да се понуди положба за ждригнување на бебето после секој подој,дури и ноќе (јас ноќе не практикувам бидејќи успана цица и не би да ја расонувам тогаш). Меѓутоа затоа кажав, не веднаш на рамо, туку прво ја држам во раце во полуисправена положба дури потоа ја кревам.
Сѐ правиш супер и верувам ќе сте супер со тежина. Само би додала да нудиш и втора града - чисто во случај да сака. Ако не сака, супер. Доење и од една греда по подок е супер. Само да не е на твое инсистирање. Преку ден после доење исправи го бебето. Грбот на тебе, раката на мешето. Ама исправено, за да не бљуцне. Навечер или преку ден кога спие, не мораш. Ждригање не е круцијален фактор за грчеви. Инаку, како ќе расте, така ќе се научи самото. Моето цицаше, ќе се потргне, ќе ждригне, и ќе продолжи.. Ова е од книгата нивна, The womanly art of breastfeeding... Една од најдобрите книги за мајчинство што сум ги прочитала. @Ava.84 супер се сликите од Др. Јулија. Баш покажуваат како да се оствари асиметричен фат - што претставува најдлабок фат на града.
Да има многу добри совети и фајлови закачени , за жал не можам овде да ги постирам.Мене многу ми помогнаа пред да се породам.За жал не функционира групата повеќе и не примаат нови членови, јас бев меѓу последните.Среќа пак стои групата со фајловите
Мајки помагајте, мислам дека е сериозна работата. Пред два дена последен пат бебето цицаше околу 22-23h. Се разбуди за цицање околу 3-3:30. Кога се разбудив градите ми беа полни, тврди, топли и ме болеа. На десната града имам на едно место како два круга црвени кои на допир се тврди и болат. Исто така овие два дена имам и треска и главоболка. Не знам дали е поврзано или се работи за настинка. Пробав со жешка вода и да масирам но не помага многу тоа. Се мислам утре да се јавам на лекар, претпоставувам дека за ваков случај треба кај гинекологот да се јавам. Можно ли е да се работи за маститис? Инаку бебето е 3.5 месеци и си цица нормално. Дури и кога убаво ќе ја исцица градата болката останува а ме болат/печат и брадавиците.
Измолзи се, често ми се дешава мене ја ставам почесто на града ако не сака се молзам, денес после незнам колку време ми потече млеко од градите ние сме 4 месеци.
Би требало да ја има. Мене ако ме прашуваш ептен вреди. Затоа што иако се вика така, книгата е за сѐ. Од породување, до воведување на цврста храна, па секакви проблеми, одбивање, компатибилност со доење и што не.. одлична е. https://www.llli.org/resources/womanly-art-breastfeeding/ https://m.barnesandnoble.com/w/the-...-international/1104443060?ean=9780345518446#/ И јас уште сум таму, и се навраќам на некои документи и постови. Одлична група, ама веројатно не можеше да се издржи со толку членови. Сепак, вечно ќе ѝ бидам благодарна затоа што со ќерката ми помогна многу, дури ја гњавев со пораки. Личи на запушени канали. Секој пат топли облоги пред секој подој. После тоа ладни. И да се топчиња, треба време да се разбијат. Јави се на лекар, и ако ти дадат антибиотици, нека се компатибилни со доење!
мајки еве ме и мене во темава се надевам ќе успееме. Ве молам за совет. Бебето фаќа за цицање ама имам проблем што не очекував толку дека ќе боли при влечење. Ми се плаче дури кога ќе го ставам на града а брадавиците ми се осетливи премногу. Сама земав силиконска и маалце божем подобро со неа а мачкам и ланолин. Вака ли треба да боли дури ги извлече брадавиците? сестри ми го местат значи не е до "фатот". И При природен пораѓај колку "време" може да чекаме млеко? Фала ви
Нормална е на почетоткот болката, мене ми траеше 1 -2 дена. Ако го местиш привилно нема да боли ни малку, преубаво ќе ви биде Замисли ако боли која жена би доела? Мачкај ланолин пред подој и по подој. На секој подој помалку ќе боли . Надоаѓањето на млекото е индивидуално.Мене при природен пораѓај ми дојде на 4ти ден.Ќе осетиш градите ќе почнат да жежат и ќе ти станат тврди.Секако ставај го да се учите и ти и бебето, а со тоа ќе стимулирате млекце Ви посакувам убава доеничка приказна и долг доенички стаж
Правилно е наместен ја фаќа цела брадацка и ареола баш како што пишувавте овде и по слики што гледам. Ама кога тегне ми се плаче и го гледам убаво си цица и уште толку се нервирам што не можам да се опуштам. Фала ти ќе пробаме пак денес на другата па ќе видиме што ќе направиме
Разбрав ама едноставно таков е процесот-боли многу.Не сум сакала да ја дојам од болката.Пискав во перница додека доев Се чудев како не боли кога болиПробав и силиконски ама мислам повеќе ме болешеАма издржи ќе помине се надевам брзу
Да да и тука во болница ме тераат дека Мора да дојам и тоа ми дава сила што и сестриве се упорни. Тоа ме интересираше викам само мене ли ме боли дури и реков готово нема шанси не дојам. Ама продолживме смирено и ќе видиме денес па ајде сњ надевам со добри вести ќе дојдам
Секој почеток на подој јас урлам и плачам во перница... мислсм дека со нож ги сече или ги одгризува... такво чувство имам... Се надевам дека брзо ќе помине...
Purelan na medela ставај, јас уште во 8ми месец мачкав и немав никаква макаа, докторката што ме водеше за се ме советуваше, за второ здравје ќе знам се
Мене ми рекоа ова се случува додека убаво ги извлече брадавиците... мене ми е страв самк дека ќе почнеме ќе се испоразранам и нема ништо да напрајме на крај. Ама ајде позитивна мисла
Точно, боли дур се извлечат брадавиците. Со првото до 3 месеци доев со силиконски, веќе извлечени брадавици, ама од страв ме ги вадев. За таа сметка,ми се намали лактацијата и дохранував. Со второто, по пауза од 4 год доење, на почеток ме болеше пак нормално, сега веќе 2 месец не осеќам ама баш ништо, значи уживање. Ќе кажам, само упорност !
На почеток е многу болно ама кога ке повлече болката треба да се намали. За недела две ке помине болката. Значи брадавиците кога ги извлекува боли, каналите полни со млеко па додека да 'пробие', целото тело се навикнува на процесот. Може да ги разрани од неправилен фат, а ако е убаво наместено нема да имаш таков проблем.