Јана навечер менувај се обавезно. Почнав да не се менувам тек после 11 месеци некаде, кога лактацијата е таква да можат градите да издржат такво темпо без да влијае на количината. Инаку цело време (и уште правам во текот на вечерта ако не сум преморена) го шибам маж ми и му викам "смена" и се менуваме со страната - бебето останува на средина меѓу нас. Инаку не е страшно, два три дена ако форсираш, ќе се среди количината. Јас би да пробаш да му ја подметнуваш таа пример на сред подој. Прво поомилената, па после другата. Ако е најаден, и не ја сака, тогаш на сред подој од омилената. И тоа највеќе успева легната на добрата страна па ќе го прелажеш. Ако е ефективно - не е воопшто малку. Не се сите бебиња исти. Те прочитав и другите постови - не гледајте на саат. Гледајте подојот да е ефективен, бебето да голта, пелените да се полни. И на крај напредокот да е како што треба. Сѐ друго не е мерило. @Alishan30 јас лично не сакам цуцли од многу причини - сметам дека употребата особено во раното доење може да направи проблеми. И башка после одвикнувањето е релативно тешко. Ама не е па до толку страшно ако се користи а ако се сите фактори во ред. Рефлексот го имаат, и е нормално да го имаат. Не отсликува глад, едноставно им е вроден. Башка за брзо влегуваат и во орална фаза, па ќе шмукаат и ќе јадат сѐ - прсти, раце, ракави од облека, ... И тоа е исто така нормално. Нема потреба од паника. @..barbie.. спомнавте за грчеви - накратко - јадете сѐ. Сериозно! На вашето тело му требаат витамини и минерали и разновидна здрава исхрана. И лошата вест е - грчеви ќе има и вака и така. Може ќе се поизразени, може и не. Ама тоа е процес низ кој поминува секое бебе. И мора да научи да прдне. И мора да научи да вари храна. Целата таа цревна флора мора да се оформи и да научи како да преработува храна. Тоа е тоа. Природен процес. Што подлабок фат - доење плус со компресии. Пред подој со топла вода омекни ги градите и со масажа. Сулудо е бебе да добива формула додека ти се молзиш за да не добиеш маститис. Инсистирај да ти го ставаат на града и што повеќе да цица. Со коморесии ќе го заинтересираш. Биди упорна, ќе биде сѐ ок. Само давај му што почесто. Стави го на тебе, контакт кожа на кожа, многу допир и достапност на градата.
Можеби е мрзелив цицач. Нека не спие додека доиш, штипкај го за петичињата. Компресии и топли облоги при доење и ќе попуштат каналите. Гледај да форсираш доење и бебе да има убав фат на града, бидејќи како што може бебе да исцица ниту една пумпа не може да испумпа. Покрај тоа, колострумот е најважен да го пие, одмолзеното никако не го фрлај, замрзнувај го. Ме потсети на моето искуство во болница. Млеко надојдено втор ден по породување, вриев од жештини, навечер спиев со климата на најјако. Доаѓаат сестри ми го носат синко, ја прашувам таа една млада девојка да ме посоветува за градите, врска си немав ништо, од левава не течеше ич. Таа па ми вели немаш млеко. А јас за малку млекара. Потоа дојде постара сестра и кога ме виде, убаво ми објасни се и покажа и ме искара да се одмолзувам, кога си дојдов дома плачев врз пумпата и се молзев, не можев на газов да си седнам од раната. Имав грутки оформено под пазуви, ама попуштија.
Ве молам за совет. Последните 3 дена доењето ми е премногу болно. Кога повлече малата мн ме боли. Претходно ми се нема случено ова. Дури од што не можам да издржам ја тргам од града. Убаво ја фаќа градата не е до тоа..
Можеш една шоља дневно. Викаат дека го намалувало млекото, но моја претпоставка е дека ова важи во контекст на паролата-сѐ што е претерано, не чини. Јас на свој ризик почнав да пијам секој ден нане по препорака на пријателка кај која имало ефект да се намалат грчевите на бебето. Исто и кај нас имаше ефект, а млекото воопшто не приметив да се намалува. Мислам дека пиев само еден месец кога беа нај јаките грчеви.
@Kaetana sos, имам бактерија стафилокока-мрса во нос, треба да мачкам хлорамфеникол маст во нос и покрај уста (зошто ми се прават ранички) Општата матична вика не би требало да влијаае на млекото,ти не ги мачкаш градите Педијатарот вика смееш А на Е лактанција пишува висок ризик.... Понудена е уште една маст на антибиограмот,дали да ја барам таа,за неа пишува низок ризик?
Јас пиев кога ме стрефи стомачен вирус од дома седење млекото не се намали поев по 3 шољи дневно дури и убаво му дојде и на малиов од чајот
Бебево имаше бели наслаги во уста, му ставам нистан капки,еве 4ти ден денес Од вчера почнаа многу да ме болат брадавиците кога почнува да цица,вака видливо немаат ништо а на допир мала болка чуствувам Дали да ги чистам со сода или со нешто друго?
@Sofi.ja побарај нешто друго ако имаш замена. И мојов сајт вика не. Due to the known toxicity, breastfeeding should not be carried out under systemic therapy with chloramphenicol. Local application should also be avoided for general reasons. Ставај нистатин и на градите.
Да да.. миробакт ја добивме и ние за пеленски осип (ептен лош амонијакален дерматит). Штом ја мачкав на 2 недели старо бебе, сигурно смееш. Со лесно!
Мамички едно прашање дали имавте температура пред да ви дојди млекото после пораѓај?И колку време Ве држеше таа температура ?поздрав
Здраво дали некоја мајка имала слично искуство под градите ми се направија како дамки потемни ?? Дали од што ми се поголеми и нема воздух да дише кожата ?
Ми се појави некое црвенило на градата. Е сега не знам дали е од што ја стискав или маститис Некоја што имала да ми каже кои други симптоми се како да познаам? Се пипкав ама немам топчиња, млеко тече кога ќе се стиснам. При маститис се запушуваат канали не тече млеко или?
Може да биде знак за маститис во рана фаза. Кај секого различно се манифестира, но маститисот е воспаление и крајна фаза е запушувањето. И јас имав црвенило на проблематичната града откако дојдов од болница, ама со честите подои си се изгуби само од себе. Имав и грутки, девојчето што ми го носеше синко ми рече дека не сум имала млеко, а јас пукав од млеко. Во болница не смеев да дојам 8 часа поради антибиотик а и не ми го носеа поради жолтицата и градите ми се преполнија. Дури дома кога дојдов со пумпа се испразнив, но одвај капеше, за малку не фатив маститис. Потоа бебе си го усоврши цицањето и градите си се празнеа редовно. Гледај да не правиш големи паузи помеѓу доења и опипувај се често за грутки, внесувај повеќе течности, воглавно тоа е. Со редовно празнење нема шанси да дојде до маститис.