Ви ги цитирам мислењата тука, затоа што почнавме стркино за доење да зборуваме. Го дојам кога ќе посака, на саат, два, три... Мајка ми дури ими пререче дека многу често ми бил на цицка, дреме така и кога не пие, го смирува. Ад се дава само ако машкиот не сака да ме разбуди(мада почесто почна да ме буди затоа што малиот само цицка го смирува), или ако упорно го дојам и плаче, тогаш ги стискам градите и проверувам дали нешто тече, ако не, тогаш ад. Ги барам овие лактамикс што ми ги препорачувате, не можам да ги најдам каде што живеам, ги има веројатно во Мк само. На лекар ништо такво не ми препорачале. Чај за доилки пијам, пиво не сум пробала, изгледа ќе морам. Мајка ми напиња боза(што не можам да поднесам) да пијам, среќа нема тука и нема кој да ми ја нуди.
Мајки кои витамини ги пиете сега додека доите ? Јас ги пијам pregnacare за доилки но сакам да прашам да не има некои подобри за да ги почнам нив страв ми е ради ситуацијава со корона за имунитетот и башка сме на доење и бебе да си внесува витамини преку моето млекце
Кукла оставив и јас овие 2 3 дена и ми се вцрвенибкожата гледам одма и топче/чворче. Не знам што да кажам може ете има разлика некои се попроблематични :/
И тоа е чај али најверојатно кај што си ти го нема али чај за доилки пиј по 1литар и ќе ти надојде убаво мене само тој ме спаси
Најдов некои шумечи таблети за лактација на интернет и ги нарачав сега. Само да не качам температура како на почетокот ради млекото. Бдв, осеќам како топче на десната града, пред неколку дена приметив дека помалку млеко тече од неа, сега е поокеј, ама пак помалку ја сака таа града. Масажа, топла вода, што друго ќе препорачате?
Само тоа помага ништо друго само треба по грубо да му влезеш на топчето да се разбие или бебе да цица убаво да повлече и ќе го снема барем на мене кога ми се праат бебе на града и ги снемува пробај масажа со прсти или со тупаница стискај од горе па накај аеролата и види дали ќе успее
Веројатно пигментација на тој дел каде што ти се преклопува кожата. Имав и јас потемни дамки, исчезнаа. Мислам дека не е страшно, ама сепак за да си сигурна, разговарај со кожен лекар, да исклучи проблеми. Во градата може да е еден канал затнат, а од другите да тече. Нема правила. А ако немаш болка или ништо, причекај да видиш дали ќе се смири или не. Инаку те читав и понатаму, се изнамачи со доењево. Моја топла препорака - кај веќе си била на сто места и си дала пари, дај шанса да те види стручно лице (не гинеколози, педијатри, ....). Пред да кажеш крај - поразговарај со лактациски консултант. Ако сакаш препорака, пиши ми лп. Колку направи помалото Кукле? Проба со компресии да го задржиш вниманието? Дали доиш од една или две по подој? Може влече подобро, а може и не ѝ е денот. Од напредокот делува дека е супер. Зелено не е страшно, особено ако трае еден ден пример.. А инаку можеш да ја смениш, па пак да ја вратиш. Или можеш да прекинеш подој, да ја поматкаш 5 минути со гушкање, па пак да ја вратиш на града. Компресии нели, плус како поддршка. Како е со напредок, пелени? Колкаво е бебето? Прочитав дека даваш формула кога ќе те извади од кожа? Колку често? Која количина? Биди претпазлива. Пре менувај почесто гради - што би рекла дај 4 гради од подој.... @kjofti4 често кога нештата не се како што сме посакувале нѐ прават тажни и разочарани. А кога е доењето во прашање, плус хормони и што не, и те како нѐ прави ранливи. Опушти се, ти си најдобрата мајка за тоа бебе, и допрва ве чекаат секакви моменти и прилики во кои ти ќе продолжиш да правиш работи кои се "најдобри" за твоето бебе. Доењето не е мерна единица за љубов!
За 10 дена 2 месеца. Ја врткам така, ама и така се нервира кога ќе ја вратам. Стискам и излегува млеко. Правам компресии, не дека не. Зеленово е веќе. 3-4 дена. Варира од светло, со примеси на сенф до како да јала спанаќ.
За две недели има качено 550 грама, формула давам по 30мл и од цела недела само два пати за спиење имам дадено колку да се смири ја избегнувам за да не се намали млеко али ме стави во мисла цела недела само три пати јадеше во текот на денот менувам гради секогаш на подој 2-3 пати менувам нудам ако не сака не инсистирам, со пелени еднаш на ден сега кака али премногу моча вчера убаво цицаше и сабајлево е добар али ќе видиме до кога
Фала ти многу за несебичната поддршката што ни ја даваш на сите и што споделуваш знаење. Јас уште пред 2нед кога имав проблем се видов со лак консултант а дп скоро бев на линија со консултанти преку овој чат (споделувам во случај и на некоја друга да и треба поддршка) https://abachat.launtel.net.au/lhc_...ession | Australian Breastfeeding Association Искрено ми се смачи веќе од одење по болници а и во коронава веќе страв ми е да не си ја донесам дома при толку пазење сите овие месеци. Денес црвенилото стоеше уште, стискав пумпав болка ×100 од онаа на пораѓај. Доењево ми е далеку поболно од самиот пораѓај да се чудиш! Бев кај гинекологот оставивме до утре а ако не се смири ќе почнувам антибиотик. Сега немам грутки ништо, а немам ни млеко веќе скроз секна. Како што пиша и @kjofti4 се изнамачивме и на крај ти е криво ама од друга страна денес дома ми е без плачки и нервози. Да се разбистрам околу оваа тематика и ќе ти пишам ако одлучам да продолжам за препорака. Фала ти уште еднаш
Истово го преживував посебно ноќеска. Се исклукав парацитамол и бруфен и на саат ипол молзев а бебе на 3ипол саати јаде мислам само дремки имав 20м и плус пд страв да не ми се згрутчат гради. Вчера имав во градата денес веќе секна ма стискање едвај да капе и градата се намали и тешко ми падна но и олесна. Бар денес со мм нема да се караме дома ради тоа што ја бев нервозна
Ич не сакам да бидам погрешно сфатена, те читам многу се мачиш со доењето. Немој да дозволиш да ти направи фрустрации. Ако и покрај сите обиди претставува агонична состојба, префрли го бебе на формула. Доењето веќе после месец дена треба да биде една хармонична релација меѓу мајка-бебе.
Се согласувам со Ели ако ти прави фрустрација подобро префрли на ад барем нема да бидеш нервозна и бебе ќе се смири кога си ти нервозна и тоа е али све ти е од ненаспаност ако ништо друго барем смирена ќе бидеш и ќе сватиш дека бебе не е гладно ако плаче има друг проблем психата е страшна работа
Скроз сте во право Денес сме веќе на ад. Нит се молзам нит имам желба. Градава веќе и секната ми е посекако. Далеку посмирена сум и бар си гугаме и збориме со бебе наместо времето да го поминувам во стискања и молзења. Ми беше тешко и жал ама тоа е. Убаво рекле се поминува и се заборава за брзо ќе си пораснат. Фала ви девојки што би без вас тука
Ме боли десната града. Нема црвенило, нема ништо. Почнав и тт да кревам. Под туш бев и пак ништо,не пушти. У пм.ааа
Валда знаеш веќе имаш искуство... матичнава денес ми рече топол туш па после облоги со ациди борици кај мене болката пушти иако црвенило си стои цела ноќ со облоги бев. Со лесно