Мачкав и во 9ти (пошто знаев дека имам проблематични брадавици), мачкам исега после секој подој.. Првите 2-3 минути сеужас.. после или се намалува болката или се навикнувам...
Не ми се разрануваат брадавицире, а и вчера на контрола го ставив да цица пред докторката и си кажа дека супер фат има, убаво влече, добро дека тераме.. Значи добро тераме и нормално е...
Ве молам мајки за помош. Испуштени сме дома со блага жолтица со препорака доење плус дохрана. Второ дете ми е па се трудам посамоуверено и не давам дохрана, бебе е на града, на 2,5 часа има полна пелена и мочкани и какани. Но проблемот е што сака да спие на града, а го тргнам си ја шмука раката. Дали да давам дохрана, дали тоа е знак дека бебето не прима доволно мајчино млеко?
Жолтицата кај нас се повлече скроз на месец и кусур. Ако заспие на града, ќе го потапкаш со прстот на вилицата, ќе го расоблечеш да не заспива, упорност само, знам како е. Со среќа
Знам тоа се правам, он заспива и цица на града, кога ќе го тргнам шмука во празно, како да сака уште да јаде. Не можам 3 часа без престан да го држам на града. Мислев дали тоа е знак дека не му стига мајчино млеко и да дадам формула?
Мене така ми правеше ам не дадов ад؛ Мој совет давај мајчино таман ќе стимулираш лактација а него верувај го мрзи да влече поради золтицата؛ Буди го, и следи голтање, бар 20мин ефективно да цица؛ Пробај без доХрана и измери го, ако напредува на добар пат си؛ Мојата веќе 5 ден од болница почна да цица и еве ја сега 3 недели мука нема
Баш мотивирачки. Ќе пробам. Мислам дека кога го фаќаат грчевите тогаш е најизразено ова што бара нон стоп цице/млеко/цуцла,и во тој момент си викам гладен ли е.
И кај мене цицаше многу време. Ќе си најдеш полижба каде што ти е згодно, да на се подгрбавуваш. Ќе помине, дур научи. Сега си се нацивува адално си се трга сам, првиот месец и пол е најтежок, после е лесно. Сега го нацицувам, го ставам на кревет и сам си заспива. Еве ти live
Како што ти кажаа, нормално е да боли, изгор е на почетокот додека почне да трга и после болката исчезнува. И така некое време, па сосема ќе исчезне болката. Издржи, ќе помине
Ми дојде онака изненадно веќе 6мес активно читам за доење и нигде не ја пишува оваа болка освен нели болка при лоша поставеност Еве бар и идните мајки што читаат да бидат спремни Инаку со силиконски засега ми е супер бар денес немам болка после цицање
Јас не би давала ад. И синко имаше жолтица и добив препорака да го будам на 2 часа. Ако има мочкани и какани пелени не е гладен.
И јас баш слушав и вебинар дека не треба да боли. Се чудев како да не боли кога сега во бременост ми се преосетливи брадавиците и не ми иде да си ги допрам, а не па кога ќе надојде млеко и кога ќе почне бебе да влече. Никој не ни кажува дека е нормално да боли на почеток додека се навикнеме
Ама подобро да знаеш зошто ја инстиктивно многу лошо изреагирав. Нагло се тргнав од бебето и до срце ме здоболе уште толку и ми се наби страв не ми паѓа на памет без силиконска да го доближам дури не ми се смири скроз
Мајка ако заспива буди го со компресии на градата.Можеш на јутуб да најдеш.Со компресии се истиснува т.е шприца млекце во устето и бебето се буди и продолжува да цица. Немој нагло да ја влечеш брадавицата , секогаш полека со мало прсте бркни и извади ја брадавката полека, во спротивно од влечењето ќе си ја разраниш брадавката.
Боли секако дека да. Имав претходно пишувано а и на Инстаграм пишав дека блага болка на почеток додека ја истегне брадавицата е релативно нормална во првите недела - две во доење. Сепак, брадавиците досега не доживеале толку интензивно "гњавење" никогаш во животот. Така да, да.. она што НЕ е нормално е да боли цел подој, да има крв, да има рагади, ... И секако, НЕ е нормално доколку болката продолжи и после две недели и да трае цело време! Сега баш спремам пост на инста за тоа, ама од патувањето не сум стигната да го пишам (приоритет давам секогаш на мајки кои ми пишале во инбокс).. Дај му повторно да цица. Како што ти пишала Мила. Охрабри се и уживај. Ќе видиш према пелени и напредок. Внимателно со силиконските. Како што пиша @NanaMia знаат да се фактор во лактација и количина на млеко (како резултат на индиректна стимулација) а и бебето да се навикне на силикон и да не сака да фати гола града. Не значи дека секогаш е така, ама ризик постои. Едит: ако бебето цица цело време, надоаѓањето на млекото нема да биде изразено со полни и жешки гради! И тоа е сосем ок (дури и така треба да биде!).
Здраво бебе имаат онлајн вебинар. Јасна е IBCLC и сигурно ќе има корисни информации на вебинарот за доењето!
Имам сериозен проблем со доењето од пред неколку дена. Ми надојде доста млеко, бебето има 14 дена ама е премногу лакомо, многу брзо цица и јако влече па почна да се загрцнува многу често. Пред две дена не исплаши почна да се дави, едвај се отпуши. Прв пат се случи само што почнав да ја дојам и надојде многу млеко. После тоа заспа и кога стана пак почна да се дави и низ нос и излезе млеко. Едвај ја отпушивме, мм и стави прст во уста. Бевме одма на преглед, се си е во ред со бебето само е премногу лакомо, а јас имам доста млеко и неможе да постигне да го голтне. Цели сме во паника со мм кога треба да ја дојам да не се задави повторно. Почнав да се одмолзувам пред секој подој и да ја тргам од града на некочку влечења за да одмара, ама пак знае да се подзагрцне. Многу ми е страв после тоа што се случи, со страв ја дојам..
Sakas da kazes deka so silikonskite bradavici mozno e so tek na vreme da se namali mlekoto?? Jas na pocetok pocnav bez silikonski bradavici, ama mnogu me bolese i probav so niv, i sega celo vreme gi koristam, duri strav mi e da go dojam bez niv. Uste sme na pocetok, uste malku 1 mesec ke pravime, pa ako se namaluva mlekoto od niv da prevzemam uste nesto sega.