Извинете на вмешување, али веројатно The wonder weeks. Тука на форумот како што сум читала сите за таа сме збореле
Ако добро памтам кај нас се погоди меѓу 3ти и 4ти скок. Трае една недела, ќе одбива да цица (мене десната града не ми ја сакаше) и затоа форсирај ноќни подои. Ќе помине, па ве чека четвртиот скок или ти се поклопува со третиот, не знам како му доаѓа важно тука некаде е таа недела кога одбиваат да јадат.
Мајки Градиве ми омекнаа веќе не стануваат тврди и тешки. Еве скоро 2часа од доење и уште се меки. Така ли треба? И уште нешто како ги будите бебињата? Цицаме саат ипол може и повеќе се дури више не препукам. Заспиј стани сме. Нема жолтица па таа ја исклучувам како можност Го преслакам, чепкам ама џабе и на крај завршувам со пумпа а бебе или со дохрана или со измолзено. Се осеќам не знам кај терам
Ако ти се меки, и моите се меки, на 3 часа ако не цицала, тогаш знаат да натежнат и да болат. Меки е супер да се, само млеко да имаат. Зошто саат ипол на цицка? Тргни го ако не цица, џабе ќе седи кога не цица. Јас кај моето ако е, до 30мин максимум е досега, и доколку не цица, пробувам да ја активирам, ако не сака ја тргам од градата. За будење најмногу ми успева со менување пелена, тогаш се буди, променуваме и потоа ја ставам да цица. Еве сега спиеше и цицаше само 18мин, заврши и толку. Измалтретирана од синоќа ни очи не отвори, ја стимулирав со брадавицата, и рефлексно почна да цица во сон. Пробај со промена на пелена, да го расониш.
Педијатарот ми рече ефектовно цицање е од 30 до 40мин и се повеќе е само рефлекс или бебето сака контакт со мајка؛ Нормално да се меки, мене ми се стврднуваат после 3 саати недоење؛ Следи дали детето голта додека цица, тоа ти е показател за ефективно цицање и прави компреси на града додела цица
Пробав така со пеленка се буди цицаше на едната 30мин заспа. Колку исцицал не знам. Ја мислев нормално е по саат ипол да цица вкупно од двете. Кај мене деснава дури сега почна по малце да тече дека имав проблем и претпоставувам не цица доволно. Дохраната многу не зезнува и се трудам да ја отфрлам за да почне порано да бара...
Утре имаме онлајн состанок со Ла Лече од 10-12 сабајле, па ако некоја има мака или некаков проблем, повелете. Пишете ми порака за да ме извести.
И јас го остава на града по колку сака, воопшто не мерев се додека мене не ми стана досадно. Кога ќе заспие на града стави го во креветче. Ако се разбуди значи е гладен, ако си продолжи да спие значи е океј. Така и во болница ми рекоа.
На колку време бараат цице вашите бебуши? Мојата нон стоп сака да виси на цице, нема ред, по цел ден или цица или ги шмука прстите, врти со главата бара, или пак кога ја смука цуцлата се слуша од другата соба, како да нема јадено со денови. Не знам што може да биде. Пелените ги полни редовно, кака повеќе отколку што треба, се мислам дали може да е гладна или бара блискост? Инаку денес успеав да и дадам без силиконска брадавица и од таа града што имав проблем. Друга работа, неколку денови по ред едната града многу често ми се полни, за еден саат веќе е полна, жешка и не болна ама како да ме пецка нешто, на моменти осеќам како почнува и млеко да тече. Се мислев да не е проблем со каналите како на почетокот ама овој пат немам грутки кога пипам, не знам дали да пробам да одмолзам малку под врел туш?
Мајки дали на сите што доите ви паѓа косата? Јас секое бањање плачам во депресија паднав напред немам коса. Незз што да правам да спречам зашто вака ако продолжи ќе треба перика да купам.
Мене сега почна да ми паѓа. Бебе ми е 3ипол месеци. Секое чешлање хорор, да не зборувам на постелината влакна колку сакам. Кратка ми е до раменици и цело време фатена ја чувам да не голтне бебе некое влакно. Сега не знам дали од доењето е ама мене овој период секогаш ми паѓала косата, само сега со поголем интензитет
Кај мене е страшно. 4ипол месеци е бебе и сега пред еден месец почна да ми паѓа. Затоа прашав некое искуство од друга мајка што да правам.
^Кај мене уште не почнала да паѓа, за некој ден 1 месец како сум породена. Имам мнооогу густа коса, одвај ја исчешлувам, сакам да ми изретчи малку. Но изгледа не паѓа првиот месец, туку околу 3от месец, или нема тука правила?
За три дена правиме 3 месеци и јас сум во истиов хаос, цели прамени ми паѓаат. Не очекував толку рано, искрено. Купив шампон против опаѓање, но еве од три миења досега не видов некоја разлика. Мислам дека мора да си помине периодот кога паѓа, единствено лекот е да се скрати должината, ама подолга во живот не ми била и ми е криво да ја шишам.