Можно е, не мора да значи ама има поголеми шанси. Јас и доста мајки од тука цело доење го поминавме со силиконски. Јас 10ти месец еве така дојам. Околу година планирам и да се одбиваме, така да нема да му ги тргнам сега. Ама мојов не научи да фаќа без нив, а и јас се откажав своевремено. А подобро е да ги тргнеш, досадни се за одржување и ете плус ризик за намалување млеко, мада не мора да значи. Јас немав таков проблем
Ние сме со плачки секој подој (јас плачам)... некако не може да фати убаво длабоко, воопшто не фаќа од аеролата, само брадавката ја стиска.. ем не искача млеко убаво, ем ја разранува, а јас не можам да издржам, ужасни болки ми се, се корнам од плачење. Он осеќа и он се нервира... Не знам како да го натерам подлабоко да фати.. гледсв туторијали, му отварав уста, менував положби... цело време плитко фаќа и ја згмечува брадавката.. Кај тебе што беше проблемот што не се научи? И јас почнав со силиконски пошто воопшто немав брадавици, ама ги извлече доста, па некако почна да фаќа и без нив, само што лош е фатот
А зошто уште не продолжиш со сикиконски? Јас еве 3 ден со нив и ме извлекува ама не е болно. И кај мене се учиме некогаш убаво ќе ја фати некогаш не ама разлика од болката на голо до оваа е огромна. Мачкам пурелан на медела и ептен ми ги омекна ако немаш земи гледам за разлика од другите ланолини што ги пробав е многу подобар одма имаше ефект. Јас уште немам млеко ама бар влечењево не ме боли
Мачкам пурелан, подобро е со нив додека пак не ги изгриза.. а со силиконски треба многу повеќе да влече и се изморува и заспива.. без нив си се осеќа убаво голтање.... Не знам веќе
Моето искуство така покажа. Сега и со првото лактацијата не може да се спореди, не можам да си поверувам дури. До 7ми месец снемав скроз млеко со првото дете со силиконски. Моја препорака е да ги тргнеш што побрзо
Пробај да го доиш потпрена под агол, седни на кревет, стави перница позади тебе и убаво навали се наназад и така дои го, нема да надоаѓа толку млеко. Или пробај легнати, на мене така исто не ми се засркнуваше. Исто мислам дека може да се измолзиш малку прво па кога ќе помине брзиот ток да му дадеш да цица. Не се плаши, иако можам да замислам колку ви било страшно.
Да, може да пробам со позициите кои ми ги преложи. Стравот ќе помине се надевам со тек на време, а и она ќе си порасне па нема да се дави така се надевам.
Во која позиција го доиш? Си пробала од страна да го ставаш? Силиконските мене не ми го намалија млекото, спас ми беа и во трети месец полека ги тргнав, сега цица без нив. Мачкај ланолин неколку пат на ден и менувај позиции додека не фати убаво. И мене ме болеше многу ако ти е утеха, ќе помине
Пробав и вака... Најверојатно пребезо ги тргнав силиконските, уште не ми беа спремни градите за голо цицање.. ми ги гризе самите брадавици, преболно е и мојата нервоза и него му ствара нервоза. Еве денес во Ремедика се јавив за совет, ми рекоа да си продолжам со силиконски и пурелан (што секако мачкав)... Страв ми е дека не влече доволно со силиконски, затоа и инсистирав без, ама изгледа ок си е и вака.. следна недела сме на контрола, па ќе видиме дали качил.. вака полни пелени, ама и претходно си полнеше, па имаше симнато 70 гр за 4 дена
Тие 70гр претпоставувам ги симнал првите денови дома. И мојот така на првата контрола беше - 10гр. Знаеш како да пробаш? Ставај го во позицијата што ти кажав, стави ја силиконската и нека цица 5мин да ти ја извлече брадавицата. Кога ќе видиш дека е извлечена тргни ја силиконската брзо и одма дај му да продолжи да цица. Не ти е убаво извлечена затоа не може да фати убаво, исти беше мојот само ја лижеше не знаеше што да прави. Ако се вовлече пак врати ја силиконската. Ќе те боли малку кога ќе ја тргнеш ама ако помине за брзо болката значи на добар пат си. Јас вака успеав да ги откачам силиконските. И после секое доење намачкај убаво ланолин и од млекото малку.
Не се плаши од давењето течност е нема ништо да и биде.Држија поткрената кај главата кога цица и после цицање држи ја дур да ждригне ако треба и 30мин.И преку ден нека лежи поткренато дали во релаксатор или во креветче ако не се поткрева стави перниче под душекот.
Читни тука има многу добри совети околу твојот проблем. Јас би ти советувала laid back breastfeeding позиција (ти лежиш, а бебето е врз тебе) со што ќе му овозможиш на бебето да има помош од гравитација кога ќе се случи брзо испуштање на млекото. https://kellymom.com/bf/got-milk/supply-worries/fast-letdown/#links Во сите стручни книги што ги имам прочитано има такво предупредување за доење со силиконски брадавици. Не значи дека ќе се случи, ама ризикот постои.
Затоа и толку често предупредуваш, ама некогаш е тешко да се искорни и смени размислувањето на повеќето.
Цица да, на 2,5-3часа ни е подој. Повеќе проблем ни се гасовите и грчевите, за доењето фати и цица. Некогаш ја будам за јадење, некогаш и пред 2 часа е будна и гладна. Битно не дадов АД млеко и продолживме само со мајчино
Јас за мене ќе си кажам болката е преполовена со силинконски. Не знам зошто имате потреба да коментирате кога некој се труди. А ремедика не форсира ништо ни марка ни бренд. Не ни сакаа да ми дадат силиконски сама барав. И ни висат над глава цел ден и ноќ дека МОРА да ги доиме и докторите педијатри викаат дека мора да се дои. Давате погрешна слика за болницава за другите не знам и не коментирам ама за ремедика многу грешите. Јас навистина сум пријатно изненадена. Сестрата 20м седеше со мене и ме учеше и ми помагаше. Го носат на 2ч да влече за да надојде млеко. Нема потреба кога е нешто од помош да се оди контра. Мене ми помага и како што кажа @Jana06 и опиша истото го пробувам. Пак ќе кажам многу ќе се откажат ради болката и силиконската како и пурелан на медела ( има огромна разлика со ланолинот на Леа) ми омекнува и помага да продолжам иначе големи беа шансите да се откажам одма. Може се волшебни еве не знам ќе ви кажам за некоја недела-две.
kako sto ti pisale poveketo taka si e..normalno e tolku da boli mila,no veruvaj ke pomine za 10 dena sigurno! bidi uporna ,pozitivna i izdrzi,nema nisto poubavo od doenje
И јас сум презадоволна и пријатно изненадена од Ремедика особено во делот за форсирање за доење. Секако дека е подобро без силиконска, дали мислите дека е лесно на секое да се мие, стерилизира, да се гледа детето дека дупло влече, да се има пластикамеѓу вас и бебето? Не е! Ама меѓу доење со силиконска и ад секогаш ќе одберам силиконска. Пошто на многу тоа ни се двете опции. Само тој што осетил таква болка разбира што значи.. Ве молам да не се развива дискусијава понатака во повеќе или помалку мајки ако користиме силиконски или не.. натака тргна работава